ИЗВЕСТУВАЊЕ  oд одржан триесет и шести состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 22.04.2020 година (среда)

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан триесет и шести состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 22.04.2020 година (среда)

Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • ОШЗС по добивање на Известувањето за спроведување на дијагностичко тестирање за КОВИД – 19 согласно АЛГОРИТМОТ за тестирање упатува барање до Комисијата за заразни болести за преиспитување на исправноста на одлуката за воспоставување на ваков алгоритам. Бараме истиот да претрпи измени, затоа што стриктното почитување на вака поставениот алгоритам претставува длабока ирестриктивна форма на тестирање со што со ваков мал број на тестирања може да се добие несоодветна епидемиолошка проценка на состојбата а со тоа и немање никаква можност за евентуално тестирање на асимптоматски случаи кои може да бидат извор на ширење на заразата .
  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење.
  • Се задолжуваат институциите на локално ниво да ги стават на располагање своите возила за потребите на ОШЗС Куманово, а се препорачува на институциите на централно ниво доколку имаат возила кои не им се неопходни во работењето, да ги отстапат на ОШЗС Куманово.
  • Општина Куманово набави дополнителна количина на заштитни маски кои од утре ќе се делат бесплатно на граѓаните од страна на редарските тимови на штабот.
  • Граѓаните за социјални пакети можат да се информираат на телефонските броеви: 075323569, 075207126 и 077719494 како и на телефонскиот број на ОШЗС Куманово 078365061.
  • Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен и во затворен простор.
  • Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за задолжително држење на физичка и социјална дистанца во меѓусебна комуникација и контакти.
  • Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за излегување и движењена само еден член од семејствотово делот на набавка на прехрамбени и други производи, лекарства и потреби во делот на регулирање на севкупните дневни и периодични потреби на семејството.

 

Општина Куманово

                   Градоначалник,

 

                                                           ____________________

                                                           Максим Димитриевски

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 21.04.2020 година (вторник)

Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Се препорачува на Општина Куманово да обезбеди дополнително количество на заштитни маски, кои преку штабот бесплатно ќе се делат на граѓаните на Општина Куманово на повеќе пунктови низ градот.
  • Се препорачува на Општина Куманово да обезбеди дополнителен број на луѓе, вработени во општинската администрација, за потреби на ОШЗС, кои ќе работат на дистрибуција на хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства.
  • Апел до граѓаните до Општина Куманово да се придржуваат согласно мерките и препораките на Министерство за здраство и Влада на Република Северна Македонија да се однесуваат одговорно спрема себе и спрема другите околу нив.

 

НАПОМЕНА:

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии.

 

 

 

Општина Куманово

 Градоначалник,

 

____________________

Максим Димитриевски

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан триесет и четврти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 20.04.2020 година (понеделник)

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан триесет и четврти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 20.04.2020 година (понеделник)

Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење.
  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди опрема со мегафони за известување кои ќе се користат за спроведување на најновите мерки .
  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да се регулира начинот на доставување на негативните и позитивните резултати од тестирањето на COVID 19  (корона вирус) до граѓаните како и промптно информирање на ЦЈЗ Куманово и ОШЗС Куманово.
  • АпелдограѓанитедоОпштинаКумановодасепридржуваатсогласномерките и препоракитенаМинистерствозаздраство и ВладанаРепубликаСевернаМакедонијадасеоднесуваатодговорноспремасебе и спремадругитеоколунив.

 

НАПОМЕНА:

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии.

