Иднината на градот е во рацете на младите, кои ја креираат визијата за негов урбанистички развој

“Општина Куманово, има потпишано договор за соработка со Архитектонски факултет “Андреја Дамјанов” – Скопје (УКИМ), и денеска започнаа со уште една соработка. Студентите од факултетот, под менторство на Проф.Др. Анета Христова-Поповска ќе изработуваат неколку идејни решенија за средно училиште, на две можни локации во градот, а изготвените решенија ќе бидат презентирани пред граѓаните на Куманово. Во самите решенија покрај објектот, проектната задача ќе биде да се опфати и поширокото опкружување и прилагодување на јавниот простор во функција на граѓаните. Пред присутните студенти се обрати и Градоначалникот на Општина Куманово г-дин Максим Димитриевски, кој им посака успешна работа и посочи дека иднината на градот е токму во нивни раце, кои како млади архитекти и уметници пред се, со авангардни идеји, но и почит кон минатото, треба да ја дадат визијата за урбнистичкиот развој на градот. Соработка се реализира преку Секторот за урбанизам од Општина Куманово, од каде како претставник се обрати Раководителот на Одделението за спроведување на урбанистичка документација Александар Гелевски, кој пред студентите ги изнесе основните податоци за развојот на градот, историјатот на урбанистичкото планирање и ги посочи позначајните објекти во градот од историски и архитектонски аспек, а на студентите им посака успех во изготвување на идејните решенија. Оваа година покрај јубилејот 500 години од постоењето на градот Куманово, Архитектонскиот факултет од Скопје, слави јубилеј 70 години од неговото формирање и непрекината работа.”

,,Ослободување на нашите умови од стереотипни идеи”-проект од Програмата на Еразмус +.

,,Ослободување на нашите умови од стереотипни идеи”е проект од Програмата на Еразмус +.

Овој проект се реализира во временски период од 2018 г. до 2020 година, чиј кординатор е Португалија, а партнери на проектот се: Турција,Романија, Литванија и Република Северна Македонија.Темата на проектот е религија.Учениците изработуваат постери, поеми, скечеви и презентации на зададената тема, кои подоцна ги презентираат, а истовремено и посетуваат верски објекти во Куманово, Скопје и Охрид.

 

Програмата за одбележување на празникот ,,11 Октомври”

Почитувани сограѓани,

Од името на Градоначалникот и Советот  на Општина Куманово, Ве покануваме заеднички да го одбележиме 11 Октомври-Ден на народното востание и Ден на борецот, со цел достојно да го испочитуваме овој значаен датум од македонската историја, како симбол на македонската борба за слобода, преку бројни активности, кои спаѓаат во рамките на Програмата за одбележување на празникот.

Промоција на новата преработка на песната “Јовка Кумановка” од NextTime

Во Петок (11.10.2019) со почеток во 20:00 часот во НУЦК “Трајко Прокопиев” ќе се одржи промоција на новата преработка од NextTime на песната “Јовка Кумановка”.

Влезот е слободен за сите граѓани.

Настанот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во организација на Фондација за култура и спорт во Општина Куманово.

Посета на Хрватскиот в.д. Амбасадор во Општина Куманово

Денеска во работна посета на Општина Куманово беше Хрватскиот в.д. Амбасадор Владо Узелац, кој оствари средба со Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Повод за посетата е и гостувањето на Градскиот театар од Винковци Република Хрватска, кои учествуваат на Денови на Комедија 2019.

Градски театар од Винковци во посета на општина Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со директорот на Градски театар од Винковци и новинари од Република Хрватска по повод нивното гостување на Денови на комедија.

Средба на Градоначалникот Димитриевски со актерите од ,,Бегалка”

Средба со актерите од првата постава на претставата Бегалка од 1971 година и актерите од денешнава модерна верзија на претставата која премиерно ќе се изведе на 15 октомври.
Очекуваме успешна изведба на оваа култна претстава за Куманово.

Оддржан прв работен состанок на тематска проблемска работна група формирана под надлежност од страна на Локален Совет за Превенција

Денеска во просториите на Општина Куманово беше оддржан прв состанок на Тематската работна група за Заштита на животната средина во општина Куманово. Оваа работна група има за цел да ги согледа проблемите од областа на животната средина со кои се соочува Куманово, со ставање на посебен акцент врз управувањето со отпад, чистењето на ѓубриштата кои секојдневно ни се појавуваат во градот и подигање на јавна свест преку реализирање на одредени еколошки акции. Минатата недела по повод Светскиот ден за чистење ова тело ја организираше најголемата акција за собирање на отпад до сега, заедно со невладините организации Кумановски акцијаши, Не биди ѓубре и Го Грин, каде што исто така се вклучија вработените од неколку училишта заедно со своите ученици. Денеска Тематската работна група имаше конструктивен состанок од каде произлегоа многу предлози за конкретни активности што во иднина ќе се превземат со цел изготовка на квалитетен Акциски план, кој треба да оди на усвојување на Советот на општина Куманово, а преку кој треба да се подобри животната средина во нашиот град. Со ова ги повикуваме сите оние граѓани кои ќе изразат желба за оваа убава иницијатива да ни се приклучат и да дадат свој допринос во еколошките акции кои следат или да ни дадат свои идеи како може да ја подобриме средината во која живееме. Предлозите можат да ги достават директно на нашата веб страна или на следниот емаил dchungurski@gmail.com
Координатор Драган Чунгурски

Прочитај Повеќе