Известување за правила за движење за сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)

Известување за правила за движење за сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)

Согласно актите на Владата на Република Северна Македонија и насоките од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинскиот кризен штаб во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење не-евидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризниот штаб, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА НАЈАВА:  075 273 192

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица  ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР).

На овој начин на не-евидентираните земјоделците ќе им се овозможи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Кога се носат одлуки за рестрикција на движење се издвојуваат две групи според возраста за кои посебно се носат ограничувања, а тоа се над 67 години и под 18 год. Кога МЗШВ собира податоци и преку МИОА издава дозволи повторно овие две групи се исклучени од давање на дозволи.

Акти на Владата на Република Северна Македонија

  1. Општинските штабови за заштита и спасување во однос на барањата за добивање дозвола за движење од град до поле на земјоделците и надвор од атарот на селата, само за време на викендите, да подготват точно утврден список на лица – земјоделци со број и податоци за истите и да го достават до надлежното ОВР – СВР, со цел овозможување непречено движење на овие лица за работа во поле.
  2. Економските оператори кои се определени од страна на општинските штабови за заштита и спасување , за достава на најнеопходни намирници до граѓаните во одредено подрачје на истите на територија на градот Скопје им е дозволено излегување од границите на општината и подрачјето на кое имаат дозвола за работа.
  3. Општинските кризни штабови за заштита и спасување не смеат да издаваат дозволи за движење на лица за време на забрана и посебниот режим на движење на територија на Република Северна Македонија, односно барањата само да ги проследуваат до надлежните државни институции (Министерство за внатрешни работи и Министерство за информатичко општество).

Известување за дежурни маркети , кои ќе работат за време на полицискиот час во Кумановo

Врз основа на Барање на Општински штаб за заштита и спасување и препораките на Влада на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека за време на полицискиот час во Куманово (10.04.-17.04.2020 година), за дежурни маркети за набавка и достава на потребните намирници се пријавија:

-Ацидо Ком маркети 078311077 и 078352669

-Ќошар ДООЕЛ Куманово 078258607 и 078258708

-Елида 031419521

– Јахи Маркет ДООЕЛ с.Черкези 070467311

-ДТГМУ Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје 071340742, 071340963, 070358500, 072256100, 071285386, 070299507

-Маркет Макси Дом, улица ,,Бошко Буха” 2А, телефони: 031 412758 и 072 272337

-Хотел Хармонија, ул.Долно Којнаре бр.193 телефони: 031416 383 и 077 987-798

-Маркет КОМПЛЕКС АЛДИ ЕДЕН с.Черкези, телефон 076 617 261

–Кумановска Скара за мерак, ул. Иво Лола Рибар ( Нагорички сокак наспроти Сетек) , 075 232 100 и 031 411 150

-Никосан-Трејд ДООЕЛ Куманово, с.Биљановце 071 367 284

-Доминос ДООЕЛ Куманово (Kебапчилница Kорнер) 075484570 или 031425424

ДУТУ Кумановски Лезет ДОО Куманово, Гостилница ДОМА  тел. 072/ 777-023

ЕВА-МИХ ДООЕЛ Куманово, гостилница АЏИ-ТРАЈКО, лице за контакт : Бобан Пауновиќ 078/255-248

-ТОНИ-ПРОМ ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ КУМАНОВО С.ГОРНО КОЈНАРЕ, тел 071-818-975

Кебапчилница Џипси, Телефони за нарачки 031-413-389 и 070-595-416

КУЛЕ ДООЕЛ (бурекчилница Мирела), тел.за нарачка 031 411 155 

-БАКУ ТРЕЈД ДООЕЛ(сендвичара Златна 9ка), локација Кирил и Методиј бр 28,нарачки на телефон 078/367637 и 070/942805, Краљевски Тони 077/980866

– РИАД Комерц ДООЕЛ, ул.Тоде Мендол бр.93 тел.за контакт 079/ 279-416

– Дони Груп ДООЕЛ Куманово,   телефон : 071/343-113, 071/965-736

– Крис Компани КА,   телефон : 078/377-362

– ТП Јахја Маркет,   телефон : 075/386-694

– Еколенд – Куманово,   телефон : 076/666-766, 078/411-895

-Т.Д.ДООЕЕЛ Анице Комерц, подружница Пилко Грилко,   телефон : 070/204-917

-Мусли Маркет,    телефон : 070/313-203, 070/334-910

Подетални информации околу набавка и достава ќе Ви дадат самите фирми.

