Оглас за прибирање на понуди-СОУ,,Перо Наков” екскурзија

Оглас за прибирање на понуди-СОУ,,Перо Наков” екскурзија

Врз основа на Правилникот за начинот на изведување на училишни екскурзии на учениците од средните училишта, бр. 07-9992/3 од 05.06.2014 год. на Министерот за образование, Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово, распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА ЗА ЗАВРШНА ЕКСКУРЗИЈА

Во согласност со Годишната програма за работа на СОУ „Перо Наков“, Куманово за учебната 2018/2019 година и Програмата за изведување на завршна екскурзија, Комисијата за прибирање на понуди за избор на најповолен понудувач за спроведување на завршна ученичка екскурзија објавува јавен оглас односно покана за доставување на писмени понуди за организирање на повеќедневна завршна екскурзија за учениците од трета година во паралелки на македонски наставен јазик:
Опис на услугата:

Шестдневна екскурзија со четири ноќевања на база на полупансион, последна недела од месец мај 2019 год. и ќе бидат опфатени следните дестинации: Будимпешта, Прага, Брно, Виена, Верона, Лидо ди Јесоло, Венеција.

Писмените понуди (посебно за секоја екскурзија односно слободна активност) треба да бидат изработени и доставени согласно барањата наведени во огласот,и во истите треба да се наведе: поединечната цена по ученик,условите за сместување, исхрана и превоз, начинот на плаќање, водич,број на наставници и лекар, поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Писмените понуди не треба да содржат алтернативни решенија, односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата која е дел од поканатa за доставување на понуда.

Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги нема да има предност при евалуација на истата.

Цените во понудите мора да бидат фиксни,односно не е дозволена корекција на цените во текот на реализација на договорот.

Понудувачите треба да ги исполнуваат следните минимум критериуми:
– да е регистриран согласно позитивните прописите Република Македонија за вршење на туристичка дејност;
– има успешно реализирано најмалку три ученички екскурзии во последните три години;
– ги исполнува условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи на деца.

Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од Комисијата како неприфатлива. Некомплетните и ненавремени понуди нема да бидат предмет на разгледување.

Критериум за доделување на договор за изведување на екскурзијата е најниска цена.
-На денот на потпишувањето на Договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција во висина од 5% од вкупната вредност на договорот.
Јавниот оглас трае 5 работни дена од денот на објавувањето
Заинтересираните туристички агенции писмените понуди ги доставуваат до СОУ „Перо Наков“, ул. „Пиринска Македонија“ бр. 4, Куманово со назнака „За Комисијата за прибирање на понуди“.

За подетални информации и подигнување на Програмата на училиштето за изведување на завршна екскурзија, понудувачите можат да се обратат на телефон 031/ 424-380 или во самото училиште.

 

 

 

Оглас за прибирање на понуди-гимназија ,,Гоце Делчев” екскурзија

Оглас за прибирање на понуди-гимназија ,,Гоце Делчев” екскурзија

Врз основа на член 19 од Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта, во согласност со Годишна програма за работа на училиштето, Комисијата за спроведување на постапката за завршна екскурзија за учебната 2018/2019 година при СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово, објавува 

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

за организирање на завршна екскурзија за учебната 2018/2019 година за ученици од трета година во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово

1.Опис на услуга:

Организирање и реализација на завршна екскурзија со учениците од III година во учебната 2018/2019 година 25.05.2019 до 30.05.2019 година на релација Куманово –– Будимпешта – Братислава – Виена –Верона-– Венеција– Лидо ди Јесоло- Трст-Куманово, во период од шест дена со 4 (четири) ноќевања во хотел со 3* и 4 * со појадок и вечера. Детален опис на услугата е даден во документација со инструкции за понудувачите и Програма за завршна екскурзија која може да се подигне од архива на училиштето секој работен ден од 08-14 часот.

2.Минимални услови кои треба да ги исполнат понудувачите се: :

– да е регистриран согласно позитивните прописи во Република Македонија за вршење на соодветна туристичка дејност.

– да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности во последните 3 години.

– да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за

безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички

барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.

3.Понудата треба да ги содржи следниве документи:

-документи како доказ за исполнување на минимални услови

-програма за реализирање на екскурзијата

-пополнет образец на понуда

-изјава за сериозност на понуда

4.Понудувачот кој ќе биде избран за најповолен, на денот на потпишување на договорот со училиштето треба да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 15% од вкупната проценета вредност на договорот.

5.Огласот трае пет работни дена сметано од денот на објавување.

6.Понудите да се достават во архива на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово или на адреса ул.Перо Чичо бр. 31А 1300 Куманово со назнака  „За Комисија за прибирање на понуди за екскурзија“

 

 

                                                                          СОУ Гимназија „Гоце Делчев“

                                                                                             Куманово

 

Градоначалникот Димитриевски подели новогодишни пакетчиња

По повод претстојните новогодишни празници, денеска Градоначалникот Максим Димитриевски традиционално ги дoдели новогодишните пакетчиња на децата од „Порака Наша“, Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост и во Здружението на глуви и наглуви лица. Градоначалникот беше придружуван од Дедо Мраз, кој дополнително ги развесели децата и им го разубави денот.

Секоја година локалната самоуправа обезбедува пригодни новогодишни пакетчиња и за децата без родители и децата кои се лекуваат на детското одделение во Општа Болница Куманово. Во вторник, 25 декември, на градскиот плоштад со почеток во 12 часот ќе се одржи манифестација со Дедо Мраз за најмалите.

