Одбележани 147 години од раѓањето на Гоце Делчев

Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска со свеченост ја одбележа 147 годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

Градоначалникот Максим Димитриевски и Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска заедно со претставници на општинската администрација положија свежо цвеќе пред битстата во училиштето.

Изложба на графики

Вчера во Галерија Куманово се одржа изложба на мексиканскиот уметник Виктор Мануел Хернандес Кастиљо.Во таа чест на истата присуствуваа Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска,секретарот на општината Десанка Стошевска,како и Амбасадорот на Мексико.Изложбата на графики е во организација на НУ Музеј Куманово.

Претставници од Општина Куманово во посета на Нови Сад

По повод ден на град на Нови Сад, претставници од општина и советот на Општина Куманово, денеска присуствуваат во овој град. Делегацијата беше  на прием кај градоначалникот г-дин Милош Вучевиќ каде беа разменети подароци, а потоа и на свечена  академија која се организира по повод 271 година од постоење на овој град.

Градоначалникот Димитриевски во посета на Сараево

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска е во посета на градот Сараево (БИХ), каде оствари средба со заменик градоначалник на овој град, г-дин Милан Тривиќ. На состанокот беше разговарано за предстојното триесето собрание на Здружението на градовите носители на порака на мирот каде членуваат и двата града, а истото оваа година треба да се одржи токму во Сараево. Исто така на средбата се дискутирше за отпочнување на можна соработка со една од општините во Сараево со цел зголемување на заедничка соработка во повеќе области.

Општина Куманово на оваа асоцијација беше домаќин во 2015 година, а последно генерално собрание се одржа во Волгоград (Русија), каде се разговараше на тема мир и партнерски односи на градовите носители на порака на мирот.

Реакција на Градоначалникот Димитриевски во врска со одземањето на ингеренции за градинката од страна на министерот Царовска

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски во просториите на Општината одржа прес-конференција во врска со одземените ингеренции за градинката ­­­„Ангел Шајче“, од страна на министерот за труд и социјална политика Мила Царовска.

Решението е неиздржано,тендециозно, селективно и пристрасно и има за цел директно да го инволвира Министерството за труд и социјална политика во кадровски избор на директор на Јавна општинска установа детска градинка „Ангел Шајче„. Ја повикувам министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска која што има направено голем пропуст, да го преиспита оваа решение , да го повлече и далежноста да ја врати на Општина Куманово, бидејќи Куманово не заслужува ваков третман.

Оваа го поткрепувам со фактот,, дека на трети јануари ненајавено од страна на надлежен инспектор од ресорно министертво беше направена посета во општина Куманово кои што немаше налог за вршење на било какви контроли и каде јасно и гласно ми беше ставено на знаење, доколку не отпочнам постапка, при тоа преудицирајќи се на избор на директор оваа ќе се случи. Жалам што една ваква работа се случува во една демократска општина како што е Куманово. Исто така праксата покажува дека во одредени општини каде што не е навремено отпочната постапка за избор на директор, не се превземени никакви активности. Според тоа, оваа решение е тенденциозно и јас согласно законот мора да го почитувам , но апелирам уште еднаш до мистерат да го преиспита, укине и јавно извини на општина Куманово и на нејзините граѓани, бидејќи оваа е се само децентрализација не. Јас како градоначалник сум должен да обезбедам  правно работење на институциите што се во моја надлежност, а не да работам под притисоци – истакна градоначалникот Димитриевски

Одржана работилница за изработка на стратегија за локален економски развој

На 24 и 25 јануари се одржаа првата и втората работилница за изработка на стратешки документ – Стратегија за локален економски развој на Општина Куманово за период од 2019-2024 година.

Во процесот на креирање на стратегијата учествуваа претставници од Општина Куманово, Советот на Општината, јавната и државната администрација, граѓански организации и бизнис секторот.

Во нареден период се планира одржување на уште неколку работилници на кои работниот тим ќе ја финализира стратегијата, а самиот процес ќе биде воден и насочуван од страна на професионален консултант.

Редовно се чистат патиштата во Куманово и околните села

Поради обилните снежни врнежи во изминатите денови, екипите од фирмите  кои се задолжени за зимско одржување на улиците во градот и околните села заедно со претставници од Општина Куманово интензивно работеа на расчистување на патиштата и снежните наноси. Откако во сабота по направените напори со две машини не беше успешна операцијата за расчистување на огромните снежни наноси поради силниот ветер, вчера со тешка механизација до 11:30 часот, приоритетно е расчитен патот до затворот К’шање и истиот е снабден со храна и нафта.

