Делегација од општина Куманово во посета на Бијељина

 Делегација од Општина Куманово предводена од Градоначалникот Максим Димитриевски престојува во дводневна посета на збратимениот град Бијељина.Целтта на посетата е славата на градот „Свети Пантелејмон“ кој традиционално со посебени свечености се одбележува секоја година. По тој повод се одржа прием на делегации кај градоначалникот на Бијељина Миќо Миќиќ, полагање на цвеќе, акaдемија со културно – уметничка програма, концерт на градскиот плоштад и утринска литургија.

Отворена Ликовната Колонија „Куманово“2019

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска ги посети уметниците кои пристигнаа во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, на 46 меѓународна Ликовна колонија „Куманово“ 2019.

Годинава учествуваат четиринаесет уметници од Северна Македонија, Србија, Бугарија  и Босна и Херцеговина: Никола Пијанманов, Мила Трендафиловска, Ивана Настески, Милена Станков, Наѓа Миливојевиќ, Бранко Јевќиќ, Антонија Фингарова, Петар Чучулигов, Саво Рупиќ, Ивана Маркез Филиповиќ, Марија Мицова и други.

 

КУД „Панче Пешев“ на средба со градоначалникот

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска се сретна со членовите на културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“, кои ги презентираа своите успеси и искуствата од неодамна одржаниот Интернационален фолклорен фестивал „Куманово“ 2019. Членовите на оваа културно – уметничко друшво, на градоначалникот му врачија сувенири кои ја претставуваат богатата македонска фолклорна традиција.

Денес започнува Ликовна Колонија „Куманово“2019

Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, годинава по 46 пат се одржува една од најстарите ликовни колонии во државата – „Куманово“ 2019. Колонијата започнува денеска, а ќе трае до 14 август, за кога е предвидено и свеченото затворање со изложба на делата.

На меѓународната ликовна колонија ќе учествуваат четиринаесет уметници од Северна Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Романија. Уметниците своите дела ќе ги изработуваат со слободна тематика во различни ликовни техники. За време на својот престој, учесниците ќе имаат можност да посетат неколку културно историски знаменитости на Куманово, мегалитската опсерваторија Кокино и црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.

Ликовната колонија постои од 1974 година, а годинава се одбележуваат 45 години постоење. Истата е во организација на Општина Куманово и НУ Музеј Куманово, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

 

Градоначалникот Димитриевски на средба со претставници на Стејт департментот и Амбасадата на САД

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со советникот за креирање политики на Канцеларијата за Верски слободи при Стејт департментот Маријам Сементвала, Советникот од Амбасадата на САД Дајана Палекун и политичкиот аналитичар Адриан Исмаили.

На средбата се разговараше за човековите права, нивната поврзаност со верските слободи и насилниот екстремизам. Во посебен фокус  беше ставено спречувањето на насилниот екстремизам и спречувањето на злоупотребата на верските чувства преку плуралистичка едукација.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА Програма Општинско – корисна работа 2019 Проект „Локална прегратка 2“ Општина Куманово

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА Програма Општинско – корисна работа 2019 Проект „Локална прегратка 2“ Општина Куманово

Проектот „Локална прегратка 2“ е дел од Програмата Општинско-корисна работа-2019 во склоп на Проектот „Креирање можности за работа за сите- IV и поддршка на Владата на Република Северна Македонија во спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2019 година.

Проектот започнува на 01.09.2019 година и ќе трае до 30.06.2020 година, во кој ќе бидат ангажирани вкупно 23 (дваесет и три) невработени лица како даватели на услуги и вкупно 76 (седумдесет и шест) крајни корисници на услугите. Во зависност од проектната идеја, ангажманот на невработените лица ќе биде во траење од 6 (шест) односно 9 (девет) месеци.

Висината на надоместокот на ангажираните лица на месечно ниво изнесува 9.000,оо денари, во кои е вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Средствата за реализирање на Програмата Општинско-корисна работа- 2019 се обезбедени од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија и учество со кофинансирање на Општина Куманово во износ од 20% од месечниот надоместок за вкупно 21 (дваесет и едно) ангажирано лице во период од 6/9 месеци.

Дополнително, Општина Куманово обезбедува и целосно (100%) финансирање на 2 (две) лица вклучени во проектот за период од 9 месеци.

За следење на проектот и неговата реализација е формирана Општинска комисија, во чиј состав се претставници на АВРСМ-Центар за вработување- Куманово, ЈУМ Центар за социјална работа-Куманово, ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово, Здружение РЦПЛИП „Порака Наша“ Куманово и Општина Куманово преку Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.

Ангажираните невработени лица ќе бидат ангажирани со скратено работно време од 4 часа дневно секој работен ден.

Ангажираните 23 невработени лица, активни баратели на работа во Центар за вработување Куманово треба да припаѓаат на една од следниве категории:

  1. Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);
  2. Млади лица до 29 години;
  3. Лица постари од 50 години;
  4. Лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
  5. Лица со попреченост;
  6. Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници;
  7. Лица припадници на ромската етничка заедница;
  8. Самохрани родители;
  9. Родители на деца со пречки во развојот;
  10. Родители на 3 и повеќе деца;
  11. Лица со незавршено средно или пониско образование.

