Денеска Градоначалникот Макисм Димитриевски и Директорот на ЈП „Пазаришта„Илир Саити пред новинарите ги промовираа новопоставените дрвени куќички (тезги) за продажба на цвеќе на Зелениот пазар.
Денеска Градоначалникот Макисм Димитриевски и Директорот на ЈП „Пазаришта„Илир Саити пред новинарите ги промовираа новопоставените дрвени куќички (тезги) за продажба на цвеќе на Зелениот пазар.
По иницијатива на Советот на Општина Куманово,Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата изготви проектна документација и основен сообраќаен проект со позитивна ревизија за крак од улица „Моша Пијаде„. По добиена согласност за трајна измена на режим на сообраќај од СВР Куманово, изготвено е решение за трајна измена на сообраќаен режим согласно детален урбанистички план за тој дел од градот, каде што е дефинирано дека крак од улица „Моша Пијаде„ е пешачка патека. Во претходните денови на горенаведениот дел е поставена вертикална сигнализација (сообраќајни знаци), а во следните денови патеката ќе биде затворена за сообраќај и со физички препреки (метални столбчиња). Целта е пешачката патека да профункционира во целост, без притоа да има движење од моторни возила на истата.
Учениците од трето одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“ денеска ја посетија Општина Куманово. Целта на посетата беше запознавање со работата на градоначалникот, Советот на Општина Куманово, секретарот на општината и на локалната самоуправа.
Денеска Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со шест општини и осум национални институции во Македонија и Косово.
Соработката се одвива во рамки на проектот Иницијатива за прекугранична културна размена МАКС ФОРУМ, финансиран од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ помеѓу Македонија и Косово.
Во Македонија проектот го строведува организацијата Институт Балкан про Европа.
Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска присуствуваше на фудбалските натпревари организирани за ученици од второ до петто одделение во рамки на проектот „Зимски фудбалски радости“.
Натпреварите се одржуваат два дена во салата на ООУ „Христијан Карпош“, а се организирани од страна на Фудбалска Федерација на Македонија, Федерација на училишен спорт на Македонија и Општински сојуз на училишен спорт на Куманово.
Денеска официјално започна со работа Јавното претпријатие за изработка на просторни и урбанистички планови„Куманово –План„Куманово.
Одлуката за формирање на оваа претпријатие, која ја донесе Советот на Општина Куманово, а по иницијатива на Градоначалникот Максим Димитриевски е позитивен исчекор кој ќе придонесе за современо просторно и урбанистичко уредување на градот. Со формирање на оваа претпријатие, општината ќе го превземе во надлежност планирањето на урбаното уредување на просторот во градот, што претставува пример за суштинско имплементирање на децентрализацијата во овој сегмент.
Во ЈП „Куманово-План” Куманово работи стручен тим од единаесет луѓе сместени во центарот на градот (зградата на Катастар – ул. „Гоце Делчев„).
ВД Директор на оваа претпријатие е Горан Митевски – поранешен градски архитект.
Oфицијална E-mail адреса – kumanovoplan@gmail.com.
Сите заинтересирани граѓани можат да добијат информации на веб страна : http://kumanovoplan.gov.mk или на контакт телефон 031 438 615.
Комисијата за односи меѓу заедниците при Советот на Општина Куманово ја одржа својата прва седница. Комисијата е составена е од 12 члена на надворешни соработници од различни националности, а на дневниот ред на истата единствена точка беше избор на претседател на комисијата.
За претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците е избрана Тања Крстевска – референт за човечки ресурси, вработена во ЈП „Чистота и зеленило“.
Комисијата за односи меѓу заедниците има за цел заштита на правата на етничките зедници кои живеат во малцинство. Комисијата исто така со своето функционирање ја потврдува транспарентноста на Советот на општината
Градоначалникот Максим Димитриевски вечерва присуствуваше на одбележувањето на 75 годишнината од загинувањето на Народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.
Настанот „Карпошова вечер“ се одржува под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав – Куманово.
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска ја отвори јавната дискусија на тема „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“.
Настанот е организиран од Народниот правобранител, Општина Куманово и НВО Инфоцентарот, а главната цел е фокусот врз улогата на Народниот правобранител како клучна институција во заштита на правата на граѓаните, и начините за подобрување на соработката на локалните власти, државните и јавните институци на локално ниво, со Народниот правобранител.
Градоначалникот Димитриевски говореше пред присутните за елементарните права на граѓаните во општеството и обврската на локалната самоуправа во давањето на соодветни услуги на граѓаните, како и за соработката меѓу општината и Советот на општината со народниот правобранител со цел унапредување на правата на граѓаните.
Свое обраќање имаше и народниот правобранител Иџет Мемети.
Овој настан се организира во рамки на проектот „Граѓанскo набљудување на Народниот правобранител“, спроведуван од НВО Инфоцентар, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.