Традиционален турнир во пинг понг

Во рамките на програмаата за прослава на 11 Октомври денеска се одржа традиционален турнир во пинг понг кадетска конкуренција. Турнирот е во организација на Општински сојуз на спортови Куманово и пинг понг клуб ,,Куманово”, a со поддршка на Општина Куманово и Советот на Општина Куманово.

Атлетска трка низ улиците на Куманово

Центарот за интеркултурен дијалог-Куманово организираше атлетска трка низ улиците на Куманово, која едел од проектот Run 4 inclusion, имплементиран во соработка со Здружение за социјална промоција Ла Фениче-Италија, Хираиф СИС-Велс, ОБСЕ Мисија во Скопје, Општина Куманово, СВР, Црвен Крст и Здравствен дом од Куманово.Главна цел на проектот е да се сплотат етнички поделените заедници и преку спортските настани да се промовира духот на соживот и меѓусебна доверба.

Велосипедска трка“Трофеј 11 Октомври 2019”

По одржаната велосипедска трка“Трофеј 11 Октомври 2019”, организирана од страна на Велосипедскиот клуб Вело М и Општинскиот сојуз на спортови Куманово, Градоначалникот Димитриевски, им додели награди на најдобрите на трката, која се одржа како уште една во низата спортски настани за Денот на народното востание, 11 Октомври. Доделувањето се одржа пред Спортската сала во градов.

Тактичко-технички збор во организација на АРСМ по повод 11 Октомври

Во рамките на активностите по повод Денот на народното востание, 11 Октомври на Градскиот плоштад во нашиот град се одржа Тактичко-технички збор, во организација на Армијата на Република Северна Македонија. Присутните гости и граѓаниги погледнаадел од опремата и вооружувањето на Армијата на Република Северна Македонија, кои беа изложени.

Одбележување на празникот 11 Октомври на Спомен Костурница

По повод 11 Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот, на Спомен Костурницаво Куманово, како заедничко чествување на Куманово и Прилеп, се одржа пригодна свеченост, на која присуствуваа и со пригодна реч се обратија Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претставник од Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војнана Македонија, претседателот на главениот одбор-Скопје Никола Стојановски и Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. Дел од свеченото одбележување на Празникот беа и бројни делегации, кои секоја година положуваат свежо цвеќе, со цел да им оддадат почит на паднатите борци во борбата за слобода на македонскиот народ. Свеченото одбележување беше збогатено и со кратка пригодна програма, во рамките на која присутните гости имаа можност да проследат рецитал и неколку музички точки.

Современ и модерен систем на осветлување во Куманово

Согласно потпишаниот договор за јавно-приватно партнерство за осветлување на градов, преку фирмата “ИЦС Системи”-Р.Чешка со подружница во Охрид, која се обврза да вложи во поставување на ново осветлување и подобрување на мрежата на јавните прометни површини со штедливи лед светилки и рефлектори на 9.340 светлечки места со модерен систем за управување во Куманово, во октомври, на следниве места е извршено целосно демонтирање на стари арматури и вандерми и монтирање на нови LED 20W светилки :  улицитe-“Железничка”, ‘Мирче Ацев”, “Вера Циривири”, “Милан Лисица”, “Страшко Арсов”, “4-ти Јули”, “Божидар Мицковиќ”, “Есперанто”, “Титова Митровачка”, “Александар Здравковиќ”, “Егејска Македонија”, “Јоско Илиевски” и ,,Салтир Наумов”. Во селата: Студена Бара, Брзак, Агино село, Умин Дол, Ново село, Љубодраг.

Делумно демонтирање на стари арматури и вандерми и монтирање на нови LED 20W светилки е извршено на следниве локации во градов: “Иво Лола Рибар”, Бабин Дол, Ајдучка чешма, с.Черкези.

Во рамките на оваа значајна активност, извршено е целосно монтирање на 740 нови  светилки, а делумно се монтирани 452 светилки.

Културен настан во рамките на заедничко одбележување на 11 Октомври на Куманово и Прилеп

Делегација од Општина Куманово предводена од Градоначалникот на Општината Максим Димитриевски, гостуваа во Прилеп, по повод активностите предвидени во рамките на заедничкото одбележување на Куманово и Прилеп-78 години од значајниот датум во македонската историја 11 октомври.  Присуствуваа на поставената Изложба од Ликовната колонија Куманово 2018, во Центарот на современа ликовна уметност-Прилеп, на која беа изложени повеќе од 15 дела на уметници од: Р.С.Македонија, Србија, Бугарија, Рoмaнија и Чешка.

 

Празничен прес на Градоначалникот Димитривски по повод ,,11 Октомври”

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа Прес по повод 11 Октомври, Ден на народното востание, на кој се обратија Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и Директорот на Фондацијата за култура и спорт-Куманово, Нино Величковски.

Градоначалникот Димитриевски упати искрени честитки до сите граѓани за 11 Октомври, кој секоја година достоинствено го одбележуваме, преку бројни културни и спортски настани во Куманово. Преку медиумите ги покани граѓаните масовно да излезат на Спомен Костурница, за да сите заедно им оддадеме почит на паднатите борци за слобода и да го испочитуваме овој значаен датум од македонската историја.

Директорот на Фондацијата за култура и спорт Величковски информираше за сите културни и спортски настани, кои ќе се одржат, како неизоставен дел од предвидената програма за одбележување на 11 Октомври.

Од бројните празнични активности, беше упатена покана и за промоцијата на новата преработка на песната “Јовка Кумановка” на познатата македонска група Next time.

 

 

Долгогодишно постоење со успешни генерации на ученици

По повод патрониот празник на ООУ “11 Октомври”-Куманово, денеска делегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на општината, г-ѓа Десанка Стошевска и претставници од Секторот за образование при Општина Куманово, присуствуваа на Свечената приредба, организирана од страна на училиштето, кое гордо го носи името 11 Октомври, датум кој има значење на голем настан од македонската историја.

Одбележувањето на патрониот празник на училиштето, во чии рамки се одржани повеќе активности, е под мотото “55 години, ГОРД ученик во ГОРДО УЧИЛИШТЕ”.

За здрави, образовани и среќни детски лица

По повод Детската недела, која секоја година се одбележува во првата полна недела од октомври, денеска Градоначалникот Димитриевски ги пречека претставниците од Здружението за грижи и воспитување на деца-Куманово, најмалите од ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче”, учениците од општинските основни и средни училишта од различни одделенија со своите наставници. Оваа година мотото на Детската недела гласи “Имаме право на среќно детство”.

Градоначалникот Димитриевски на сите ученици во прво одделение им го честита приемот во редовите на Детската организација, нагласувајќи дека децата треба да ги знаат своите права и обврски, кои треба да ги исполнуваат, но дека мора да се работи и со родителите, бидејќи домашното воспитување е основата на оформувањето како личност на секое дете.

Децата од Градинката и учениците од основните училишта пред Градоначникот се претставија со стихотворби и му подарија лично изработени цртежи за оваа прилика.