 

 

 

Општина Куманово

                   Градоначалник,

 

                                                           ____________________

                                                           Максим Димитриевски

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и трети состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 18.04.2020 година (сабота)

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и трети состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 18.04.2020 година (сабота)

ЗАКЛУЧОЦИ

Од одржан триесет и трети состанок  (по пат на конференциска врска) на Општински штаб за заштита и спасување одржан на 18.04.2020 година (сабота).
На одржаниот состанок на ОШЗС во врска со превземање на мерки и активности од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), беа донесени следните мерки, препораки и заклучоци:

1. ОШЗС – Куманово одоговори позитивно на барањето на Општина Липково за помош, во спроведување на дезинфекција на територија на Општина Липково, и препорача на ЈП “Чистота и зеленило” Куманово да организира дезинфекција со атомизери во соработка со ОШЗС Липково, дезинфекција на јавните прометни површини на територија од општина Липково согласно нивен план а во динамика со ваши можности.

ЈП Чистота и Зеленило Куманово дополнително да предаде на времено користење дел од опремата за дезинфекција и запрашување (5 моторни пумпи за дезинфекција) на времено користење на ОШЗС Липково и да изврши обука на тимовите за ракување со опремата и постапката за дезинфекција.

– Штабот стои на располагање на општина Липково и останатите општини во регионот за соработка и споделување на взаемната помош во борба против епидемијата со Ковид 19.

• Се задолжува ЈП „Чистота и зеленило“ да ја реорганизира својата активност по заклучоците на штабот, да продолжи со непречена дезинфекција на територија на Општина Куманово и непречено вршење на нејзината основна функција, износ на комунален отпад.

НАПОМЕНА:

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и втори состанок (по пат наконференвциска врска) на Општински штаб за заштита и спасување одржан на 17.04.2020 година (петок)

На одржаниот состанок на ОШЗС во врска со превземање на мерки и активности од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус), беа донесени следните мерки, препораки и заклучоци:

 

  • Бараме од Влада на РСМ, Министерство за здраство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ Скопје да изготви целокупна листа на позитивни и негативни резултати од тестови заклучно со 17.04.2020 година 24.00ч. и написмено да го извеси ОШЗС со вкупниот број за позитивни и негативни случаи на Ковид 19 за лица на територија на Општина Куманово до посечениот датум, воедно инсистираме резултатите од тестовите да се доставуваат до ЦЈЗ куманово во рок од 24 часа а не подоцна од 48 часа од моментот на земање на брисот на лицата од страна на епидемиолошката служба и негово предавање за понатамошна анализа со цел како штаб да добиеме реална епидемиолошка слика на територија на Општина Куманово.
  • Бараме од Влада на РСМ да ја издвои Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки на Влада на РСМ, кои важат за севкупната територија на РСМ, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од вторник, 21.04.2020, и ќе трае до понеделник, 04.05.2020 година, со почитување на досегашните донесени мерки од Влада на РСМ, како и дополнителни претходно јасно дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина Куманово.

Под посебни мерки коишто треба да важат  во овие услови се:

  1. Дозволи за движење на лица коишто се професионално ангажирани во институциите и стопанството.
  2. Пунктови за контролирање на влез и излез во и вон градот, со дополнителна дезинфекција на возила и патници кои влегуваат на територијата на Општина Куманово.
  3. Превентивни епидемиолошки мерки за дезинфекција на зафатените подрачја во градот.
  4. Обезбедување на транспорт со намирници, енергетски и други потреби на Општина Куманово и институциите кои се вклучени во дејствијата против епидемијата со COVID-19 на територијата на Општина Куманово.
  5. Непречено обезбедување на амбулантна достава на храна до домаќинствата, во период на карантин и вклучување на поголем број на трговски оператори во постапката со претходно издадена дозвола од ОШЗС.
  6. Операционализирање на Одлуката на Владата на РСМ за мерки за земјоделците и сточарите и други стопански субјекти за непречено вршење на активности во период на карантин.
  7. Обезбедување на дополнителни човечки ресурси (стручен кадар) во здравството за непречено функционирање на Општа болница – Куманово.
  8. Зајакнување на капацитетите на епидемиолошката служба со дополнителни човечки ресурси (стручен кадар), како одговор на потребите, во зависност од епидемиолошката состојба.
  9. Дефинирање на начин и постапка на одлагање на комунален отпад на домаќинствата во кои има позитивни случаи на COVID-19.
  10. Обезбедување на дополнителни количини на лична заштитна опрема на граѓаните на Општина Куманово и воведување мерка за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен простор.
  11. Вклучување на Меѓуопштински центар за социјални работи за активно следење на состојбата на лица со посебни потреби и укажување помош на социјално најранливи семејства во градот со континуирано снабдување со храна, средства за хигиена и заштитна опрема во периодот на посебни услови.
  12. Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин.
  13. Во период на прогласена состојба во посебни услови, Црвен крст на РСМ и други хуманитарни и невладини организации и здруженија кои се во соработка и координација со ОШЗС, да диструбуираат хуманитарна помош, средства за одржување на хигиена и дезинфекција за граѓаните на Општина Куманово.

