Подарок од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев” за Општината

По повод Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово, делегација од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово, предводена од директорот Марија Тодоровска, денеска се сретнаа со Градоначалникот Димитриевски, на која му подарија слика со ликот на Гоце Делчев, од колекцијата на уметнички слики, изработени од страна на учениците.

Од претставник на ученичкиот парламент на Гимназијата, кои беа присутни, беше прочитана лична творба, на тема 500 години од постоењето на нашиот град.

 

ДВД од првиот Меѓународен фолклорен фестивал за Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска имаше средба со претседателот на Културно-уметничкото друштво “Панче Пешев”-Куманово, Мирче Крстевски, на која од страна на Друштвото беше подарено ДВД од I-от Меѓународен фолклорен фестивал “Куманово 2019”, кој летово се одржа во нашиот град.

Градоначалникот беше информиран за Програмата на “Панче Пешев”, како и за активностите, кои се предвидени за организација на II-от Меѓународен фолклорен фестивал, на кој ќе учествуваат: Црна Гора, Хрватска, Јужна Америка, Грузија, Северен Кипар и претставици од нашата држава.

 

 

Вечер на изданија на Парадигма

Во организација на Здружението за наука и култура “Парадигма” и Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, се одржа “Вечер на изданија на Парадигма”.

Во рамките на вечерашниот културен настан се промовираше Монографијата “Куманово, време во неговите времиња” од Димитар Масевски, по повод Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово, во која е поместен историскиот развој на градов од неолитскиот период со првите градби во него па се до денеска.

Беше промовиран и специјалниот број на списанието “Корени”, Бр.53-54 “Сјајот од минатите времиња”, со најистакнати архитектонски градби од XVIII до XX век, првото урбанизирање на градов, при што се опфатени познатите згради на институциите и приватни куќи на истакнати Кумановци.

Промовирано беше и мултимедијалното ДВД, посветено на Јубилејот 500 години Куманово, на кое се наоѓаат: електронско издание на Монографијата на Куманово, легендарната театарска претстава “Ленче Кумановче” од 1971 година, првиот документарен филм на Сифрид Миладинов за Галичник од 1938 година, истакнатиот Трајко Прокопиев со инструменталната песна “Кумановки”  I-VI и познати кумановски музички имиња со свои изведби.

На настанот присуствуваше делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, кој имаше и свое обраќање.

 

Прес на Димитриевски по повод двегодишниот мандат

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска одржа Прес – конференција  по повод двегодишниот мандат, на кој беа истакнати активностите преку значајни проекти, во рамките на комуналната инфраструктура и реконструкција на постоечките објекти, проектите во образованието, активностите на Советот, на јавните претпријатија, значајни културни и спортски настани, во склоп на Куманово – Град на културата и Град на спортот за оваа година. На настанот на  кои  присуствуваа и Секретарот на општината, претседателот на Советот и членови на истиот, директори на општинските јавни претпријатија и раководители на Сектори во општината, беше промовиран и весникот “За наше Куманово”.

Општина Куманово и Институтот Европа за тебе -Скопје потпишаа Меморандум за соработка

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска во просториите на општината потпиша Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики Европа за тебе-Скопје.

Димитриевски потенцираше дека општината ќе соработува со Институтот на полето на едукација на кадрите во основните и средните училишта, како и на заштитата од општествено-опасните појави, со цел како да се постапи за да не дојде до насилство.

Од Институтот истакнаа дека ќе се одржи циклус на семинари за наставниците од училиштата, во кои ќе бидат вклучени и претставници од Советот на родители, како важна алка, а и учениците, како крајни конзументи, со стекнување на значаен и признаен сертификат од сработеното.

Во споменатиот Институт работат еминентни и реномирани универзитетски професор по: правни, социолошки, психолошки, педагошки и безбедносни науки, кои ја потенцираат потребата од образовна интервенција во училиштата и меѓуинституционално вмрежување.

 

 

Ликовна изложба „АртМемориам„

Вечерва во организација на Националната установа Музеј – Куманово, беше отворена изложбата „АртМемориам, посветена на творештвото на најстарата генерација кумановски сликари. На отворањето пред многубројната публика во уметничката Галерија беше промовирана и книга со текст на Гоце Божурски –историчар на уметността, во која се дава критички осврт за творештво на овие автори. Изложбата е дел од програмата за одбележување на „11 Ноември„.

Размена на градови на Мрежата на силни градови во Западен Балкан

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска присуствуваше на отворањето на тридневната Регионална работилница, организирана од страна на Мрежата на силни градови во Западен Балкан, на која имаше свое обраќање.

Дел од настанот беа Градоначалници и претставници од институции во Република Северна Македонија и Албанија, претставници од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам, како и од невладините организации.

Главна цел на работилницата е размената на искуства и добри практики на градовите-членки на Мрежата, во поглед на спречување на насилниот екстремизам, проценка на локалниот ризик, како и планирање на идни активности во насока на спречување на насилен екстремизам.

 

Сопруги на Амбасадори во посета на Куманово

Денеска во просториите на општината, Градоначалникот Димитриевски ги пречека сопругите на Амбасадори во Република Северна Македонија, и тоа на: бугарскиот, турскиот, словачкиот, италијанскиот, унгарскиот, германскиот, на претставникот на НАТО, на ЕУ, на OSCE за Република Северна Македонија. На претставничките на понежниот пол им беше претставена нашата општина, како најголема во државата, во која се негува мултиетнички соживот, а беше потенциран и Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово. На средбата беше потенцирана моќта,која ја поседуваат жените, користејќи ја за доброто на женските организации, преку значајни проекти. Сопругите на Амбасадорите, искажувајќи го своето задоволство од Приемот, ги истакнаа специфичностите на државите, кои ги претставуваат. Потоа ги посетија културните обележја во центарот на градот.

Семинар на боречки вештини

Денеска по повод 500 години Куманово во училишната сала на СОУ “Перо Наков”се одржа семинар за боречки вештини.Настанот е дел од програмата за одбележување на празникот на градот, а во организација на боречки клуб “Агатсу” Куманово.Учесници на еднодневниот семинар беа претставници од боречки клубови од нашата држава и од соседната Србија.