Успешно заврши петнаесетиот Тамбурашки фестивал

Денеска директорот на фондација за Култура и спорт, Нино Величковски, на прес конференција се заблагодари на учесниците на  петнаесети тамбурашки фестивал кој се одржа викендов на Градскиот плоштад. Пред многубројната публика двата вечери се претставија „Кумановски тамбураши“, со вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, „Велос“ од Нови Сад, „Пљевља„ со солистката Тања Шетер, од Црна Гора, Големиот тамбурашки оркестар на РТ „Војводина“ од Нови Сад, со специјалната гостинка Биљана Биља Крстиќ, „Трио гранде“ од Кавадарци, “Хрватски дом Велс“ од Австрија, а фестивалот го затвори Влатко Стефановски – трио и Мандолински оркестар Скопје, диригент Ерхан Шукри. Фестивалот е под покровителство на Општина Куманово и Министерство за култура.

Дводневна работилница на тема: „Промоција на локалната демократија и намалување на радикализација на локално ниво преку стории на животот

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска учествуваше на работилница со наслов „Промоција на локалната демократија и намалување на радикализацијата на локално ниво преку стории на животот„ која се одржа во Куманово. Настаон е во организација  на Институтот за Демократија и Развој во соработка со амбасадата на Соединети Американски Држави. На работилницата се обратија меѓународни панелисти од областа на превенција и соочувње со насилен екстремизам од Хашкиот центар за анти-тероризам, како и експерти од земјава.

За време на работилницата се прикажаа и резултатите од истражувањата во рамки на оваа програма на темата „Соочување со радикализацијата преку стории на животот во Северна Македонија кои се произлезени и обработени од интервјуата реализирани од страна на експертите на програмата. Исто така присутните на работилницата имаа можност да проследат  видео – матерјал за стории на животот на оваа проблематика, снимени последните две години.

На првиот ден од работилницата (26 август, понеделник)учествуваа претставници на локалната власт, Владата,верските заедници, меѓународните мисии, како и експерти, додека за утре (27 август, вторник) е предвидено присуство на млади, претставници на цивилно општество, истаржувачи, експерти, претставници на образовниот сектор и директори на училишта.

Прва фестивалска вечер од Тамбурашкиот Фестивал

На градскиот плоштад во Куманово вечерва се одржа првата фестивалска вечер одпетнаесеттиот по ред Меѓународен Тамбурашки Фестивал Кумманово 2019. Фестивалот   го   отвори   градоначалникот   Максим   Димитриевски   кој   ги   поздравиприсутните, а во своето обраќање истакна дека Тамбурашкиот фестивал кој прераснаво традиција, со својата богата и квалитетна програма прави Куманово да биде градна културата во вистинска смисла на зборот. Пред бројната публика,  оваа фестивалска вечер настапи  домашниот   Тамбурашкиоркестар „Кумановски тамбураши“ со вокалните солисти Нино Величковски и СандраМилковска, Т.С. „Велос“ од Нови Сад, Г.Т.О.„Пљевља“ од Црна Гора со вокалниотсолист Тања Шетер, како и „Големиот тамбурашки оркестар на Р.Т. Војводина“ одНови Сад со специјалниот гост на вечерта – Биљана Биља Крстиќ.Втората фестивалска вечер започнува утре во 20  часот и 30  минути на градскиот плоштад.

Работна средба на Градоначалникот со Амбасадорот на Црна Гора

Во просториите на Општина Куманово денеска градоначалникот Максим Димитриевски оствари прва официјална средба со амбасадорот на Република Црна Гора во Република Северна Македонија, Марија Петровиќ. На работната средба се разговараше за односите помеѓу двете земји и за отворање на нови можности за продлабочување на соработката со Општина Куманово во областа на културата и економскиот развој. На средбата присуствуваше и делагиција од Бијело ПољеЦрна Гора, чии членови се учесници на вечерашниот Тамбурашки Фестивал.

Изложба на фотографии и промоција на монографија во чест на Драгомир Шојиќ

Вечерва во фоајето на НУЦК „Трајко Прокопиев“ беше отворена изложбата  во чест на Драгомир Шојиќ насловена како „Човек – Оркестар“. Изложени беа околу 22 фотографии од Душко Доцевски, кои го отсликуваат животот и делото на музичарот. Во склоп на изложбата беше промовирана и монографијата „Тамбурата на Шојиќ“ која е дело на Јордан Т. Пачков.

Настанот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.