 

ОШЗС доставува предлог протоколи за движење низ градот на следниве категории граѓани.

Прва категорија – вработени лица во стопански дејности, ЕЛС, државни институции и друго, предлагаме:

– Оваа категорија на граѓани вработени лица ќе се движат исклучително со предходно издадени дозволи од МИОА преку нивните организации и институции дополнително и исклучиво, согласно динамиката на предходно утврдено работно време од нивна страна во склад со предходните одлуки на ВРСМ. Доколку имаат потреба од превоз од работно место, а истите не се возачи, со оглед на фактот дека јавниот превоз е укинат, нивните оирганизации се должни да изготват список на лица и возила кои ќе ги превезуваат согласно предходно утврдена работна динамикаи истите ги доставуваат до ОШЦЗ на увид и одобрување, а ОШЦЗ во соодветна времена постапка ги достави до МВР, СВР на запознавање и понатамошна постапка.

– Втора категорија во која се вклучени граѓаните кои имаат потреба од набавка на прехрамбени производи, здраствена помош како и потреба предизвикана од други природи ( смрт заради закоп, регулирање на итни и неодложни активности и др.)

Предлагаме снабдување со прехрамбени производи да се одвива на два начина и тоа, on-line набавка која ќе им биде достапна и организирана дистрибуција од страна на трговски фирми ои ќе ги опслужуваат, на располагање им се става дополнителни тимови формирани од ОШЗС и Општински Црвен крст со бесплатна достава, по нарачка од страна на граѓаните по предходно изготвени каталози со точно утврдени цени достапни до секој граѓанин.

Втор начин со слободна и контролирана лична набавка на еден член на секое семејство во јасно и прецизно дефинирано време од 07 -15 часот во текот на денот на локација на дисконти – маалски дуќани не подалеку од 200 м од адресата на живеење, со исклучок на улици каде што нема такви трговски објекти. Лицата кои не се придржуваат до мерката воопшто да не се услужуваат. Оваа мерка подразбира воведување на режимот на маалски полицаец со засилена контрола на службите (МВР-СВР и инспекциските органи). Постарите категории и ранливите категории на семејства ќе бидат опслужувани со најава на call center на ОШЗС или дирекно кон трговските дуќани или лично ним со соодветни нарачки. Сите останати потреби на граѓаните ќе мора да бидат пријавени до ОШЗС и по приоритети решавани во координација со другите служби и институции.

– Движење на други категории на граѓани на кои работата им е поврзана со егзистенција (земјоделци, сточари, пчелари, лица со посебни потреби и нивни придружувачи и др. )

Операционализирање на постоечките мерки со јасно постапување кон потребите на овие категории на граѓани ќе се врши согласно досегашните препораки и одлуки на ВРСМ, во координација со ОШЗС Куманово.

  • Се препорачува ЈП „Чистота и зеленило“ да ги реорганизира работните групи за дезинфекција и да продолжи со непрекината дезинфекција на стамбените единици и јавни површини.