Сите останати фирми, кои се подготвени и имаат желба да се вклучат во оваа акција, ги повикуваме да не контактираат на е-маил адресата info@kumanovo.gov.mk и телефонскиот број 078/365-061, за да ги искординираме понатамошните активности во врска со оваа акција.

Ви благодариме!

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и шести состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 10.04.2020 година (петок)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Барање до Министерство за здравство и Комисија за заразни болести времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение во Општа болница – Куманово, поради новонастанатата состојба со зголемен број на здравствени работници кои се позитивни на тестовите за COVID 19 и воедно да се изврши итна контрола на останатите болнички капацитети во Општа болница – Куманово, да се направи проценка за ризикот и да се овозможи непречена функционалност на останатите оддели во Болницата, како и да се обезбеди дополнителен капацитет на стручни лица во ЦЈЗ – Куманово.
  • Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.
  • Барање до Влада на Република Северна Македонија, да се донесе акт со којшто ќе се регулира дистрибуцијата на хуманитарна помош до социјално загрозени семејства, поради фактот дека во поголем број случаи, одредени донатори при давање на хуманитарна помош ги прекршуваат препораките на Владата на РСМ и ОШЗС – Куманово, и доаѓа до групно делење на хуманитарната помош и граѓаните се ставаат во несвесен ризик.
  • Барање до економските оператори кои вршат онлајн достава на храна, за време на полицискиот час, да се ограничат на дистрибуција од едно место, по исклучок на маркетите кои имаат повеќе од десет продажни места, да се ограничат на две продажни места од каде ќе се дистрибуира храна.
  • ОШЗС ја задолжува Општината, количините на гориво коишто се за потребите за чистење на речното корито, да се пренаменат на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, за потребите за постапка за дезинфекција.

 

  • Апел до граѓаните да не се користат детските катчиња коишто се затворени по одлука на ОШЗС, и да не се собираат во групи повеќе од двајца, во спротивно МВР ќе постапува со казнување, согласно Закон и одлуки на Влада на РСМ.

Апел до граѓаните броевите за пријавување за помош со социјални пакети да не се злоупотребуваат и да ги користат исклучиво најзагрозените случаи од општината.

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 09.04.2020 година (четврток)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Барање до Министерство за здравство и Комисија за заразни болести времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение во Општа болница – Куманово, поради новонастанатата состојба со зголемен број на здравствени работници кои се позитивни на тестовите за COVID 19 и воедно да се изврши итна контрола на останатите болнички капацитети во Општа болница – Куманово, да се направи проценка за ризикот и да се овозможи непречена функционалност на останатите оддели во Болницата, како и да се обезбеди дополнителен капацитет на стручни лица во ЦЈЗ – Куманово.
  • Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово
  • Апел до граѓаните да се почитуваат мерките и полицискот час и без итна потреба да не излегуваат за време на полицискиот час и доклку имаат потреба од лекови со истите да се снабдат пред отпочнување на полицискиот час, освен во итни случаи.
  • Апел до граѓаните за слободно движење да не се злоупотребува мерката за извршување на земјоделски работи.

 

 

 

                Општина Куманово

                   Градоначалник,

            Максим Димитриевски

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и четврти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 08.04.2020 година (среда)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

 

  • Бараме од Владата на Република Северна Македонија и Комисија за заразни болестида го задолжи Институтот за јавно здравје да на дневна основа доставува правовремено резултати за сите тестирани лица на COVID 19 за коишто предходно има уредно доставен примерок за тестирање од страна ЦЈЗ Куманово. Воедно бараме да се отворат дополнителни пунктови во Општина Куманово за тестирање на лица и истите се стават во функција.
  • Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе уредба со која ќе се измени и дополни законот за домување и со кој стамбените домари ќе ги задолжи да вршат редовна дезинфекција во стамбените згради за кои што имаат склучено договор за одржување. Воедно истите ќе се вклучат во постапка за дезинфекција во период на вонредна состојба во колективните центри за домување и други објекти со кои имаат склучено договор за одржување на хигиена.
  • Се задолжува Општината да го затвори времениот зелен градски пазар а на главниот градски пазар да ја врши дејноста како што предходно е наложено од ОШЗС и почитување на препораките донесени од Владата.
  • Се задолжува Општината да направи реорганизација во работата на техничкиот и друг персонал во Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово и по потреба да вклучи друг технички персонал од други јавни установи за потребите на Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово, како би се обезбедило непречено работење на истиот.
  • Препорака до сите даватели на услуги (шпедиции, банки, АМСМ и др.) кои работат на граничниот премин Табановце да го уредат својот начин на работење согласно уредбите и препораките на Владата со акцент на почитување на дистанца, кортистење на заштитна опрема и редовна дезинфекција на објектите во кои што вршат дејност.
  • Се препорачува на граѓаните да не ги користат детските и забавни паркови на територија на Општина Куманово, кои се затворени и видно обележани со трака и се задолжува Општината да го затвори за употреба градскиот парк Соколана.

