Отворена изложбата „500 години Куманово“

Вечерва во галеријата на Музеј Куманово беше отворена изложбата „500 години Куманово“. Составена е од преку 100 дела – цртежи, графики, скулптури и фотографии посветени на Куманово некогаш и денес, а е подарок од учениците од средните училишта во градот. Изложбата ја отвори претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска која се обрати пред присутните.

Изложбата ќе трае до осми март, а истата има добротворен карактер и средствата од продажбата на делата ќе бидат донирани. 

Општина Куманово: „Клубови и спонзори ја финансирале апликацијата „Куманово -град на спортот за 2019 година„

Денеска на прес конференција  поранешен Раководител на секторот за Евроинтеграции Горан Митевски, даде пошироко образложение за постапката, аплицирањето и финансиските сретстава потрошени  за проектот  „Куманово – град на спортот за 2019 година.

 

Изложба на архитектонски проекти (Галерија)

Во Дом на култура ,,Трајко Прокопиев” вечерва беше отворена изложбата на архитектонски проекти од предметот Селектирани теми од објекти за колективно домување-Прототип за градина за деца направено во Куманово. Изложбата е дело на студентите на Архитектонскиот факултет при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” -Скопје, а ќе трае до седми март.

Изложбата ја отвори директорот на НУКЦ ,,Трајко Прокопиев” Сашо Тодоровски, а свое обраќање пред присутните имаа градоначалникот Максим Димитриевски,деканот на Архтектонски факултет професор доктор Огнен Марина и  професор доктор Минас Бакалчев.

Промовирана Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво

Во организација на Општина Куманово – Одделение за локален економски развој, Министерство за економија и Североисточен плански регион денеска беше промовирана Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво и предвидените мерки за 2019 година.

На настанот воведно обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски, а говореше државниот секретар во Министерството за економија Зоран Павловски и раководителот на Североисточниот плански регион Младен Протиќ. Програмата  и јавните повици за кофинансирање на проекти и субвенционирање беа промовирани пред претставниците од микро, малите и средните претпријатија, занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност.

Отворен Центар за занаечиство

Градоначалникот Димитриевски денеска присуствуваше на отворање на центарот за занаетчиство во Средното стручно училиште „Перо Наков„. Оваа е дел од проектот „Вмрежување за успех„, финансиран од Европската Унија кој е раководен од Канцеларија на ЕУ во Косово,преку Програмата за прекугранична соработка Косово-Македонија 2014-2020,имплементиран од НВО „Сојуз – нацинален совет за родова памноправност (Македонија) и НВО „Отворена врата„ (Косово). Главна цел на проектот е потикнување на родовата рамнотежа и нивото на младинско општество преку вклучување на жените и младите во воведувањето на културните,традиционалните и националните вредности на Косово и Македонија.

 

75- годишнина од формирање на 3-та Македонска Бригада

Градоначалникот Максим Димитриевски и Претседателот на Совет Атина Мургашанска денеска положија цвеќе, пред спомен плочата во с. Жегљане, по повод седумдесет и петта годишнина од формирањето на Третата Македонска Ударна Бригада.

 

Одбележан денот на првиот механизиран пешадиски баталјон

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше во касарната „Боро Менков„ на свеченото одбележување на Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон. По тој повод припадниците на АРМ продефилираа низ кругот на касарната, а беше изложено и дел од воена опрема и оружје со кое располага единицата. На прославата присуствуваа и високи претставници на АРМ, преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на единицате на локалната самоуправа, бизнис секторот и соработниците на Армијата.

Одржана прва сесија во рамките на проектот „Регионалниот форум во заедницата„

Во организација на Центарот на североисточен плански регион,а со поддршка на Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа  во Куманово се одржа прва форумска сесија во рамките на програмата„Регионалниот форум  во заедницата„.Целта на форумот е партиципативно вклучување на граѓаните во процесите на креирање на политиките и одлуките на регионално ниво. Голем број на заинтересирани  граѓани, граѓански организации, претставници од бизнис заедницата и од институциите од шестте општини од регион, се запознаа со форумскиот процес и критериумите за избор на проекти. Но, исто така ги утврдија  регионалните проблеми, за кои дефинираа предлози за нивно решавање во рамките на четрите теми утврдени со грантовата шема: туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија. На оваа прва форумска сесија беа утврдени седум  предлог решенија – концепти согласно критериумите на грантовата шема дефинирани со проектот ,,Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој,,  и тоа:

Концепт 1: Уредување на Бислимска клисура (изградба на енергетски ефиксен објект за развој на рурален туризам во Бислим);Концепт 2:  Инфраструктурно уредување на туристичка инфраструктура за одржување на регионална туристичка манифестација НЕВЕСТИНСКО  ПОКЛОНЕНИЕ ;Концепт 3: Поставување на урбана опрема на туристички локалитет  Спомен костурница ;Концепт 4:  Изградба на пристапна   инфраструктура -пешачки  патеки и рехабилитација на постојни до природни реткости – атрактивни туристички локалитети,  уредување со урбана  опрема и патокази и инфо табли во СИПР (Станечки водопади, локалитет Куклица и др.);Концепт 5:  Доградба на дополнителен сместувачки капацитет во регионалниот дом за стари лица во Куманово;Концепт 6:  Инклузивен стадион во СИПР ( Реновирање на спортски објект за здравствено спортски активности и социјална инклузија на лица со посебни потреби во СИПР);Концепт 7:  Изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети – објекти  во регионот согласно стратегијата на СИПР;

Втората форумска сесија ќе се одржи на 1-ви Март 2019 година, со почеток во 12 часот во ресторан Грација во Куманово, а сите сесии ќе бидат спроведени до 15 март оваа година.