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и први состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 15.04.2020 година (среда)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа споделени сите информации за фактичката состојба помеѓу членови на штабот и Премиерот на РСМ, Оливер Спасовски, вицепремиерот, Бујар Османи, Министерот за здраство, Венко Филипче, Министерот за образование, Арбер Адеми и претседателот на Комисјата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Врз основа на епидемиолошките мислења и реалната состтојба на теренот, ОШЗС ги донесе следниве заклучоци:

  • Бараме од Комисија за заразни болести до ОШЗС и ВРСМ да достави епидемиолошка проценка на состојбата со COVID 19 на територија на Општина Куманово и се произнесе дали досегашните превземени мерки од страна на истата се доволни или е потребно носење дополнителни мерки, со оглед дека бројот на заразените е значително зголемен.
  • Бараме од Комисијата за заразни болести писмено да се произнесе до ОШЗС дали да се продолжи со епидемиолошката мерка – дезинфекција, со оглед на сугестиите од страна на професорот Жарко Караџовски дека таа во овој момент е безпредметна и непотребна активност превземена од страна на ОШЗС Куманово.
  • Бараме од Влада на РСМ да ја издвои Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки на Влада на РСМ, кои важат за севкупната територија на РСМ, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од 21.04.2020, и ќе трае до 04.05.2020 година, со почитување на досегашните донесени мерки од Влада на РСМ, како и дополнителни претходно јасно дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина Куманово.

Под посебни мерки коишто треба да важат  во овие услови се:

  1. Дозволи за движење на лица коишто се професионално ангажирани во институциите и стопанството.
  2. Пунктови за контролирање на влез и излез во и вон градот, со дополнителна дезинфекција на возила и патници кои влегуваат на територијата на Општина Куманово.
  3. Превентивни епидемиолошки мерки за дезинфекција на зафатените подрачја во градот.
  4. Обезбедување на транспорт со намирници, енергетски и други потреби на Општина Куманово и институциите кои се вклучени во дејствијата против епидемијата со COVID-19 на територијата на Општина Куманово.
  5. Непречено обезбедување на амбулантна достава на храна до домаќинствата, во период на карантин и вклучување на поголем број на трговски оператори во постапката со претходно издадена дозвола од ОШЗС.
  6. Операционализирање на Одлуката на Владата на РСМ за мерки за земјоделците и сточарите и други стопански субјекти за непречено вршење на активности во период на карантин.
  7. Обезбедување на дополнителни човечки ресурси (стручен кадар) во здравството за непречено функционирање на Општа болница – Куманово.
  8. Зајакнување на капацитетите на епидемиолошката служба со дополнителни човечки ресурси (стручен кадар), како одговор на потребите, во зависност од епидемиолошката состојба.
  9. Дефинирање на начин и постапка на одлагање на комунален отпад на домаќинствата во кои има позитивни случаи на COVID-19.
  10. Обезбедување на дополнителни количини на лична заштитна опрема на граѓаните на Општина Куманово и воведување мерка за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен простор.
  11. Вклучување на Меѓуопштински центар за социјални работи за активно следење на состојбата на лица со посебни потреби и укажување помош на социјално најранливи семејства во градот со континуирано снабдување со храна, средства за хигиена и заштитна опрема во периодот на посебни услови.
  12. Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин.
  13. Во период на прогласена состојба во посебни услови, Црвен крст на РСМ и други хуманитарни и невладини организации и здруженија кои се во соработка и координација со ОШЗС, да диструбуираат хуманитарна помош, средства за одржување на хигиена и дезинфекција за граѓаните на Општина Куманово.

 

ОШЗС доставува предлог протоколи за движење низ градот на следниве категории граѓани.

