Денеска ООУ”Христијан Карпош”-Куманово свечено го одбележа патрониот празник,76 години од загинувањето на патронот, партизанскиот командат Карпош од Куманово.
На свеченото одбележување присуствуваа Атина Мургашанска, претседател на Совет на Општина Куманово и претставници од Секторот за образование при општината.
Трибина за дигитализација на јавни услуги во Куманово
Денеска во Занаетчискиот дом се одржа третата по ред од серијата јавни трибини за дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија.
На предвидената тема зборуваше Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација кој даде свои видувања за самиот процес на дигитализација на услуги со акцент на националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk кој во целост го изработи МИОА. На трибината се обрати и Градоначалникот на Општина Куманово, кој зборуваше за дигитализација на услуги на локално ниво, односно интеграција на услуги кои локалната самоуправа ги нуди за граѓаните кон порталот uslugi.gov.mk. Од денеска граѓаните ќе можат да се информираат за порталот uslugi.gov.mk. секој работен ден во просториите на општина Куманово (канцеларија на архива).
Посета на деца од детска градинка Ангел Шајче
Денеска децата со своите учителки од големата група од објект Кокиче од градинката Ангел Шајче беа во посета на Општина Куманово. Разговараа со градоначалникот и се запознаа со неговите надлежности како и со работата на општинската администрација. Дечињата му се заблагодарија на градоначалникот за средбата и му подарија книга со желби за поубаво Куманово изработени од нивните вредни раце.
Средба на Градоначалникот Димитриевски со членови на Учиме право програма на МОФ
Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со членови на Учиме право програмата на Младински образовен форум. Целта на посетата е запознавање со работата на Општина Куманово, надлежностите на органите на единиците на локалната самоуправа, како и начините на кои младите можат да се обратат до истите. Здружението „Младински образовен форум„ работи на полето на неформално образование, човекови права и слободи, креирање на младински и образовни политики, поттикнување толеранција и почит кон туѓите идеи и промовирање на критичка мисла. Во Куманово, Учиме право програмата се спроведува во МОФ центар Куманово кој функционира во соработка со здружението Центар за интеркултурен дијалог.
Одбележан денот на раѓањето на Гоце Делчев
СОУ-Гимназија„Гоце Делчев“-Куманово денеска свечено одбележа 148 години од раѓањето на патронот, револуционерот Гоце Делчев.
Секретарот на Општина Куманово Десанка Стошевска и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска заедно со претставници на општинската администрација, положија свежо цвеќе на бистата на македонскиот револуционер.
Претставници на Општина Куманово на Денот на збратимениот град Нови Сад
Делегација од Општина Куманово предводена од Градоначалникот Максим Димитриевски заедно со претседателот на Советот на општината Атина Мургашанска, викендов го посетија градот Нови Сад, Република Србија, по повод одбележувањето на Денот на градот. Во оваа пригода беше остварена средба со Градоначалникот на збратимениот град Милош Вучевиќ и претседателот на Градското собрание Здравко Јелушиќ.
Се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу двата града на полето на културата и образованието. Идејата е да се поврзат и да отпочнат со соработка средните земјоделски училишта од Куманово и Нови Сад.
ОК на ВМРО ДПМНЕ КУМАНОВО ДЕЗИНФОРМИРА, СВЕСНО ЈА ИСКРИВУВА ВИСТИНАТА И НЕ ЗНАЕ ДА ГО ЧИТА БУЏЕТОТ
Прес конференција на Градоначалникот Максим Димитриевски
Промовирано двојното ЦД на Маргица Антевска
Вечерва во Занаетчискиот дом Куманово се одржа промоција на двојното ЦД на Маргица Антевска, по повод 50-те јубилејни години постоење на македонска музичка сцена -“Родителска љубов” и “Не лудувај Јоване”. Настанот е во организација на Фондација за култура и спорт-Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски се обрати пред присутните и го отвори овој културен настан.На настанот присуствуваше и претседателот на Совет на општина Куманово Атина Мургашанска.
Одржана средба со претставниците на црногорската заедница во Куманово
Во рамките на работната посета на Република Северна Македонија на директорот на Управата за дијаспора Предраг Митровиќ заедно со Амбасадорот на Црна Гора во Република С.Македонија Марија Петровиќ, денеска во кружната сала на Зградата на поранешни општестествено-политички организации-Комитет се одржа работна средба со претставниците на црногорската заедница од Куманово. Целта е вмрежување и поврзување со припадниците на оваа заедница од нашиот град.
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски присуствуваше на средбата.