Интерен оглас за унапредување на административни службеници

Интерен оглас за унапредување на административни службеници

Врз основа на член 11, член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018), Секретарот на Општина Куманово, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2018
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Се распишува интерен оглас за унапредување на 6 (шест) административни службеници за следните работни места:

01. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место: Раководител на Одделение за информирање и односи со јавноста
Назив на одделение: Одделение за информирање и односи со јавноста
Назив на сектор: Сектор за поддршка на градоначалник и совет на општината,информирање и односи со јавноста и информатичка технологија
Број на извршители: 1

Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Студии по новинарство
– работно искуство, и тоа:
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.

Распоред на работно време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: почеток на работно време од 8:00 часот и завршеток на истото во 16:00 часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.302,00 денари

02. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место: Раководител на Одделение за правни работи и имотно правни работи
Назив на одделение: Одделение за правни работи и имотно правни работи
Назив на сектор: Сектор за правни работи, имотно правни и општи работи
Број на извршители: 1

Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки
– работно искуство, и тоа:
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.

Распоред на работно време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: почеток на работно време од 8:00 часот и завршеток на истото во 16:00 часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.302,00 денари

03. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место: Раководител на Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок
Назив на одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок
Назив на сектор: Сектор за даноци и такси
Број на извршители: 1

Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или економски науки
– работно искуство, и тоа:
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.

Распоред на работно време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: почеток на работно време од 8:00 часот и завршеток на истото во 16:00 часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.302,00 денари

04. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место: Раководител на Одделение за планирање и донесување на урбанистичка документација
Назив на одделение: Одделение за планирање и донесување на урбанистичка документација
Назив на сектор: Сектор за урбанизам
Број на извршители: 1

Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Архитектура, урбанизам и планирање, градежништво и водостопанство или Правни науки
– работно искуство, и тоа:
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.

Распоред на работно време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: почеток на работно време од 8:00 часот и завршеток на истото во 16:00 часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.302,00 денари

05. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место: Раководител на Одделение за спроведување на урбанистичка документација
Назив на одделение: Одделение за спроведување на урбанистичка документација
Назив на сектор: Сектор за урбанизам
Број на извршители: 1

Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Архитектура, урбанизам и планирање, градежништво и водостопанство или Правни науки
– работно искуство, и тоа:
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.

Распоред на работно време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: почеток на работно време од 8:00 часот и завршеток на истото во 16:00 часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.302,00 денари

06. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место: Раководител на Одделение за управување со човечки ресурси
Назив на одделение: Одделение за управување со човечки ресурси
Број на извршители: 1

Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Правни науки
– работно искуство, и тоа:
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.

Распоред на работно време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: почеток на работно време од 8:00 часот и завршеток на истото во 16:00 часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.302,00 денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Куманово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Куманово, при што административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на тековното работно место и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираните кандидати треба да поднесат пријава (симнете ТУКА) на службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси hr.opstinakumanovo@kumanovo.gov.mk

Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Општина Куманово, да ги достават до Одделението за управување со човечки ресурси.

Кон пријавата кандидатот може да приложи:
• потврди за успешно реализирани обуки и/или
• потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Напомена: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

Секретар на Општина Куманово
Десанка Стошевска

Куманово домаќин на Меѓународен митинг во атлетика

Денеска Куманово беше домаќин на Меѓународен митинг во атлетика.Истиот е во организација на Атлетски сојуз на Македонија, Атлетски клуб Куманово и Општински сојуз на спортови на Куманово, а учество ќе земат околу 300 учесници од повеќе градови во различни категории.

Касарната „Боро Менков“ го одбележа патрониот празник

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска по повод патрониот празник на касарната „Боро Менков“, положи свежо цвеќе пред бистата на народниот херој во дворот на касарната. Настанот беше одбележан со историски час за ликот и делото на Боро Менков и културно – уметничка програма.

Меѓународна велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“

По повод празникот „11ти Октомври“ денеска во Куманово се одржа традиционалната велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“.
Манифестацијата е во организација на Велосипедски клуб Вело-М Термалифт, Општински сојуз на спортови Куманово и Велосипедска федерација на Македонија, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на ОпштинаКуманово.
Трката стартуваше од пред Спортска сала, а се одвиваше по булеварот „Октомвриска Револуција“ и „III Македонска Ударна Бригада“. Учество на истата зедоа 80 претставници од училишниот спорт и 50 деца од градинката „Ангел Шајче“, а на главната трка за професионални велосипедисти стартуваа околу сто учесници од велосипедски клубови во Македонија, Бугарија и Косово.
Манифестацијата која датира од самиот почеток на одбележувањето на празникот „11ти Октомври“, годинавајаотвори Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, а присуствуваше и Градоначалникот на Општина Прилеп – Илија Јовановски.

На Спомен Костурница одбележан „11 Октомври“

Со положувањена свежо цвеќе денеска на Спомен Костурница, беше одбележан Денот на востанието „11 Октомври“. Пред присутните се обрати Претседателот на Владата на Република Македонија – Зоран Заев.
Почест на паднатите борци оддадоа бројни делегации предводени од Сојузот на борците, Градоначалникот Максим Димитриевски и претставници на Советот на Општина Куманово, Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски, делегации на Собранието на Владата на Р.М., АРМ, МВР, претставници на останати институции, политички партии и граѓански здруженија.

Денови на мед на Градскиот плоштад

На Градскиот плоштад во Куманово денеска беа отворени осумнаесеттите по ред „Деновинамедот“.
Манифестацијaта ја организира пчеларското здружение „Пчела” од Куманово, а на истата учество зедоа околу петнаесет пчелари од повеќе градови во Македонија кои пред граѓанте ги изложија сите пчелни производи.

Одбележан ,,11 Октомври” во Прилеп

Со празнични говори на Претседателот на Влада Зоран Заев и градоначалниците на Прилеп и Куманово,вечерва беше одбележана заедничка прослава на овие два града по повод празникот “11Октомври”

Куманово и Прилеп заедно ќе го одбележат „11-ти Октомври„

77-годишнината од почетокот на антифашистичката борба, Куманово и Прилеп за прв пат во историјата, годинава заедно ќе го одбележат.
Вечерва во Прилеп започнува чествувањето со традиционалната прослава со импровизиран напад на градот и огномет, а утре во Куманово ќе се одржат бројни спортски и културни манифестации.

Се уредува спомен Костурница

По подолго време, денеска започнаа да се асфалтираат патеките на Спомен Костурница во Куманово. Се врши целосна реконструкција на патна инфраструктура околу самиот локалитет. Од страна на ЈП „Чистота и Зеленило„ ќе се изврши партнерно уредување и поставување на урбана опрема, а од „ЈП Куманово Паркинг„ ќе се постави ново улично осветлување, односно нови канделабри. Според Градоначалникот, се очекува целосната реконструкција на овој локалитет да биде завршена за еден месец.