Проект: „Различноста е во мода-промоција на мултикултурализмот на локално ниво„

Денеска во Скопје се одржа конференција за промоција на целите, резултатите и активностите на проектот „Различноста е во мода – промоција на мултикултурализамот на локално ниво„. Свое обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски, Алберт Муслиу- Прв извршен Директор на АДИ , Александар Кирацовски, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Фрејк Јанмат, Советник , Раководител на Сектор за економски прашања, прекугранична соработка, при делегација на ЕУ во Скопје и други градоначалници. Општина Куманово е една од деветте општини која учествува во овој проект кој е насиочен кон унапредување на меѓуетничките односи и мулти културната демократија. Главни проектни резултати се проценка на сосотојба со интеграција на етничките заедници и меѓуетнички односи на локлано ниво, подготовка и усвоени стратегии за мултикултурен дијалог и рамка за мултикултурно планирање и спроведени локални акции за јакнење на меѓукултурното разбирање.

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во западен Балкан  (ReLOaD)

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во западен Балкан (ReLOaD)

ОПШТИНА КУМАНОВО ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјте од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Со проектот ReLOaD се вклучени 5 општини во земјава: Струмица, Ресен, Кавадарци, Гостивар и Куманово.

Општина Куманово и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации во земјава да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Куманово и со кои се опфатени следните приоритетни области:
1. Заштита на животната средина
2. Заштита на човековите права
3. Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата
4. Туризам и култура
5. Младински иницијативи

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД .

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD (до јануари 2020).

Општина Куманово и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 8 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од јануари 2019 до и заклучно со август 2019.

ПОДОБНОСТ:
Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со применливите закони и регулативи. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Упатствата за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик.

ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Куманово ќе биде достапна од 24.10.2018, преку испраќање барање на следната адреса: 11-ти Октомври бб, 1300 Куманово и/или на е-меил: coki.ristovski@kumanovo.gov.mk, на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Куманово, улица: 11-ти Октомври бб. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.kumanovo.gov.mk) како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).

Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Куманово на ден 29.10.2018 година, со почеток во 10:00ч во општинските простории.

Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата registry.mk@undp.org, со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 28.11.2018, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:
Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Куманово
Улица: 11-ти Октомври бб
Поштенски број: 1300 Куманово

Крајниот рок за поднесување апликации е 05.12.2018, до 15:00 часот. Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање.” Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.kumanovo.gov.mk) или/и на општинската огласна табла, и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org)

ТУКА можете да ги превземете сите потребни докумети за аплицирање.

Се врши замена на стари водомери во систем за водоснабдување

Во тек е проектот на ЈП „Водовод“ и Општина Куманово  за замена на старите електронски водомери со нови во системот на водоснабдување во Општина Куманово. Проектот е финансиран од ИПА фондовите во вкупна вредност од 1,8 милиони евра, а предвидува замена на 10.000 електронски водомери, обука за вработените, набавка на апарати и инструменти за откривање на подземни дефекти и софтвер за зонирање на водоводниот систем во Општина Куманово. Проектот треба да се реализира за една година.

Проект за унапредување на социјална кохезија

Денеска во ООУ Христијан Карпош се одржа спортска активност, која е во рамки на проектот на УСАИД за „Унапредување на социјалната кохезија во Македонија“. Учество зедоа Ученици од различни етнички заедници од училишта Христијан Карпош, Толи Зордумис, Бајрам Шабани и Јеродним де Рада, како и членови на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество, Инклузива. Проектот го имплементира меѓународната организација Потрага по заедничка основа во Македонија, во соработка со локалните партнери Отворени забавни фудбалски школи. Истиот има за цел да ја зајакне меѓуетничката интеракција помеѓу децата и младите и да го унапреди меѓукултурното образование. Освен во Куманово, спортските активности ќе се одржат и во основните училишта во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и Радовиш.

Одбележан Денот на Здружената оперативна команда

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на Здружената оперативна команда – 17ти октомври во касарната Боро Менков

Се поставува дистрибутивната гасификацина мрежа низ градот

Денеска е завршено со прклучокот на дистрибутивната гасификацина мрежа на еден од најголемите станбени објекти во градот, во непосредна близина на Градскиот базен. Од ЈП „Куманово Гас„ апелираат до сите заинтересирани граѓани кои се наоѓаат во близина на овој објект да дојдат во ЈП „Куамново гас„ и да ги добијат потребните информации за приклучок. Инаку, досега има поставено околу петнаесет километри дистибутивна гасоводна мрежа, во централно градско подрачје и тоа на дел од улиците: „Октомвриска револуција„ и „3-та Македонска ударна бригада„, улици „ББ Гуцман„,„Егејска Македонија„,„Иго Тричковиќ„,„Кирил и Методи„, „Љупчо Арсов„,„Среќко Пужаљка„,„Професор Мијалковиќ„,„Треска„, „Братство и Единство„,„Пионерска„,„Париска Комуна„,„Димитар Влахов„,„29- Ноември„,„Питу Гули„,„Пере Тошев„,„Карл Маркс„, „Владимир Надзор„и „Вардарска„. Цената за приклучок изнесува 800 евра. Начинот на плаќање може да се изврши на дванаесет месечни рати , при што општината субвенционира за секој приклучок по 10.000 денари.