 

  • Се задолжува ОШЗС да донесе Одлука со која ќе се определат економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на тероторија на Општина Куманово. Истата Одлука може да претрпи измени доколку се јават и други економски оператор/и-маркет/и.

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и трети состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 07.04.2020 година (вторник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

 Предлагаме до Министерство за здраство и Министерство за труд и
социјална политика да го регулира со препорака правото на користење на
помош и нега за друго лице, лицата да не одат на преглед и да не
закажуваат термин преку Мој термин бидејќи ќе им биде продолжено
правото на користење се додека трае вонредната состојба.

 На барање на ЈЗУ Општа болница Куманово, штабот препорачува
матичните лекари при упатување на пациенти на Инфективно одделение
при ЈЗУ Општа болница Куманово истите да ги праќаат со упати за
лабораторија и ренген за да не се губи време за дијагностицирање туку
докторите веднаш да ги прегледааат и да знаат дали да ги остават на
болничко лекување или на домашно лекување.

 Да се преиспитаат боледувањата кои што матичните лекари ги пишуваат
на здраствените работници, припадници на армијата, полициски
службеници и административни службеници кои што во случај на вонредна
состојба се потребни за организирање во институциите бидејќи постои
сомнение за евентуална злоупотреба на боледувања.

 Да се информираат сите правни субјекти кои учествуваат во акција за
доставување на неопходни продукти на граѓаните на домашна адреса за
време на траење на полициски час, и истите ќе бидат контактирани од
технички служби на Општински штаб за заштита и спасување заради
регулирање на необлигациите во врска со доставите

 Општински штаб за заштита и спасување повторно бараме во целост да се
испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција, од
страна на управителите на станбените згради на територија на општината.

 Барање до ЈП „Чистота и зеленило“ да продолжи со дезинфекција на јавно
прометни површини во градски, приградски населби и села во Општина
Куманово по редослед на приоритети добиени од ОШЗС.

 Барање до Влада на Република Северна Македонија да го регулира со акт
вклучувањето на припадниците на АРСМ во редарски тимови на ОШЗС во
градот за да се спречи создавање на метеж пред банките, поштите, центар
за соцојални работи и други пунктови каде што се собираат граѓани за
шалтерски исплати и да се спроведуваат препораките на Владата за
држење на минимум растојание на граѓаните помеѓу себе и задолжително
носење на заштитни маски.

 Од утре, во дистрибуција на пакети за социјално загрозени семејства,
покрај тимови на ОШЗС и Црвен Крст, ќе се вклучат и претставници на
Армијата со свои тимови.

 Штабот во соработка со специјални тимови на армијата ќе врши дневна
дезинфекција на просториите со зголемен проток на луѓе (банки, пошти и
други институции) за што бараме соработка од наведените субјекти.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и втори состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 06.04.2020 година (понеделник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија за потребите на Угрентен Центар да обезбеди дополнително возило за транспорт на пациенти.

 

  • Бараме Влада на Република Северна Македонија да обезбеди специјално возило (цистерна) со распрскувачи за вршење на дезинфекција на јавните површини на територија на Општина Куманово, бидејќи капацитетите со кои располага ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово не се доволни за секојдневна и целосна дезинфекција на градот.

 

  • Бараме Влада на Република Северна Македонија да донесе одлука за средства кои се исплаќаат во вид на социјална помош и пензии да бидат исплаќани преку ЈП „Македонски пошти“ и други субјекти кои имаат можност за таков сервис дирекно до граѓаните како би се надминал постојаниот метеж пред банките и другите услужни установи кои вршат шалтерска исплата и услуга, бидејќи при вакви услуги евидентно не се почитуваат препораките на Владата од страна на граѓаните.

