Градоначалникот Димитриевски присуствуваше на Форум на Изборното собрание на Асоцијацијата на градови носители на порака на мирот

Делегација на општина Куманово предводена од градоначалникот Максим Димитриевски овој викенд присуствуваше на Изборното собрание на Асоцијацијата на градови носители на порака на мирот која е формирана под покровителство на ОН а во која Куманово е член од 2009 година. Покрај избор на нови членови на органите на асоцијацијата на форумот се донесе резолуција поврзана со бегалската криза и заштита на животната средина како причини за дестабилизација на мирот и безбедноста во регионов и светот. Куманово повторно е реизбрано да биде член на управниот одбор со мандат од четири години заедно со  Волгоград (Русија), Ковентри (Велика Британија), Абуџан (Брегот на Слонова Коска), Крагујевац (Србија) , Морфо (Кипар), Пошоск (Полска),Словене Градец (Словенија) и Зуријек (Малта). Во рамки на посетата градоначалникот Димитриевски оствари и работна средба со градоначалникот на Сараево г-дин Абдулах Скака. Куманово беше домаќин на ваков настан во 2015 година.

Фото изложба ,,Кина во моите очи”

По повод 70-годишнината од основањето nа Народна Република Кина , а во организација на Амбасадата на Народна Република Кина, општина Куманово и Друштвото за македонско-кинеско пријателство беше отворена фото-изложба ,,Кина во моите очи”. На изложбата свое обраќање имаше новоименуваниот Амбасадор на Народна Република Кина,неговата екселенција  г-дин Џанг Ѕуо, Секретарот на Општина Куманово г-ѓа Десанка Стошевска и претседателот на друштвото за македонско-кинеско пријателство г-дин Љубчо Маленков.

Традиционална саемска манифестација ,,Денови на мед”

Денеска од страна на Секретарот на Општина Куманово Десанка Стошевска беше отворена традиционалната саемска манифестација ,,Денови на мед” која оваа година се одржува по јубилеен 20-ти пат и ќе трае три дена. На оваа манифестација своите производи ќе ги изложат не само пчеларите од нашиот град туку и од регионот.

Концерт на Маргица Антевска

 Вечерва во центарот за култура Трајко Прокопиев се одржа концерт на нашата сограѓанка Маргица Антевска, по повод 50 години музичка кариера. Пред почетокот на концертот се обрати Секретарот на општина Куманово Десанка Стошевска, која истакна дека Куманово е град, кои се гордее со вакви музички уметници. Инаку коцертот е дел од програмата за одбележување на 500 години Куманово, подржан од општината и Министерство за култура.

 

Денеска се одржа третата форумска сесија од проектниот форум во организација на општина Куманово и УНДП

Денеска во НУЦ „Трајко Прокопиев“ се одржа третата сесија од Проектниот форум, што го организира Општина Куманово со соработка со УНДП. Пред граѓаните беа презентирани девет предлог проекти, што во изминатиот период од еден месец ги работеа работните групи, составени од граѓани, учесници на форумот. Предлог проектите тематски се од областа социјлната инклузија. Предложените проекти се однесуваат на повеќе потреби, детектирани од граѓаните и тоа: Опремување и адаптација на Градската библиотека со компјутери и книги за слепи лица и лица со посебни потреби, потоа на отворање на Центар за помош на деца на разведени родители; основање на Хаб – центар за млади и млади таленти; потоа Создавање на сервис за стари лица со вклучување на волонтери ; Адаптација на покрив и столарија во ООУ „Браќа Миладиновци“, оформување на Спортски катчиња за урбана и рурални средини со простор за спортување на деца со посебни потреби, Инфрастрктура за лица со попречености, а предложени се и два предлог проекти за отворање на Центтр за ран детски развој во с. Доброшане и во с.Умин Дол. На сесијата се одлучи кои од предложените проекти ги исполнуваат критериумите за избор на проект за разгледување на четвртата сесија, која е гласачка сесија. На четвртата сесија, граѓаните со право на глас, ќе одлучуваат на кои проекти треба да им се додели проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци, обезбеден од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку имплементаторот УНДП. За потсетување целтта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF). Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.

Продажен базар на уникатни предмети во витраж техника

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше и се обрати на завршната манифестација – продажен базар, што е дел од проектот „Традицијата низ слики„.Истиот го реализира здужението „Колото на српските сестри од Куманово, во соработка со партнерските здруженија „Мајка„,„Сирма„ и „Куманово – Виор„.На базарот беа изложени предмети во витраж техника, а средствата од истите ќе бидат донирани.Проектот „Традиција низ слики“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во западен балкан (ReLOAD) која е финсисрана од Европската Унија, а се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Петок и сабота ART ATTACK фестивал во Куманово

Во петок и сабота со почеток во 20:00 часот на градскиот плоштад на две бини (пред НУЦК “Трајко Прокопиев„ и пред споменикот Жена Борец), за прв пат оваа година ќе се одржи фестивалот ART ATTACK. Истиот е во организација на Фондација за култура и спор, со поддршка на Општина Куманово и Министерство за култура.

 

Состанок на Локален совет за превенција

Општина Куманово во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово, денеска  одржаа состанок на Локален совет  за превенција на тема: Справување со диви депонии, загадување и уништување на јавен имот. По оддржаниот состанок беа донесени следниве заклучоци:

  • На денешниот состанок е формирана тематска проблемска работна група за заштита на животна средина која е составена од седум члена, која во период од една недела ќе прибира предлози и идеи за конкретни активности кои ќе бидат ставени во Акциски план,
  • До донесувањето на Акцискиот план, во септември и октомври да се организираат повеќе акции на терен на веќе лоцирани критични локации со учество на претставници од институции, невладини организации и граѓани од конкретни подрачја за чистење и подигање на јавната свест,
  • Учество на ТВ емисии каде што ќе се информира и разговара за последиците од загадувањето, справувањето со диви депонии, информација за одлагање на разни видови на отпад и вклучувањето на институциите, невладините организации и граѓаните,
  • Изнаоѓање на можност за воведување на втора смена односно дежурства на комунален инспектор и комунален редар заради поуспешна и поефикасна контрола на терен во соработка со полицијата и граѓаните,
  • Останатите предлози и идеи за поставување на табли, емитување на спотови на телевизија за подигање на јавната свест, рекламна кампања, едукација во училишта, еко патроли и други форми за подигање на јавната свест ќе бидат еден дел од предлозите и идеите преточени во Акциски план.

 

Како еден општ заклучок е заеднички сите, почнувајќи од Совет на Општина Куманово, институции, граѓани, невладини организации да се вклучат и да дадат свој допринос во зајакнување на граѓанската совест, како и пријавување на загадувачите на животната средина.

“Заедно за граѓаните“

На Градскиот плоштадот денеска се одржа настан „Заедно за граѓаните“, на кој пред присутните беа презентирани показни вежби, активности, сервисни информации и услуги кои граѓаните можат да ги добијат од институциите. Настанот кој се одржува по повод празникот 8 ми Септември е во организација на Општина Куманово ,СВР, Територијалната противпожарна единица,  Црвен Крст и Итната медицинска помош.Оваа година манифестацијата е посветена на поголема безбедност во сообраќајот, потребата за поголема сообраќајна култура, почитување на сообраќајните правила и прописи, како и да не се уништува сообраќајната инфраструктура.