 

Јавниот повик за пријавување на кандидатите за учество во Проектот ќе биде  објавен во период од 05.08.2019 до 16.08.2019 година.

Проектот „Локална прегратка 2 “ е составен од три проектни идеи и тоа:

Првата проектна идеја се однесува на целната група –  корисници на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост ( ДЦ „Порака Наша“ Куманово и ДЦ – МТСП-Куманово). Со истата имаме за цел преку менторска работа дневните центри да станат место каде што лицата ќе се стекнат со основни вештини за осамостојување, едукација, работно ангажирање, развивање на вештини според личните афинитети и инклузија преку спорт и музика. За реализација на оваа проектна идеја ќе бидат ангажирани 4 (четири) невработени лица, во улога на: ментор за спортски активности, двајца ментори за музички активности,  како и координатор за родители на крајните корисници на услугите.

Втората проектна идеја се однесува на целната група – ученици со попреченост вклучени во редовното инклузивно образование, а со истата имаме за цел преку ангажирање на образовни асистенти, на учениците со попреченост да им пружиме поддршка и воедно овозможиме вистинска инклузија во образовниот процес преку асистирана помош во текот на наставниот час заради полесно совладување на наставната содржина и подобрување на социјализацијата со нивните соученици. За реализација на оваа проектна идеја ќе бидат ангажирани 16 (шеснаесет) невработени лица во улога на образовни асистенти.

Третата проектна идеја се однесува на целната група –стари лица, а со истата имаме за цел преку развивање на формата Сервис за стари лица во домашни услови, да им пружиме психолошка и социјална поддршка како и помош при извршување на секојдневни обврски на старите лица и организирање на поквалитетно структурирано време, кои водат кон унапредување на квалитетот на нивниот живот и развој на чувството за припадност во заедницата. За реализација на истата ќе бидат ангажирани 3 ( три) невработени лица во улога на асистенти за стари лица коишто ќе пружаат помош на старите лица преку: набавка на основни продукти за исхрана и хигиена, придружба до лекар, организирање на социјалниот живот на старите лица преку посета на театар, културни настани и слично.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Куманово кај лицето Тања Стефановска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ и Ивана Костовска заменик- Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“  , Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Благица Јовановиќ,  ЈУМ Центар за социјална работа Куманово кај лицето Мирослава Илиевска.

 

Општинска комисија за следење на проектот

Одбележан Денот на Републиката

По повод Ден на Републиката – 2 Август, делегации на Општина Куманово положија свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и на Мечкин Камен во Крушево.

На свеченото одбележување на Денот на Републиката, односно 75 години од првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар во Пелинце свежо цвеќе положи делегација од Општина Куманово предводена од Градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска. Пред присутните свое обраќање имаше претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, а настанот беше проследен со културно – уметничка програма.

Свеченоста по повод 2 Август, Илинден на Мечкин Камен се одбележа со полагање на свежо цвеќе од страна на бројни делегации, меѓу кои и делегација на Општина Куманово. По интонирањето на химната на Република Северна Македонија, присутните ги поздрави и се обрати Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев. Во продолжение на настанот следуваше културно – уметничка програма.

Честитка на Градоначалникот по повод Денот на Републиката – 2 Август

Почитувани сограѓани,

Во мое лично име и од името на општинската администрација, сакам да Ви го честитам Денот на Републиката – 2 Август.

Посакувам овој датум како потсетник за темелите на нашата држава, да продолжи да биде мотив за сплотеност, соживот и сила да се достигнуваат сите идни цели кои не носат кон подобро утре.

Воедно, на сите граѓани од православна вероисповест им го честитам големиот празник Св.Илија со желби за здравје, среќа и љубов.

 

Се одржа манифестацијата „Бдеење на кокински Мугри„

Денеска во раните утрински часови во мегалитската опсерваторија Кокино се одржа обредно културно-уметничко честување на изгрејсонцето, насловено како „Бдеење на кокински мугри“. Манифестацијата е под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово, а во организација на Друштвото на писатели Куманово, фондација за култура и спорт и НУ Музеј Куманово

Пуштен во употреба новиот ургентен центар во Куманово

Денеска Секретарот на општина Куманово Десанка Стошевска заедно со претставници на општинската администрација, присуствуваше на свечено пуштање во употреба на новиот ургентен центар во Куманово. Ургентниот центар го пушти во употреба Премиерот на Република Северна Македонија  Зоран Заев, а присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостаопаство Трајан Димковски и за политички систем Садула Дураку.Новиот објект се наоѓа во склоп на општата болница Куманово, со можност за опслужување на  200 000 пациенти од североисточниот регион на државата. Со оваа ќе се олесни третманот на пациентите, бидејќи на едно место ќе можат да се добијат различни видови на прегледи и понатамошен соодветен третман. Инвестицијата на овој објект, кој е од големо значење за граѓаните е 900 000 евра.