Концерт во организација на ДМФА “Срма”-Куманово

Вечерва во Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев”-Куманово се одржа концерт, во организација на ДМФА “Срма” од нашиот град, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, по повод Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово.

На овој културен настан беа проследени настапите на:

МКУД “Гоце Делчев”-Гетеборг, Шведска, КПД “Васо Пелагиќ”-Пелагиќево, Република Српска, СКУД “Бојаниќ”- Бојаниќ, Добој, Република Српска и ДМФА “Срма”- Куманово, Република Северна Македонија.

На вечерашниот концерт присуствуваше делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски, кој имаше свое обраќање на настанот.

Работилница за промоција на драфт верзија на Стратегија за ЛЕР

Денеска во хотел Хармонија-Куманово се одржа петтата работилница за промоција на драфт верзија на стратешкиот документ Стратегија за локален економски развој за период од 2019-2024 година, на Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) при Општина Куманово.
Споменатата Стратегија претставува процес за утврдување на почетните состојби и потреби на граѓаните, креирање позитивна визија, во која ќе се достигне светла иднина на една институција во општеството.
Во изработката на овој значаен документ беа вклучени претставници на сите целни групи од областите на делување, кои дадоа свој придонес за изработка и развивање на документов.
На работилницата имаше доволно простор за сугестии и насоки пред финализирањето на Стратегијата од страна на присутните.
Дел од настанот беа Секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска и претседателот на Совет на Општина Куманово, Атина Мургашанска.

Нови садници во централното градско подрачјe

ЈП “Чистота и зеленило”-Куманово заедно со Општина Куманово денеска засадија уште 10 листопадни дрвца, на локацијата кај Уред. Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски зеде учество во акцијата за разубавување на нашиот град.

До крајот на оваа година ќе бидат засадени 800 садници, а за целата година вкупно 8.000 дрвца.

Целта е раззеленување на градов, дишење почист воздух и намалување на загадувањето во Куманово.

Четврта сесија од проектен форум во Општина Куманово

Четврта сесија од проектен форум во Општина Куманово

Во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети”, на 31.10.2019 година (четврток), во НУЦК “Трајко Прокопиев”-Куманово ќе се одржи четвртата сесија од проектниот форум, кој Општина Куманово го спроведува во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Целта е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво, во прилог на кое тие имаат обврска да изберат проекти, коиу ќе бидат финансирани од Агенцијата.

Интензивно се работи на индустриската зона Новини Речица

Во врска со еден од капиталните проекти на Општина Куманово со Владата на Република Северна Македонија, кој се однесува на инвестиции во областа на инфраструктурата во новата индустриска зона м.в. Новини, с.Речица во Куманово, моментално се работи на изградба на дел од улици (улици “1” и “13”)  и поставување на дел од атмосферската канализација, со должина од 1210м.

Оваа зона со својот капацитет преку различна големина на парцели, урбанистички уредени за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици и сместувачки капацитети, е предмет на интерес на голем број  домашни и странски компании.

За поубаво и почисто Куманово

ЈП “Чистота и зеленило”-Куманово заедно со Општина Куманово денеска засадија 100 дрвца на локацијата кај “Му Маркет” во нашиот град. Ова е уште една преземена акција, во која беа опфатени делот покрај речното корито, на “Октомвриска револуција” и пред Автобуската станица во градов.

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски зеде учество во акцијата за разубавување на нашиот град.

Во наредниот период следуваат уште акции од ваков тип, во кои ќе бидат засадени голем број дрвца, се со цел за раззеленување на Куманово, за почист воздух и намалување на загадувањето.

Активности на “Клубови на пријателство”

Во врска со проектот “Инклузивни партнерства во заедниците” на Фондацијата “Чекор по чекор”, во кој активно се вклучени ООУ “Браќа Миладиновци”, ООУ “Христијан Карпош” и Општина Куманово, овие општински училишта први во државата формираа ученички клубови, наречени “Клуб на пријателство”.

Денес во просториите на Општина Куманово пред Градоначалникот Димитриевски се претставија учениците-членови на ученичките клубови од двете училишта, преку досегашните реализирани активности, а ги најавија и плановите за следните чекори.

 

Известување  од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 28.10.2019 год

Известување од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 28.10.2019 год

Известување

од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 28.10.2019 год.

По појава на зголемена загаденост на воздухот во тек на изминативе неколку денови,  се  одржа вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово и МВР. На состанокот се донесоа следните заклучоци и препораки:

  1. Се задолжува ЈП „Чистота и зеленило“ да врши зачестена аеросолизација и миење на улици во централно градско подрачје.
  2. Се задолжува ТППЕ Куманово да се приклучи на ЈП „Чистота и зеленило“ во миење на улиците и тротоарите во централното градско подрачје.
  3. Се задолжува Сектор за инспекциски надзор да изврши контрола кај сите правни субјекти кои заради вршење на својата дејност користат горилници, дали имаат поставено соодветни филтри и доколку немаат, да им наложат да извршат прочистување на оџаците и поставување на заштитни филтри, во најкраток можен рок.
  4. Се задолжува Одделение за заштита на животната средина и природата при Општина Куманово, да ангажира лиценциран правен субјект за анализа на квалитет на воздухот со соодветни мерења на повеќе локации во централно градско подрачје.
  5. Се задолжуваат надлежни сектори при Општина Куманово, во координација со Министерство за животна средина и просторно планирање, да предложат дополнителни локации за поставување на нови мерни инструменти за мерење на квалитет на воздухот.
  6. Од СВР Куманово, се бара да врши засилени контроли на несовесни граѓани и други правни и физички лица кои ја загадуваат околината преку фрлање на отпад надвор од местата предвидени за одлагање на смет, кои палат стрништа и друг вид на отпад, засилена контрола на моторни возила – учесници во сообраќајот како и контролирање на издувните гасови на истите.

АПЕЛ до граѓаните за разумно постапување, поточно, возилата да не се користат без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од одпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатството на производителот, редовно чистење на оџаците.

Општинси штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата со лошиот квалитет на воздухот и ќе превзема соодветни мерки.

Се одржа првиот уличен фестивал “КуманиУм”

Мултикултурниот настан “КуманиУм” е дел од проектот “Култура за Куманово-Куманово за култура”, организиран од Здружението за активизам, едукација, култура и уметност, Граѓански центар “АктивУм”-Куманово. Проектот се реализира во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, финансирана од ЕУ, а ја спроведува УНДП, со поддршка на Општина Куманово, која кофинансира дел од средствата за проектот.

На првиот уличен фестивал учествуваа уметници, актери, спортисти, пејачи, карикатуристи, креативци, пензионери, кои како мајстори во својата фела, ја претставија традицијата, наследството и мултиетничкото живеење во Куманово. Интерес предизвикаа настапите на познати музички групи, фото работилници, како и бројните акробации и огненото жонглерско шоу.

Делегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на општината, Десанка Стошевска, присуствуваа на настанот.

Презентирани два проекти во ООУ “Крсте Мисирков”-Куманово

Во ООУ “Крсте Мисирков”-Куманово се одржа презентација на два проекти: “Изработка на хидропонична градина” и “Паметна градина за здрава училишна младина”, како резултати од Повикот “Предизвик на млади истражувачи” и CEED-UPSHIFT програмата, кои беа презентирани од страна на наставниците-ментори и учениците. На настанот се обратија директорите на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, на CEED-UPSHIFT програмата, Ѓорѓи Кушевски и ООУ “Крсте Мисирков”, Александар Јовановиќ.

Делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот на општината, Димитриевски беше дел од овој настан.