Денеска во Територијалната противпожарна единица Куманово беше промовирана новата
заштитна опрема на пожарникарите. Градоначалникот Максим Димитриевки истакна дека
општината продолжува со опремување на ТППЕ, со цел успешно извршување на нивната
задача. Пожарникарите добија триесет и три нови одела, кои ќе ги користат за гасење на
пожари на отворен простор во урбаните и руралните средини.
Амбасадорот на СР Германија во посета на општина Куманово
Денеска во прва официјална посета на општина Куманово беше Н.Е. Амбасадорот на СР Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн. На средбата Градоначалникот Димитриевски ја претстави нашата општина и разговараа за можно продлабочување на соработката во повеќе области и имплементација на заеднички проекти. По средбата се упатија во Градската болница каде од страна на Амбасадата на СР Германија беше донирана опрема за потребите на болницата.
Од утре (01.09.2020) увид во Деталниот урбанистички план на Општина Куманово ќе се врши електронски
Од утрe, први септември на официјалниот сајт на општина Куманово kumanovo.gov.mk, граѓаните по електронски пат ќе имаат увид во фактичната состојба на Деталниот урбанистички план (ДУП) и градежните парцели во општината. Секој граѓанин кој ќе сака да види што е предвидено во неговата катастерска парцела ќе може тоа да го направи преку оваа апликација.
Апликацијата е поставена на сајтот на Општина Куманово, каде граѓаните ќе можат да се регистрираат како корисници и да си дадат точки на интерес. Во однос на тоа за што се заинтересирани, тие и ќе добиваат информации (пр. дали за нивниот дел се работи некој детален урбанистички план,доколку се работи за тој дел се организира јавна анкета и презентација и тие ќе бидат известени на нивната е-маил адреса за да можат да бидат присутни)
За подетално користење на апликацијата граѓаните може да видат на следниот ЛИНК
Оваа е првичната верзија на апликацијата, а понатаму ќе работат и на нејзино надоградување, со цел да биде што е можно подостапно за граѓаните.Апликацијата е направена со средства од буцетот на Општина Куманово, а таканаречената „паметна електронска карта“ ја има изработено економскиот оператор ИНЦ системи од Скопје.
Втора вечер на Меѓународен Тамбурашки фестивал “Куманово 2020”
Меѓународен Тамбурашки фестивал “Куманово 2020”
На градскиот плоштад , вечерва започна 16-тиот Меѓународен тамбурашки фестивал „Куманово 2020“. На првата фестивалска вечер настапија македонските групи: „Табиет“ од Свети Николе, „Боеми“ од Битола, и „Синтезис“ од Скопје.Фестивалот го отвори градоначалникот Максим Димитриевски.Утре вечер ( сабота) настапуваат групите:„На здравје“, од Куманово и „Љубојна“.
Амбасадорот на Европска унија во Република Северна Македонија Самуел Жбогар во посета на општина Куманово
Денеска Амбасадорот на Европска унија во Република Северна Македонија Г-дин Самуел Жбогар оствари средба со Градоначалникот Максим Димитриевски, претседателот на Совет Атина Мургашанска и претставници од општината и општинските претпријатиа.
На средбата Градоначалникот на Амбасадорот, чии мандат наскоро завршува му додели благодарница за особени заслуги во областа на унапредување на соработката со Европската Унија, поддршката за рехабилитација и изградба на канализациона мрежа во нашиот град и подобрување на условите во образование преку реконструкција и адаптација на училишта во општината.
По средбата заедно се упатија во ЈП „Чистота и Зеленило„ каде од страна на ЕУ преку проект за изградба на современ систем за управување со отпад на источен и североисточен плански регион се набавени пет камиони.
Рома – труба фест
На Градскиот плоштад вечерва, се одржа традиционалната музичка манифестација „Рома-труба фест“.
Oваа година, на фестивалот коj се одржува по петнаесетти пат, учествуваат домашни изведувачи и тоа: оркестарот „Уска Кан Кантуров“, оркестар Кочани, „Млади Агушеви“, „Stars Band“, „Млади Таленти“, „ИСМО Бенд“, „Роберт ft. Ферчо & Bad Boys“.Химната на Ромите „Џелем џелем“ ќа ја отпее Роки Селими од Скопје, а специјален гости на вечерта ќе бидат Ферус Мустафов, Руфат-Роки Селимовски, Кеми Асанов, Нукиш Бенд и Џело Дестановски.Фестивалот го отвори Градоначалникот Максим Димитриевски.
Амбасадорите на Руската Федерација и Босна и Херцеговина во посета на Општина Куманово
Денеска во посета на Општина Куманово беа Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Сергеј Баздникин и Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија Драган Јаќимовиќ.
На средбата се разговараше за соработка во областа на образованието, економијата, науката , културата, и спортот, како и за продлабочување на досегашната соработка помеѓу Општина Куманово и општините од овие две држави.
Куманово станува седиште на Kомандата на Бригада на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) во Република Северна Македонија
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска во касарната „Боро Менков„, присуствуваше на свечена церемонија по повод отпочнување со работа на Kомандата на Бригада на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) во Република Северна Македонија. Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа министрите за Одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција.Им посакуваме добар шестгодишен престој во нашата општина
Прес за Рома-труба фест 2020 и Тамбурашки фестивал
Во четврток, петок и сабота на градскиот плоштад ќе се одржат Рома–труба фест 2020 и Меѓународниот тамбурашки фестивал „Куманово 2020“.