Прва категорија – вработени лица во стопански дејности, ЕЛС, државни институции и друго, предлагаме:

  • Оваа категорија на граѓани вработени лица ќе се движат исклучително со предходно издадени дозволи од МИОА преку нивните организации и институции дополнително и исклучиво, согласно динамиката на предходно утврдено работно време од нивна страна во склад со предходните одлуки на ВРСМ. Доколку имаат потреба од превоз од работно место, а истите не се возачи, со оглед на фактот дека јавниот превоз е укинат, нивните оирганизации се должни да изготват список на лица и возила кои ќе ги превезуваат согласно предходно утврдена работна динамикаи истите ги доставуваат до ОШЦЗ на увид и одобрување, а ОШЦЗ во соодветна времена постапка ги достави до МВР, СВР на запознавање и понатамошна постапка.
  • Втора категорија во која се вклучени граѓаните кои имаат потреба од набавка на прехрамбени производи, здраствена помош како и потреба предизвикана од други природи ( смрт заради закоп, регулирање на итни и неодложни активности и др.)

Предлагаме снабдување со прехрамбени производи да се одвива на два начина и тоа, on-line набавка која ќе им биде достапна и организирана дистрибуција од страна на трговски фирми ои ќе ги опслужуваат, на располагање им се става дополнителни тимови формирани од ОШЗС и Општински Црвен крст со бесплатна достава, по нарачка од страна на граѓаните по предходно изготвени каталози со точно утврдени цени достапни до секој граѓанин.

Втор начин со слободна и контролирана лична набавка на еден член на секое семејство во јасно и прецизно дефинирано време од 07 -15 часот во текот на денот на локација на дисконти – маалски дуќани не подалеку од 200 м од адресата на живеење, со исклучок на улици каде што нема такви трговски објекти. Лицата кои не се придржуваат до мерката воопшто да не се услужуваат. Оваа мерка подразбира воведување на режимот на маалски полицаец со засилена контрола на службите (МВР-СВР и инспекциските органи). Постарите категории и ранливите категории на семејства ќе бидат опслужувани со најава на call center на ОШЗС или дирекно кон трговските дуќани или лично ним со соодветни нарачки. Сите останати потреби на граѓаните ќе мора да бидат пријавени до ОШЗС и по приоритети решавани во координација со другите служби и институции.

  • Движење на други категории на граѓани на кои работата им е поврзана со егзистенција (земјоделци, сточари, пчелари, лица со посебни потреби и нивни придружувачи и др. )

Операционализирање на постоечките мерки со јасно постапување кон потребите на овие категории на граѓани ќе се врши согласно досегашните препораки и одлуки на ВРСМ, во координација со ОШЗС Куманово.

 

 

Општина Куманово

   Градоначалник,

 

   ____________________

 Максим Димитриевски

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 14.04.2020 година (вторник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
 Бараме од Влада на РСМ за издвојување на Општина Куманово и нејзината
територија од рамката на општите мерки на Влада на РСМ, кои важат за
севкупната територија на РСМ, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна
изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од петок, 17.04.2020, и
ќе трае до понеделник, 04.05.2020 година, со почитување на досегашните
донесени мерки од Влада на РСМ, како и дополнителни претходно јасно
дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина
Куманово.

Под посебни мерки коишто треба да важат во овие услови се:

1. Дозволи за движење на лица коишто се професионално ангажирани во
институциите и стопанството.

2. Пунктови за контролирање на влез и излез во и вон градот, со
дополнителна дезинфекција на возила и патници кои влегуваат на
територијата на Општина Куманово.

3. Превентивни епидемиолошки мерки за дезинфекција на зафатените
подрачја во градот, задолжителни за влез и излез на подрачјето на
Општина Куманово.

4. Обезбедување на транспорт со намирници, енергетски и други потреби
на Општина Куманово и институциите кои се вклучени во дејствијата
против епидемијата со COVID-19 на територијата на Општина Куманово.

5. Непречено обезбедување на амбулантна достава на храна до
домаќинствата, во период на карантин и вклучување на поголем број на
трговски оператори во постапката со претходно издадена дозвола од
ОШЗС.

6. Разработување на Одлуката на Владата на РСМ за мерки за
земјоделците и сточарите и други стопански субјекти за непречено
вршење на активности во период на карантин.

