Општина Куманово во група на институции со највисок процент на активна транспарентност

Општина Куманово во група на институции со највисок процент на активна транспарентност

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според индексот на активна транспарентност во кое се вклучени сите министерства,општини и Владата.Општина Куманово е во група на институции со највисок процент на активна транспарентност

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.
Целото истражување може да го погледнете на следниот линк.

Ново детско игралиште

Денеска градоначалникот Максим Димитриевски го посети паркот и новото детско  игралиште што се наоѓа спроти поранешен маркет Туш. Изградбата на детскиот парк е преку проектот „Чиста околина – здрава животна средина“ на Центарот за ромска заедница ДРОМ – Куманово, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), со учество на Општина Куманово, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 04.06.2020 година (четврток)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Поради зголемениот број на заболени од вирусот COVID 19 во соседната Општина Липково, ОШЗС Куманово со своите расположливи ресурси стои на располагање за помош при справување со епидемијата на ОШЗС Липково.
  • Поради фактичката состојба со ширење на вирусот COVID 19 на територија на соседна Општина Липково, бараме од Влада на РСМ да изготви посебен план за делување на територија на оваа општина, бидејќи Општина Липково и Општина Куманово се територијално поврзани општини со зголемена гравитација на население од една во друга општина, со цел да се намалат ризиците од епидемијата и да се заштити Општина Куманово од ширење и враќање на епидемијата.
  • Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365   061, на кој  граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации.
  • Дежурен телефон за пријавување на земјоделци за движење во време на полициски час е 075 273 192.
  • Ги информираме економските оператори изберени од ОШЗС Куманово, дека одлуките за определување на еконмски оператори за обезбедување на намирници согласно барања на граѓаните за време на забрана за движење на територија на Општина Куманово донесени на штабот важат, потребно е самите оператори да си набават соодветни одобренија за движење и вршење на својата дејност од надлежните институции.

 

 

Известување Од одржан четириесет и четвртти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 02.06.2020 година (вторник)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Барање до Комисија за заразни болести да разгледа дали се почитува протоколот за утврдување и лекување на пациенти суспектни и потврдени од COVID 19, сметаме дека непридржување на протоколот може да доведе до епидемиолошко загрозување на Општина Куманово и вработените во ЈЗУ општа болница Куманово и бараме да се упати апел до матичните лекари од Општина Липково да се придржуваат до протоколите заради поуспешно лекување на заболените и спречување на ширење на епидемијата од соседната општина во Општина Куманово.
  • Поради новонастанатата ситуација и зголемен број на заболени од вирусот COVID 19 во соседната Општина Липково, ОШЗС Куманово со своите расположливи ресурси стои на располагање за помош при справување со епидемијата на ОШЗС Липково.
  • Се задолжува директорот на ЈЗУ општа болница Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај во однос на хоспитализирани лица, број на третирани лица и излечени.
  • Се задолжува ЦЈЗ Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај за број на позитивни случаи на територија на Општина Куманово и број на позитивни случаи на територија на Општина Липково, одделно, бидејќи бројката што се објавува во јавност е бројка што се води за Општина Куманово а всушност истата ги претставува бројките за позитивни случаи и за Општина Липково, како и број на извршени тестирања.
  • Се задолжува Брза помош Куманово да достави информација за месец Мај, за колку лица има извршено транспорт и на која релација, за да ОШЗС има увид што се случува и во Општина Куманово и во Општина Ликово, по однос на транспорт на суспектни и COVID 19 позитивни пациенти.

ОШЗС Куманово го задолжува ЈП „Чистота и зеленило“ со атомизер да продолжи со дезинфекција во ЈЗУ општа болница Куманово.

Реконструкција на фекална канализација во Средорек

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски ја посети населбата Средорек, каде започна реконструкцијата на фекална канализација во должина од 241 метар. Со тоа ќе се надмине долгогодишниот проблем со одвод на отпадни води, во овој дел од градот.

 

ЈП „Чистота и Зеленило„ набави камиони за собирање на смет

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило„ набави два нови камиони за собирање на смет. Денеска оваа претпријатие го посети Градоначалникот Димитриевски кој истакна дека оваа набавка е од особено значење, бидејќи со неа ќе се подобрат условите за работа на претпријатието.

