Потпишан меморандум за соработка

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска потпиша меморандум за соработка со Сојуз – Национален Совет за родова рамноправност и организацијата за „Отворена врата„ од Косово. Со оваа Општина Куманово дава поддршка за имплементација на проектот „Вмрежување за успех„. Целтта на проектот е потикнување на родова рамнотежа и ниво на младинско општество преку вклучување на жените и младите во претставување на култните, традиционалните и национални вредности на Косово и Македонија. Истиот е финансиран од ЕУ во рамките на ИПА  компонентата II „Прекугранична програма за соработка„за Македонија и Косово.

Средните училишта од Куманово настапија на Струмичкиот Карневал

Средните училишта од Куманово и оваа година со своја маска се претставија на Струмичкиот Карневал. Во групната маска насловена како ,,црно и бело’’, учествуваа 40 ученици од средните училишта во нашата општина.

На карневалот учествуваа околу 2000 учесници со 42 маски од Македонија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија,Албанија и други.

Маската на кумановските училишта беше успешно претставена и од страна на жири комисијата која ги оценува маските во повеќе категорија доби стимулативна награда за успешно претставување.

Реконструкција на канализациона мрежа на 54 локации во Општина Куманово

Заврши проектот за „Рехабилитација и екстензија на канализациона мрежа во Куманово”. Средствата, во висина од 4 милиони евра, беа обезбедени од Европската Унија преку програмата ИПА. Со овој проект беа опфатени 54 локации на територија на Општина Куманово.

Аеросолна метода за намалување на загаденост на воздух

Општина Куманово во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна и Факултет за информатички и комуникациски технологии, по четврти пат спроведоа мерка за намалување на загаденоста на воздухот на територија на Општина Куманово. Оваа мерка е дел од акцискиот план за намалување на загаденоста на воздухот во Општина Куманово.

*Резултатите од мерењата на воздухот се од 6/02/2018