Градоначалникот Максим Димитриевски доби плакета од здружението „Кумановски Акцијаши„

По повод светскиот ден на Волонтерите Петти декември, денеска Здужението „Кумановски Акцијаши„ на градоначалникот Максим Димитриевски му врачи плакета за активен подржувач на доброволна волонтерска работа за 2018 година. Во состав на делегацијата беа ветераните на „Кумановски Акцијаши„ и посетители на обуката за млади аниматори во рамки на проектот „Еко работилници„  која ја организра самото здружение. Инаку, Општина Куманово и Здружението на Кумановски Акцијаши имаат потпишано меморандум за соработка, врз основа на кои оваа година се спроведоа голем број на еколошки акции.

Куманово град на спорт за 2019 година

 

Градоначалникот Максим Димитриевски заедно со сите спортисти и спортски клубови во Куманово, денеска на атлетската патека на СОУ „Наце Буѓони„одржа прес конференција, откако се врати со признание од Брисел за Куманово – Европски град на спорт за 2019.

 

Реновирано основното училиште „Јероним Де Рада“

Градоначалникот Максим Димитриевски, евроамбасадорот Самуел Жбогар и минстерот за  финансии Драган Тевдовски заедно со директорот на Светска Банка во Македонија Марко Мантованели, денеска го посетија основното училиште Јероним Де Рада во с.Черкези. Во училиштето со средства на Европската унија и Светска Банка во износ од 43 783 евра беа сменети подовите, плафоните и внатрешната столарија, со што беше реализиран уште еден проект за подобрување на условите за учениците. Претходно во училиштето се промени системот за затоплување со централно греење и нови радијатори, а во најава е изградбата на нова училишна спортска сала. Градоначалникот истакна дека и понатаму ќе продолжи поддршката во развојот на руралните средини и подобрувањето на работните услови во училиштата.

Министерот Тевдовски се заблагодари на Европската Унија и Светската Банка за поддршката на проектите со кои се овозможуваат подобри услови во образованието, како и за проектите за подобрување на општинските услуги.

Евроамбасадорот Жбогар истакна дека иако се работи за мали средства, ефектот кој е постигнат е огромен и има придонес во позитивна промена на средината и подобрување на условите за децата. По завршување на настананот во просториите на Општина Куманово се одржа средба помеѓу градоначалникот Димитриевски, и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и  министерот Тевдовски, евроамбасадорот Жбогар и директорот на Светска Банка во Македонија Марко Мантованели.

Отпочнување со имплементација на програмата ,,Вештини за адолесценција“

Во организација на Министерството за образование и наука и Канцеларијата на Обединетите нации за борба против криминалот и дрогата, во соработка со Општина Куманово – Сектор за образование, денеска беше одржана првата работна средба за отпочнување со имплементација на програмата „Вештини за адолесценција“.

Програмата има за цел да го подигне нивото на знаења за превенцијата од насилство, меѓуврснички конфликти, злоупотреба на алкохол, дроги  и психотропни супстанци, како и да ја развие социјално-емоционалната интелигенција на адолесцентите со вклучување на наставници, професори, училишни стручни тимови и родители.

 

 

Награда од Брисел за Куманово – Град на спортот за 2019 година.

Градоначалникот Максим Димитриевски вчера, во Европскиот парламент во Брисел, ја прими наградата  за Куманово – Град на спортот за 2019 година.

Наградата му беше врачена од страна на претседателот на Европската Асоцијација на градови на спорт ASEC – Џиан Франческо Лупатели, во присуство на останатите 30 градово добитници од Европа.  Градоначалникот Димитриевски отпатува на свеченоста во Брисел придружуван од олимпијците Аце Русевски и Реџеп Реџеповски и претставник на КК Куманово Александар Крстевски.

Куманово е прв град во Република Македонија кој го има добиено оваа престижно признание кое се темели на досегашните спортски достигнувања, развојот на спортот на сите полиња, категории и возрасти, изградбата на спортски капацитети и спортската култура, кои беа оценувани низ тримесечни анализи на асоцијацијата.

 

Цивил и општина Куманово потпишаа меморандум за соработка

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски потпиша меморандум  за соработка и партнерство со Центар за слобода, организација за човекови права, мир и контрола на оружје – ЦИВИЛ. На настанот ЦИВИЛ го презентираше проектот „Заедниците против насилниот екстремизам „, чија цел е да се придонесе кон јакнење на отпорноста на локалните заедници, против насилниот екстремизам, преку формирање на работни групи во заедниците,граѓанска едукација и јакнење на јавната свест. На оваа тема обраќање имаше и градоначалникот Максим Димитреиевски кои истакна дека оваа тема треба да се актуелизира, бидејќи таа потекнува од нас и  решението треба да го бараме преку комуникација и почитување на законот кој го спроведуваат надлежните институции, посебно  во општина Куманово која важи за мултиетничка средина.

Пуштена во употреба нова кујна во Дом за стари лица

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска го посети Домот за страи лица „Зафир Сајто„, каде беше пуштена во употреба новата кујна за корисниците на домот. Оваа институција е една од трите во државата од ваков вид и претставува дом за сто и седумдесет луѓе. Според директор, Стојановски оваа е само почеток на проектите за реконструкција на овој дом.