Екипите за расчистување на снегот во текот на вчерашниот ден успешно ги оспосодија за проодност патните правци во селата Сопот, Четирце, Табановце, Пчиња, Мургаш, Градиште, Габреш, Скачковце, Агино Село, Романовце, Брзак, Којнаре, Тромеѓа,Бабин Дол и Биљановце.

Најголемиот проблем кој предизвикува потешкотии при расчистувањето на снегот е ветерот кој создава големи снежни наноси од околните ниви и објекти. Затоа од страна на општината и изведувачот во неколку наврати беше интервенирано на истите горенаведени места.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општински штаб за заштита и спасување при Општина Куманово

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општински штаб за заштита и спасување при Општина Куманово

Со оглед на врнежите од снег и дожд кои го зафатија подрачјето во изминатите денови, на ден 25.01.2019 година, членови на Општински штаб за заштита и спасување, заедно со претставници од РЦУК-Куманово и претставници од СВР Куманово, излегоа на терен заради увид на состојбата на потецијални критични точки на реките и речните корита. Заеднички беше констатирано дека сoстојбата е стабилна и е под контрола и засега нема опасност од излевање на реките.

Општински штаб за заштита и спасување  интензивно ќе ги следи состојбите и ќе превзема соодветни активности и мерки.

Воедно, ги информираме граѓаните дека дежурни телефони во случај на поголеми наноси од снег и непроодност на патиштата се 195 на Центар за Управување со Кризи и 078 365 061 на Општина Куманово.

Презентирана новата опрема на ТППЕ Пожарна Кумамново

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше на претставувањето на новата опрема за пожарникари во ТППЕ Пожарна – Куманово. Набавени се 30 заштитни интервенциски противпожарни комплети  составени од противпожарно заштитно одело, професионални ПП чизми, професионални пожарникарски ракавици и шлемови. Врдноста на набавката изнесува околу 2.999.000  денари – средства обезбедени од Општина Куманво.

 

 

Оглас за прибирање на понуди – ОСТУ „Наце Буѓони“– Екскурзија

Оглас за прибирање на понуди – ОСТУ „Наце Буѓони“– Екскурзија

Согласно Правилникот за начинот на изведување на ученички екскурзии на учениците од средните училишта, ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово објавува

 ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

за организирање на завршна екскурзија за учебната 2018/2019година за :

1.Опис на услуга

-организирање на завршна екскурзија на ученици од трета година кои учат на македонски наставен јазик во државите во Европа согласно програмата за период од 6 (шест) дена во месец мај 2019 година со 4 (четири) ноќевања во хотел со 3* и 4 * со појадок и вечера.

-ученици кои следат настава на албански  наставен јазик од втора и трета година согласно програмата за период од 5 (пет) дена во месец април, на релација Куманово – Истанбул преку Грција со 3 ( три) ноќевања во хотел со 3* и 4 * со појадок и вечера.

Детален опис на услугата е даден во документација со инструкции за понудувачите и Програма за завршна екскурзија која може да се подогне од архива на училиштето секој работен ден од 08-14 часот.

2.Минимални услови кои треба да ги исполнат понудувачите се: :

– да е регистриран согласно позитивните прописи во Република Македонија за вршење на соодветна туристичка дејност.

– да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности во последните 3 години.

– да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за

безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички

барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.

3.Понудата треба да ги содржи следниве документи:

-документи како доказ за исполнување на минимални услови

-програма за реализирање на екскурзијата

-пополнет образец на понуда

-изјава за сериозност на понуда

4.Понудувачот кој ќе биде избран за најповолен , на денот на потпишување на договорот со училиштето треба да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната проценета вредност на договорот.

5.Огласот трае пет работни дена сметано од денот на објавување.

  1. Понудите да се достават во архива на ОСТУ„Наце Буѓони“ Куманово или на адреса ул.Бајрам Шабани бб 1300 Куманово со назнака  „За Комисија за прибирање на понуди за екскурзија“

 

 

                                                                                                ОСТУ„Наце Буѓони“

                                                                                                     Куманово