Посета на Амбасадорот на Репубилка Полска на Општина Куманово

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Војциех Тицињски. На средбата се разговараше за моменталната состојба со вирусот COVID 19 и за донација на 600 пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена, од страна на Aмбасадата. Истите ќе бидат поделени на социјално најзагрозените семејства во општината. Во оваа прилика се разговараше и за можни инвестиции на полски компании во различни сектори од економијата, потенцирајќи ја земјоделската гранка, како и за традиционално добрите односи коишто Куманово ги има со градот Плонск (Полска), со коj заедно членуваат во Асоцијацијата на Градови носители на порака на мирот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и трети состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 21.05.2020 година (четврток)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Општина Куманово прави обид за воспоставување на редовен јавен градски превоз во Општината, со кој се соочува со сериозни технички проблеми со вршителите на истиот, кои како и останатите правни субјекти од градското стопанство се погодени од ковид кризата. Бараме од Влада на РСМ да излезе во пресрет на барањата на јавните превозници во Општина Куманово и да донесе одлука за субвенционирање на јавниот превоз во градот со 30 денари по изминат километар и обезбеди средства од буџетот на РСМ.

Предлагаме доколку нема финансиски можности за субвенционирање, скромниот општински буџет не дозволува да тоа го сториме од сопствени средства да се обезбеди соодветна количина на нафтени деривати од стоковите резерви, кои би се користеле за потребите на вршителите на јавниот превоз во Општина Куманово во период на ковид кризата и би ги покриле дел од матријалните трошоци на компаниите како не би работеле со губитоци и да можат непречено да го испочитуваат договорот со општината и вршење на јавниот превоз.

 

  • Бараме од СВР Куманово да превземе поригорозни мерки и зачестени контроли спрема дивите превозници на територија на Општина Куманово.

Ден на пожарникарите во ТППЕ Куманово

По повод 20-ти мај, Ден на пожарникарите на Република Северна Македонија, денеска Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски ја посети Територијалната противпожарна единица Куманово.Во оваа прилика беше предадено и ново возило за потребите на ТППЕ, набавено со средстава од општината.

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и втори состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 11.05.2020 година (понеделник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). ОШЗС
Куманово врз основа на моментната епидемиолошка состојба со COVID 19 во
Општина Куманово се предлагаат следниве заклучоци.
 Да се прекине со понатамошна дезинфекција на предходно определени
пунктови за возила освен на двата пункта кои патно ја поврзуваат Општина
Липково со Општина Куманово ( пункт Огрев и пунктот во Бедиње).
 Да се прекине со понатамошна превентивна дезинфекција на колективните
објекти за домување и таа обврска да се пренесе на приватните субјекти
( стамбените домари) кои и до сега согласно законот се задолжени за грижа и
одржување на истите.
 Да се прекине со понатамошна превентивна дезинфекција на јавните
простори и јавни површини во Општина Куманово, да се продолжи со редовно
миење на улиците со натриум хипохлорид по дефинаран план и динамика во
ЈП „Чистота и зеленило“.
 Согласно предходните мерки предложени од страна на Владата на РСМ се
препорачува на Градоначалникот да ги врати во функција сите служби во
рамки на Општина Куманово како и во Јавните претпријатија за да се запази
функционалноста на општината и потребите на граѓаните.
 Согласно барањата на предходно одржаниот состанок со претставници на
Локален економски совет како едно од приоритетни барања е за делумно
враќање на градскиот превоз за потреби на стопанството, препорачуваме до
Градоначалникот во консултација со Влада на РСМ во најскор можен рок да
излезе со предлог за реализација на горенаведеното барање.
 Согласно предходно изготвената проценка за епидемиолошката состојба од
страна на Комисија за заразни болести и Министерство за здраство за
територија на Општина Куманово, бараме од Влада на РСМ во најитна
постапка да донесе соодветни мерки, протоколи и препораки за брзо
заживување на стопанските субјекти ( хотели, ресторани, кафеани, кафулиња,
занаетчиски дуќани и мали трговски единици) на територија на Општина
Куманово со јасни и прецизно детерминирани услови и насоки за начинот,
поставеноста и внатрешното уредување на функционалниот поростор во
истите.

 Согласно препораките и уредбите на Влада на РСМ, информација до
граѓаните на територија на Општина Куманово дека се доллжни да носат
лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при
движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во
јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори, кои поради
нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица
( државни институции, маркети, продавници, банки пошти, чекални,
здраствени институции и сл.)