Поткозјачки литературни средби

Оваа година по втор пат во Занаетчиски дом, се одржа националната литературна манифестација „Поткозјачки литературни средби 2019„. Настанот кој е дел од програмата за одбележување на 500 години Куманово, е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на „Јустиција„Куманово и „Центарот за култура и културолошки студии„Скопје, ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски„Куманово, Секторот за Култура и спорт и фондација за култура и спорт.

 

Патронен празник на ООУ „Крсте Мисирков”

Општинското основно училиште „Крсте Мисирков„ денеска со свечена приредба во „Занаетчиски дом„ го одбележа својот патронен празник. Со помош на своите наставници, учениците подготвија богата културно-уметничка програма , со која се претставија пред многу бројната публика. Оваа година училиштето е добитник и на најпрестижното општиско признание Ноемвриска награда.

. Модна ревија на обувки и облека

Вечерва во Занаетчиски дом Куманово се одржа Модна ревија на обувки и облека, во организација на Здужение на чевлари – Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината. Оваа ревија се одржува за прв пат, по повод одбележување на празникот на градот и јубилејот 500 години, со тенденција да прерасне во традиција. Присутните имаа можност да ужуваат во моделите на обувки изработени од фирмите од нашиот град. На настанот беше прзентирана идејата на оваа здружение за изработка на чевел, симбол на чевларската индустрија, по кој нашиот град е препознатлив.

Одбележување на годишнина од доаѓањето на англиската воена мисија во село Пелинце

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше на одбележувањето на седумдесет и шест годишнината од доаѓањето на англиската воена мисија при кумановскиот партизански одред во село Пелинце. Свеченоста, по тој повод беше организирана од Здружение на Армиски и Полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово.

Средба на градоначалникот со Амбасадори на мирот

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со дел од Амбасадорите на Мирот од регионот, по повод одбележување на јубилејот петстотини години Куманово. Организатор на средбата беше Амбасадорот на мир од нашата држава г-ѓа Гордана Митровска. Присутните на градоначалникот му ги пренесоа искуствата од земјите од кај што доаѓаат и разменија идеи за понатамошна соработка.

Свечена седница по повод Празникот на градот

Денеска, по повод 11 Н      оември, Ден на ослободувањето на Куманово и 500 години од негово постоење, во Националната установа     Центар за култура Трајко Прокопиев-Куманово се одржа Свечена седница, на која свои обраќања имаа Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Советот на општината Атина Мургашанска.

Беше доделена Ноемвриска награда на истакнати поединци и правни лица. Градоначалникот Димитриевски  додели благодарници и плакети на заслужни граѓани, кои дале свој придонес за развојот на нашиот град во различни сфери од општественото живеење.

Пригодна програма на Спомен Костурница за 11 Ноември

На Спомен Костурницата денеска свечено беше одбележан 11 Ноември, Празникот на нашиот град, каде секоја година високи претставници на бројни делегации од збратимените градови, од амбасадите, како и претставници од сите општински институции, претпријатија, училишта и останатите, положија свежо цвеќе, оддавајќи им почит на паднатите борци за слобода на својот град и на овој голем ден за Куманово.

Свечен прием на делегации по повод 11 Ноември

Во просториите на Општина Куманово, денеска, на Празникот на нашиот град, ден на кој одбележуваме 500 години постоење и 75 години од ослободувањето на Куманово, Градоначалникот на општината Димитриевски ги прими сите претставници на делегациите од збратимените градови, како и делегации, со кои општината долги години соработува, а кои пристигнаа во градов по повод Јубилејот на наше Куманово.

Средба на градоначалникот Максим Димитриевски со премиерот Зоран Заев

По повод љубилејот 500 години Куманово, градоначалникот на Општина Куманово оствари средба со Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и Министерот за Внатрешни Работи Оливер Спасовски, по што заедно се упатија на изложбата “Кумановски ликовни уметници 2019”, каде што градоначалникот им се обрати на присутните и заедно ја проследија богатата палета на дела која ја сочинуваат слики изработени во најразлични ликовни техники,инсталации и видео-арт проекции, дела со традиционален начин на изразување и дела кои припаѓаат на најновите ликовни тенденции.

Потпишан Договор за збратимување помеѓу Куманово и Нови Сад

Како значаен настан од бројните активности, кои се одржаа во рамките на одбележувањето на овогодинешниот Јубилеј 500 години од постоењето на Куманово, беше потпишан Договор за збратимување помеѓу Куманово и Нови Сад, со цел успешна понатамошна соработка во различни сфери од општествениот живот на двете општини. Договорот за збратимување го потпишаа Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Свечениот чин на потпишување на Договорот за збратимување, беше одлична можност Градоначалникот Димитриевски да ги поздрави и сите присутни членови на бројните делегации, кои пристигнаа во Куманово по повод 11 Ноември, Празникот на нашиот град.