 

  • Бараме од Фондот за здраствено осигурување да ни доставите на маил (gradonacalnik@kumanovo.gov.mk) листа на приватни општи и/или специјалистички ординации ( име на ординација-област, име и презиме и контакт на лекари од општа пракса, доктори специјалисти, медицински и технички персонал) за потребите на ОШЗС.

 

  • Се задолжува Општина Куманово да формира редарска служба од сопствени вработени кои ќе вршат редарска контрола на најпрометни места во градот, а ќе бидат во постојана соработка со СВР Куманово а по потреба и асистенција. Лицата треба да бидат видно обележани и ќе добијат насоки од ОШЗС за начинот како ќе ја извршуваат нивната работа.

 

 

 

  • Бараме од кризниот штаб при Влада на Република Северна Македонија да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика, кое дирекно ќе се вклучи во работата на ОШЗС, поради тоа што подолг временски период Центар за социјални работи Куманово не учествува во работата на ОШЗС.

 

  • Општина Куманово воведе уште една телефонска линија 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.

 

 

  • Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации (информации за дежурни аптеки, дежурни маркети, начин на спроведување на услуги на институциите во градот, мерките и препораки донесени од Влада на Република Северна Македонија и од Општинскиот штаб за заштита и спасување)

 

  • Општина Куманово воведе услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 71 94 94 , по што од страна на лице од општината и Црвен Крст ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците.

Апелираме бројот 192 да се користи од страна на граѓаните само за повици кои се во делот на работење на полицијата. Сите други информации граѓаните ќе можат да ги добијат на бројот на Општинскиот штаб за Заштита и спасување – 078 365 061.

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан дваесет и први состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 05.04.2020 година (недела)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

 

  • Барање од Комисија за заразни болести во Министерство за здравство да направи целосен пресек на состојбата во Општа болница Куманово за бројот на позитивни случаи од персоналот во болницата по одделенија и да даде свое видување за функционалноста на капацитетите на болницата во овие околности.
  • Бараме од Министерство за надворешни работи да ни достави список на лица од Куманово, кои се најавени да се вратат во Република Северна Македонија.
  • Бараме од кризниот штаб при Влада на Република Северна Македонија да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика, кое дирекно ќе се вклучи во работата на ОШЗС.

 

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан дваесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 04.04.2020 година (сабота)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Апел до граѓаните при појава на било какви симптоми, кои можат да укажат на инфекција со корона вирус, веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.
  • Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој  граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации.
  • Општинскиот штаб за заштита и спасување до сега има информација дека дежурна аптека во градот е Провиталис (031 415 303). Штабот апелира и до другите аптеки во градот да воведат ваква услуга за дежурства и да ја почитуваат одлуката за комисија за здравство и владата и за тоа да  известат штабот.
  • Најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти, можат да се јавуваат на телефонските броеви : 075 207 126 и 077 71 94 94.
  • Согласно мерките на Владата и информацијата од МВР, земјоделците што имаат неодложни активности поврзани со производство во атарот на своите села, ќе можат да го обработуваат своето земјиште.
  • Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и др.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192 .
  • Бараме од Владата под итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и продавници кои ќе вршат телефонска и он лајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса во деновите кога трае целодневниот полициски час.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан деветнаесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 03.04.2020 година (петок)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

– Бараме од Влада на Република Северна Македонија целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот и засилени поригорозни мерки за ограничувања.

– Бараме од МВР да врши постојан увид и контрола во состојба и почитување на мерката за собирање на групи и движење на граѓаните не повеќе од пет како и запазување минимално растојание од 2 метри на следните локации: КЕЈ, Градски парк, Плоштад, Соколана и Парк кај градски базен.

– Препорака до граѓаните да ги почитуваат само мерките донесени од Влада на Република Северна Македонија и од Министерство за здраство а не од непроверени извори.

– Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата на локација Средорек (ул.„Доне Божинов„) и украден е уред за прскање на локација помеѓу улиците „Биљановска„ и „Народна револуција„.

Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини.Исто така информираме дека средствата што се користат на пунктовите за дезинфекција на возилата не се штетни ниту за луѓето, ниту за самите автомобили.

– Бараме од граѓаните да ги отстранат, непрописно паркираните возила на јавно променти површини (тротоари и улици), за да може непречено да се врши дезинфекција на отворено. Во спротивно, не превземаме одговорност за евентуално оштетување на приватен имот.