Одбележан националниот празник Илинден во Пелинце

Денеска во Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце беше одбележан големиот државен празник 2 август –Илинден. За Денот на Републиката со пригоден говор се обрати Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.  На свеченото одбележување, пред споменикот на АСНОМ свежо цвеќе положи делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.

 

 

Честитка на Градоначалникот Максим Димитриевски по повод 2 Август

Од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Куманово Ви го честитам големиот македонски национален празник и православен празник, 2 август.

Денот на Републиката е голем државен празник на Македонија, кој се прославува во знак на сеќавање на два големи настани (Илинденското востание – 1903 год. и Првото заседание на АСНОМ – 1944 год.), кои се случиле на овој датум и со кои се удрени темелите на македонската државност.

До сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрена честитка и за големиот верски празник, во чест на пророкот Св. Илија.

Донација за ООУ “Христијан Карпош”

Денеска учениците од ООУ “Христијан Карпош” добија таблети  и 10 ГБ интернет за следење на настава од далечина. Оваа донација е преку   проектот “Подобрување на средината за учење на учениците во основно образование” (Код на проектот МАС 132) на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце-Тетово, финансиски поддржан преку ургентниот фонд на ромскиот образовен фонд. Освен општина Куманово во овој проект се опфатени и општините: Кичево, Кочани, Берово, Битола, Прилеп, Штип, Виница и Делчево. На настанот присуствуваа претставници од општина Куманово и директорот на ромски едукативен фонд Реџеп Али Чупи.

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и шестти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 22.07.2020 година (среда)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Бараме од Влада на РСМ во соработка со Општина Куманово да пристапи на зголемување на капацитети на болницата за третирање на пациенти со COVID -19, со подготовка на COVID болница на простор утврден од Општина Куманово и Министерство за здравство и заедничко инвестирање, со цел да се зголеми капацитетот на Општа болница Куманово и да се подготвиме за евентуалните пикови во наредниот период на ковид кризата.
  • ОШЗС заклучува дека дејствувањата на МВР на територија на Општина Куманово во однос на заклучоците и уредбите на Владата на Република Северна Македонија во однос на почитување на мерките се на незадоволително ниво ( не се превземаат доволно превентивни и репресивни мерки од страна на полицијата во извршување на задачите за спречување на CIVID – 19 кризата во смисла на опоменување на поголеми групи во одредени делови на градот, непочитување на социјална дистанца, неносење на заштитна маска и други препораки од Комисијата за заразни болести). Во однос на варијабилниот пораст на нови случаи со COVID -19 на територија на Општина Куманово и североисточниот регион бараме итно дејствување од страна на МВР за да се спречи евентуално зголемување на нови случаи, кои што се последица на непочитување и неодговорно однесување на граѓаните.
  • Бараме од Влада на РСМ и надлежните државни органи да направат увид во делот на организациска поставеност во банките и други приватни јавни институции, кои вршат услужна дејност, како и уплата и исплата на парични средства на граѓаните, дистрибуција на вредносни ваучери и изнаоѓање на механизам и мерки за почитување на владините мерки при вршење на дејноста во вонредна состојба со можност за воведување на нумерациски систем во услугите со зголемување на бројот на капацитети за давање на услуги кон граѓаните со цел да се избегнат постојаните метежи на јавно прометните површини пред овие услужни установи.
  • Бараме од Влада на РСМ да се засили надзор на северната граница во однос на движење на бегалците, нивно сместување во ТПЦ Табановце и влијанието на населението во однос на здраствената состојба на истото, како и почитување на уредбата на Владата на РСМ донесена на 26.03.2020 година.
  • Апелираме до граѓаните на Општина Куманово да ги почитуваат мерките донесени од Влада на РСМ бидејќи кризата е во полн ек и да не веруваат на лажни вести кои што ја релативизираат болеста и целосната ковид криза.

 

Заврши Детскиот ликовен камп АСНОМ 2020

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски присуствуваше на затварањето на Детскиот ликовен камп АСНОМ 2020, кој се одржа во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.  На јубилејниот, 10-ти по ред ликовен камп учествуваа ученици од општинските основни училишта, кои твореа во повеќе техники: цртање на платно, монотипија (графика), цртеж и анимација. Делата ќе бидат изложени на биенална изложба, а потоа донирани на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша”.

Завршена изградбата на надворешниот објект на спортската сала во ОСТУ “Наце Буѓони”

Денеска Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски заедно
со Оливер Спасовски, Премиер на техничка Влада на Република
Северна Македонија и Елизабета Наумовска, заменик Министер за
образование го посетија ОСТУ “Наце Буѓони”-Куманово, каде е
завршена изградбата на надворешниот објект на спортската сала и се
работи на уредување на внатрешноста на салата.

Во чест на Денот на независност на САД – 4 јули, на Плоштад Маршал Тито во Куманово, Општина Куманово ги изложи портретите на сите досегашни претседатели на САД

Во чест на Денот на независност на САД – 4 јули, на Плоштад Маршал Тито во Куманово, Општина Куманово ги изложи портретите на сите досегашни претседатели на САД изработени од слободниот ликовен уметник Борче Тодороски од Прилеп.

Авторот вложи повеќе од 2 години за изработка, а истите се изработени во техника – Графит (молив) на хартија.

Посета на Амбасадорот на Босна и Херцеговина

Денеска во прва посета на Општина Куманово беше Амбасадорот на Босна и Херцеговија Н.Е. Драган Јаќимовиќ. Со Градоначалникот на општината Димитриевски разговараа за продлабочување на односите со збратимените градови Бања Лука и Бјелина од Босна и Херцеговина-Република Српска.

Средба на Градоначалникот Димитриевски со Амбасадорот на Република Србија

Денеска Градоначалникот Димитриевски оствари средба со Амбасадорот на Република Србија во Република Северна Македонија Душанка Дивјак Томиќ, по повод завршување на мандатот на Амбасадорот во РСМ. Дведте страни изразија благодарност за досегашната успешна соработка.