Боксерскиот клуб “Куманово 84” со медали на државното првенство

Учесници на поединечното државно првенство во бокс, кое се одржа во Охрид, Р.Северна Македонија, беа и членовите на боксерскиот клуб “Куманово 84”. На средбата со Градоначалникот Димитриевски тие ги истакнаа четирите медали,со кои се закитија на одржаното првенство и тоа од четворица учесници, тројца се бореа во финале, освојувајќи 3 сребрени и 1 бронзен медал.

Инклузивно игралиште за деца со посебни потреби во ООУ “Браќа Миладиновци”

Со цел создавање услови за рекреација за лица со попреченост, преку обезбедување и поставување на соодветна урбана опрема, Здруженијата “Инклузива” и “Порака Наша” заедно со Општина Куманово и училиштата, како активност во рамките на Повикот “Грантови за локални инклузивни партнерства” на проектот “Инклузивни партнерства на заедницата” на Фондацијата “Чекор по чекор”, денеска доделија донација на ООУ “Браќа Миладиновци”-Куманово-инклузивно игралиште за сите деца со посебни потреби на ниво на општината.

Делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот Димитриевски, кој го пушти во употреба игралиштето, беа дел од настанот.

Општина Куманово со корисничко право на четири спортски објекти

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и В.Д. директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти во сопственост на Република Северна Македонија, Хајредин Шпенди денеска потпишаа Договор за отстапување на корисничко право на спортско-рекреативниот центар Спортска сала, Градскиот стадион, Градско стрелиште и  спортскиот комплекс Соколана. Овие објекти и се дадени на Општина Куманово на трајно користење, кои  беа посетени од страна на Градоначалникот, директорот на претпријатието и Даниел Димевски,надворешен соработник за прашања во областа на спортот и унапредување на спортот во РС Македонија и потоа беше потпишан договорот.

https://www.youtube.com/watch?v=Y_9rDIPdr84&feature=youtu.be

 

 

Свечено пуштање на училишната спортска сала во ООУ “Јероним Де Рада”-с.Черкези

Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука-“145 спортски сали”, согласно направениот Договор, завршија активностите за изградбата на училишната спортска сала во ООУ “Јероним Де Рада”-с.Черкези, Куманово.

На свеченото пуштање во употреба на спортската сала во ова училиште присуствуваа Арбер Адеми, Министер за образование, Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, Бујар Османи заменик на претседателот на Владата,задолжен за европски прашања, Максим Димитриевски, Градоначалник на Општина Куманово, претставници од Секторот за образование при Општина Куманово.

Градоначалникот Димитриевски ги повика претставниците на Владата на Р.Северна Македонија да продолжат со инвестиции во училишната инфраструктура во нашата општина, воедно заблагодарувајќи се оваа значајна инвестиција, со цел подобрување на работните услови за квалитетно одвивање на образовниот процес, за развој на квалитетни генерации ученици.

Делегација на Општина Куманово положи свежо цвеќе на Спомен-Костурница Зебрњак

По повод 107-години од Кумановската битка на Зебрњак, која го означи почетокот на падот на Отоманската империја, во чест на паднатите херои, делегации на Општина Куманово и Совет на Општина Куманово положија свежо цвеќе на Спомен-Костурница Зебрњак.

Пред присутните се обрати Државниот секретар на Министерството за труд, вработување, социјални прашања на Република Србија, Зоран Антиќ, а присуствуваше и Амбасадорот на Република Србија во Република Северна Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.

Промоција на “Живот у Куманово пред 60, 70 и повише године” на Мирко Зафировски

Вечерва во Занаетчискиот дом-Куманово се одржа промоција на книгата “Живот у Куманово пред 60, 70 и повише године” на Мирко Зафировски. Настанот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондација за култура и спорт-Куманово.

Делегација од Општина Куманово беше присутна на овој културен настан, следејќи ја промоцијата на приказната на авторот за едно минато време во наше Куманово, богато со 60 занаети, безгрижни игри на децата, прочуеното Корзо, киното, незаборавни седенки за слави, свадби. Авторот Зафировски во книгата го потенцира користењето на најважното нешто во животот-времето, кое никогаш не можеме да го вратиме.

Оваа книга е напишана на кумановски дијалект, кој му дава посебен белег на делото и во него се поместени 120 зборови на кумановски дијалект, кои се заборавени или непознати за припадниците на младата популација.

Промоцијата ја збогатија и неколку музички точки на познати кумановски музички изведувачи.

Општина Куманово зеде учество на завршната манифестација “Светски конгрес на претприемачи”

Делегација на Општина Куманово, претставена од градоначалникот Максим Димитриевски зеде учестуво на завршната манифестација “Светски конгрес на претприемачи” одржана на 18,10,2019 во просториите на МАНУ .
На самиот настан Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот економски форум ПЕРСПЕКТИВ, за спроведување на конкретни активности на Општина Куманово во рамките за одбележување на „500-годишнината од одбележување на градот Куманово“.

Продолжуваме заедно кон нови предизвици и признанија

По повод признанието Голема плакета на Армијата на Република Северна Македонија  за соработка и врвни постигања, како највисоко признание на надворешен субјект и  наградата “Глобал Локал”, како награда за најдобрите заедници и институции за креирање на добар амбиент за развој на претприемништво, кои му беа врачени на Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, беше споделена со вработените од Општина Куманово, со намера да продолжиме сите заеднички да работиме на одржлив развој во сите сфери од живеењето, како основа за подобро функционирање во нашата општествена заедница.

Продолжува процесот на поставување и замена на улично осветлување

Во врска со Договорот за јавно-приватно партнерство за осветлување во Куманово, преку фирмата “ИЦС Системи”-Р.Чешка со подружница во Охрид, за поставување на ново осветлување и подобрување на мрежата на јавните прометни површини со штедливи лед светилки и рефлектори со модерен систем за управување, Општинската комисија со претставници од надзорот и изведувачот излегоа на терен, извршувајќи мерења на старите и нови улични светилки на 27 улици во центарот на градот. Интензивно се работи на замена на осветлувањето, проследено со редовна контрола.

Признание за Општина Куманово за особени залагања преку креативни идеи и решенија до одржлив развој на претприемништво

Во врска со Проектот за промоција и наградување на најдобрите заедници и институции за креирање на добар амбиент за развој на претприемништво во Средна и Југоисточна Европа “Глобал Локал”, со цел на пошироката  јавност да и бидат претставени посебно успешните локални и регионални заедници, како и јавни институции, кои во денешното динамично секојдневие, преку оригинални решенија и креативните идеи, значајно допринесуваат за одржлив развој на претприемништвото, како основа за развој на заедницата и човекот, јавно им беше оддадено признание на најзаслужните, меѓу кои лауреат со награда и признание е и Општина Куманово.

Оваа престижна награда за Општина Куманово, на промоцијата на Лауреати ја прими Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.

Свеченоста на доделувањето на наградите и признанијата  “Глобал Локал” се одржа во рамките на официјалната програма на Светскиот конгрес на претприемачи, со цел претставување на проектот и огромното значење на развојот на претприемништвото за севкупен економски и друштвен развој, кој се одржува во Скопје, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.