Манифестација по повод 8 Април – Ден на Ромите

Денеска се одбележува Светскиот ден на Ромите, 8 Април. По тој повод во Занаетчискиот Дом се одржа централна манифестација во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни Рушит Шакир од Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска присуствуваа на настанот кој беше проследен со богата културно – уметничка програма.

Младинско пионерско првенство во шах

Во просториите на ООУ „Крсте Мисирков„викендов, се одржа младинско пионерско првенство на град Куманово во шах, во организација на „Шаховски клуб„ Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски го отвори турнирот и им посака среќа на натпреварувачите. Од 01.07.2019 до 03.07.2019 во „Етно село Тимчевски“ ќе се одржи Меѓународен оупен турнир во шах за млади до дваесет години. Предвидено е учество на овој турнир да земат натпреварувачи – шахисти од сите балкански земји. Организацијата ќе биде од страна на Шаховски клуб Куманово, врвниот шахист Александра Димитриевиќ и општина Куманово.

Одбележан денот на загинувањето на авијатичарите во антифашистичката борба

По повод 6 Април – Денот на загинувањето на авијатичарите во борба против фашизмот во 1941 година, денеска на споменикот на Аџитепе подигнат во нивна чест, свежо цвеќе положија градоначалникот Максим Димитриевски, претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и претставници од советот, амбасадорот на Република Србија во Република Северна Македоннија Душанка Дивјак Томиќ, претставници од словенската амбасада, делегации од јавните претпријатија и установи од Кумамново како и од основните и средните училишта во градот.

Настанот се одржа под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово.

Градоначалникот одржа состанок во врска со случајот за угинати кучиња

По вчерашниот случај со угинати кучиња, оставени на локација на ул.„120„ во населба Карпош, денеска Градоначалникот Максим Димитриевски одржа состанок со дел од невладини организации за заштита на животни, претставници од Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков„ и  претставници од инспекциски  служби во општина Куманово. На состанокот се разговараше за активности превземени од страна на инспекциските служби од општината, кои по телефонска пријава од МВР-СВР Куманово излегле на лице место и увиделе дека, на наведената локација имало шест угинати кучиња со констатација дека, не се оставени во ист период , односно не се во иста фаза на распаѓање. За случајот  известена е и Агенција за храна и ветеринарство, која ќе ги превземе потребните мерки што се во нејзина надлежност.

На состанокот се осуди вчерашниот  настан, а општината најави дека ќе превземе обврска во наредната година, преку својот буџет да обезбди средства за изградба на прифатилиште за околу двесте бездомни кучиња.

 

Средба со претставници од USAID

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со високи претставници од USAID. На состанокот се разговараше за досегашните заеднички проекти на општината и USAID имплементирани во Куманово. Исто така двете страни беа согласни дека понатамошната успешна соработка ќе продолжи, а посебно ќе се стави акцент  во делот на зајакнување на капацитетите на тимовите од општината кои ќе работат при аплицирање на самите проекти.

Британската амбасадорка Галовеј во посета на Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска одржа работна средба со амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј. На средбата се разговараше за соживотот во Куманово, можната идна соработка во сферата на образованието и размента на ученици, како и  разгледување на можноста за развој на индустриските зони со помош на потенцијални инвеститори од Велика Британија.  Амбасадорката Галовеј истакна дека сака да се запознае со потребите и можностите за соработка на повеќе полиња меѓу кои и образованието и спортот.

 

Во рамките на посетата, амбасадорката заедно со градоначалникот Димитриевски го посетија средното училиште „Перо Наков“, градскиот базен и кејот. Ова беше прва посета на амбасадорката Галовеј на Куманово.

 

Претседателот на Влада на Република Северна Македонија во посета на Оштина Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска во својот кабинет оствари прва протоколарна средба со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев.
На средбата присуствуваа Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски, Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и претставници од општинската администрација. На состанокот се разговараше за проектите кои се во тек како и за сите планирани инвестиции во 2019 година. Градоначалникот ги претстави и активностите кои што се предвидени по повод прославата на јубилејот 500 години од постоење на Куманово, кое е од исклучително значење за градот и државата. По средбата заедно се упатија на трибина со наслов „Фер Општество – шанса за сите„, што се одржа во големата сала на зградата на поранешен „Комитет„

 

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски оствари средба со врвен шахист – велемајстор Александра Димитриевиќ

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски оствари средба со врвен шахист – велемајстор Александра Димитриевиќ од Република Србија. Поводот за средбата беше организирање на Меѓународен оупен турнир во шах за млади до дваесет години. Предвидено е учество на овој турнир да земат натпреварувачи – шахисти од сите балкански земји. Организацијата ќе биде од страна на Шаховски клуб Куманово, Александра Димитриевиќ и општина Куманово. Истиот се планира да се одржи во почетокот на месецот јули,во Комплексот Етно село Тимчевски.

Средба на Претседателката на советот со претставници на ОБСЕ/ОДИХР

Претседателката на Советот, Атина Мургашанска денеска оствари средба со делегација од ОБСЕ/ ОДИХР, Набљудувачката мисија за претседателските избори во РСМ. Долгорочните набљудувавачи беа запознаени од нејзина страна, со политичката и етничката структура на Советот на Општината Куманово и добрите релации во нашата мултикултурна општина, во функција на претстојниот изборен процес.