7. Обезбедување на дополнителни човечки ресурси во здравството за
непречено функционирање на Општа болница – Куманово.

8. Зајакнување на капацитетите на епидемиолошката служба со
дополнителни човечки ресурси, како одговор на потребите, во зависност
од епидемиолошката состојба.

9. Дефинирање на начин и постапка на одлагање на комунален отпад на
домаќинствата во кои има позитивни случаи на COVID-19.

10. Обезбедување на дополнителни количини на лична заштитна опрема на
граѓаните на Општина Куманово и воведување мерка за задолжително
носење маски и ракавици за сите лица на отворен простор.

11. Вклучување на Меѓуопштински центар за социјални работи за активно
следење на состојбата на лица со посебни потреби и укажување помош
на социјално најранливи семејства во градот со континуирано
снабдување со храна, средства за хигиена и заштитна опрема во
периодот на карантин

12. Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на
континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во
процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во
ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин.

 Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ-
Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисeви на
територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно
благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни
резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови
коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со
што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина
Куманово.

 Апел до Црвен крст на РСМ и други хуманитарни и невладини
организации и здруженија кои се во соработка и координација со ОШЗС,
да диструбуираат дополнителна помош за граѓаните на Општина
Куманово за време на карантинот.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и деветти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 13.04.2020 година (понеделник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
 Бараме од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести,
заради новонастанатата ситуација со новозаразен персонал од Општа
болница – Куманово, да направат итна проценка и да се согледа
функционалноста на Болницата и одделите каде што има персонал којшто
е заразен со вирусот COVID – 19.
 Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ-
Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисeви на
територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно
благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни
резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови
коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со
што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина
Куманово
 Апел до граѓаните да не се фрла смет на места каде што не е дозволено,
односно да не се создаваат нови диви депонии, туку фрлањето смет да
биде исклучиво на градската депонија. Во периодот на вонредна состојба
препорачуваме на Општината, градската депонија Краста да не ги наплаќа
услугите на граѓаните кои самоиницијативно ќе одлагаат поголеми количини
на смет.
 Апел до граѓаните, заради зголемена потрошувачка на водата за време
на викендите и намалување на притисокот на вода, за рационално
користење на водата во овие услови, да не се врши наводнување на
дворови и бавчи и перење на возила од водата на градски водовод.

 

 

Известување од одржан дваесет и осми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 12.04.2020 година (недела)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Бараме од Министерство за труд и социјална политика да се вклучат во  обезбедување на социјални пакети со средства за дезинфекција и прехрамбени производи засите социјално најзагрозени семејства на територија на Општина Куманово.
  • До ОШЗС да стапи во контакт со сите претседататели на Месни и Урбани заедници за да достават список на најзагрозени семејства од нивните месни заедници. Истите да ги достават до ОШЗС во најкус можен рок за да може да се дистрибуираат социјалните пакети на најзагрозените социјални случаи.
  • Апел до граѓаните да не се користат детските катчиња коишто се затворени по одлука на ОШЗС, и да не се собираат во групи повеќе од двајца, во спротивно МВР ќе постапува со казнување, согласно Закон и одлуки на Влада на РСМ.
  • Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.

Општина Куманово

                   Градоначалник, 

                                                                                                      Максим Димитриевски

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и седми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 11.04.2020 година (сабота)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.
  • Согласно актите на Владата на Република Северна Македонија и насоките од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а
  • кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинскиот кризен штаб во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење не-евидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризниот штаб, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА НАЈАВА:  075 273 192

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица  ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР).

На овој начин на не-евидентираните земјоделците ќе им се овозможи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Кога се носат одлуки за рестрикција на движење се издвојуваат две групи според возраста за кои посебно се носат ограничувања, а тоа се над 67 години и под 18 год. Кога МЗШВ собира податоци и преку МИОА издава дозволи повторно овие две групи се исклучени од давање на дозволи.