15-ти Јубилеен Меѓународен Тамбурашки Фестивал

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондацијата за култура и спорт, со поддршка од Министерството за култура, на 23 и 24 август (петок и сабота) на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи 15-ти Меѓународен тамбурашки фестивал – Куманово 2019.

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К  до  евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект  “Креирање можности за работа за сите – Главна фаза”

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект “Креирање можности за работа за сите – Главна фаза”

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Куманово Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и за соработка, на ден 21.08.2019 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект

Креирање можности за работа за сите – Главна фаза

 Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект Креирање можности за работа за сите – Главна фаза

за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

  • Роми ( активни баратели) корисници на Гарантирана Минимална Помош ( ГМП)  со минимум завршено ССС и
  • Лица со Попреченост ( активни баратели на работа) со минимум завршено ССС .

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  • 3 ментори за ученици од 2 до 9 одделение
  • 7 ментори за ученици од прво одделение

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 21.08.2019 година до 30.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Oпштина  Куманово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Oпштина Куманово кај лицето Ахмет Јашаревски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово  кај лицето Милорад Тренчевски,  Центар за социјлна работа Куманово кај лицето Александра Арсовска.

 

 

Повик за учество во изготвување на Планот за одржлива урбана мобилност

Општина Кумамново започна со активностите за подготовка на План за одржлива урбана мобилност-ПОУМ. Со цел активно вклучување на граѓаните во процесот, достапен е анкетен прашалник со чие пополнување се дава значаен придонес во процесот на остварувањето на визијата за урбано Куманово. Вашето мислење преку пополнување на прашалниците ќе може да го искажете заклучно до 06.09.2019 година.

Анкетниот прашалник може да се пополни електронски, на веб страната на Општина Куманово на следниот  ЛИНК  или писмено во просториите на општината.

Работна средба помеѓу градоначалниците на Општина Куманово и Општина Бујановац

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска во Општина Куманово оствари работна средба со делегација од Општина Бујановац, предводена од Градоначалникот на Општина Бујановац Шаип Камбери. На средбата присуствуваа и Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и претставници на општинската администрација од Општина Куманово и Општина Бујановац.

На средбата се дискутираше за можната прекугранична соработка помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија во рамките на CBC, за потенцијалните проекти меѓу двете општини кои ќе имаат за цел взаемно развивање и вмрежување, од што главниот бенефит ќе го искористат граѓаните, а воедно беа разменити искуства и од работењето и функционирањето на општините.

„Одржлива урбана мобилност во земјите на ЈИЕ“ – втора обука за подготовка на активности во оваа област

Претставници на Општина Куманово учествуваа на втората обука од активностите на Проектот ,,Поддршка на единиците на локалната власт на Република Северна Македонија во промоција на одржлива урбана мобилност“ , што го реализира ЗЕЛС во соработка со Германската агенција за меѓународен развој (GIZ) “.

Планот за одржлива урбана мобилност-ПОУМ, за кој Општина Куманово аплицираше на јавен повик е во втората фаза од активностите на проектот. Целта на истиот е да стави акцент на активно вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот на планирање на модел на оптимални трошоци и иновативност, зголемување на удобноста на живеењето на граѓаните, зголемена мобилност и достапност, подобрување на животната средина и здравјето на луѓето, донесување на одлуки поддржани од заинтересираните страни и граѓаните, пристап до нови извори на финансирање и пред сˋе, подобра слика на градот. Со ваквото планирање се нагласува потребата од поголем простор за граѓаните, зеленилото, подобрување на јавниот превоз и се дава предност на обезбедување на услови за користење на велосипеди, воспоставување на забранети зони за сообраќај, потоа користење на катни паркиралишта и друго.

Граѓаните на Општина Куманово од денеска, па се до 6 септември ќе имаат можност актвно да се вклучат во креирањето на Планот за одржлива урбана мобилност, да ги искажат своите инцијативи и мислења со учество во анкетата која е достапна на веб страната на општината, а со тоа и да придонесат да се обезбеди дефинирање на вистинските проблеми при мобилноста во Куманово, со цел изнаоѓање на квалитетни решенија за истите.

За разлика од традиционалниот пристап на планирање, кој се однесува само на возилата и сообраќајот, планирањето на мобилноста е инклузивен и партиципативен. „Sustainable urban mobility planning- SUMP“ или Одржливата урбана мобилност е воспоставена практика во Европската унија. Досега, многу европски градови имаат имплементирано вакви урбани планови и имаат преземено низа активности во оваа насока.