Општина Куманово подготвена за зимско одржување на улиците

Денеска градоначалникот Максим Димитриевски изврши увид на механизација на фирма која ќе врши зимско одржување на улиците во градот. Според него општината е подготвена за справување со снегот во текот на зимата. За таа цел, за една сезона општината одвои осум милиони деветсто и четириесет илјади денари и дополнителни пет милиони денари за ЈП „Чистота и Зеленило„ за одржување на јавни прометни површини.

 

Амбасадорот на Јапонија Кеико Ханеда во посета на Општина Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска во просториите на Општина Куманово се сретна со Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Кеико Ханеда. По состанокот, Градоначалникот и Амбасадорот се упатија во заедничка посета на реонските паралелки на ООУ „Браќа Миладиновсци“ во „Соколана“ каде што со проект за донација од Јапонија во вредност од 54000 евра беше направена смена на вратите и прозорците, беа сменети подовите и се инсталираше парно греење.После подолго време оваа училиште огревот на дрва го замени со парно греење. Амбасадорот Ханеда изјави дека Јапонија досега им помогна на 63 училишта во Македонија и дека поддршката ќе продолжи понатаму.По завршувањето на настанот, Амбасадорот Ханеда заедно со Градоначалникот ја посетија фабриката Термалифт, која соработува со јапонски фирми.

 

 

 

„Интернетот не е само игра. Кликај безбеднo”

Во ООУ „Крсте Мисирков„ денеска Градоначалникот Максим Димитриевски и министерот за Образование и наука Арбер Адеми, присуствуваа на  едукативната програма за деца „Интернетот не  е само игра, кликај безбедно„,  организирана од  телекомуникацискиот оператор ВИП. Вториот циклус на оваа програма, која оваа година е предвидено да опфати дваесет училишта од различни градови, започнува токму од Куманово, односно од учениците од четврто одделение од ООУ„Крсте Мисирков„. Според извршниот директор на компанијата Мислав Галер, целтта на проектот е да се подготват децата уште од најмала возраст како подобро и попаметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот при нивно континуирано учење, надградба и забава, со особен акцент на нивната безбедност при неговото користење. Партнери на проектот се Министертсво за образование и наука, Биро за развој на образование и менаџментот и наставничкиот кадар на училиштето каде се реализираат предавањата.

 

 

Теренска симулациона вежба

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски заедно со Министерот за здравство Венко Филипче, присуствуваа на теренска симулациона вежба – поплави со повредени, давеници и повредени бремени жени. Вежбата беше организирана од острана на Министерство за здравство, Светската здравствена организација и Фонд за население на Обединети нации, а се одвиваше на речното корито на реката Липковка. Целтта на вежбата е да се тестираат посебните Стандардни оперативни процедури од Планот за подготвеност и одговор на здравствениот систем при справување со итни, кризни состојби и катастрофи. Исто така, оваа вежба придонесува за зајакнување на капацитетите на тимовите за укажување итна медицинска служба во Куманово, да одговорат на потребите за време на поплави преку евалуација на повеќе функции од планот за подготвеност и одговор при кризни состојби. Оваа евалуација го вклучува координирањето на активностите на повеќе тимови, тестирање на итни медицински служби и капацитетот на одговор при итни состојби на оперативнте тимови во Куманово. Учесници на Симулационата вежба беа: Итна медицинска помош при Здравствен дом – Куманово, Општа Болница – Куманово, Црвен Крст на РМ, Црвен Крст на ОО Куманово и ТППЕ Куманово, Општина Куманово, СВР Куманово, РЦУК – Куманово, ДЗС ПОЗС – Куманово, НВО ХЕРА.

Куманово прогласен за град на Спортот за 2019 година

Денеска од страна на комисијата за евалуација ACES Europe,градот Куманово беше прогласен за град на Спортот за 2019 година. Претходно  комисијата оствари средба со Градоначалникот Максим Димитриевски, а потоа со претставници од општината посетиа неколку спортски настани и објекти, како и центар за лица со инетлектуална попреченот. Од страна на општината беше изработена брошура и видео презентација за спортските активности, спортската инфраструктура и за спортските легенди во градот. Куманово е прв град во Република Македонија кој го има добиено оваа престижно признание, кое лично ќе му биде врачено на Градоначалникот Димитриевски во Брисел на почетокот на декември. Истотото како што истакна Градоначалникот по одржана презентација, е привилигиа но и одговорност за развојот на спортот и спортската култура во градот.

 

 

Трибина за заштита на амбиенталниот воздух

Денеска Советот на Општина Куманово организираше трибина за заштита на амбиеналниот воздух на територија на  Општина Куманово. На трибината присуствуваа советниците, Претставник на управа за хидрометеоролошки работи Борис Секирарски, Проф.д-р Давчев претставник на Факултет за земјоделски науки и храна при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј „ Скопје,претставници надлежните одделенија во општината,, претставници на МВР, претставник од од Регионален центар за управување со кризи, претставник на територијалната противпожарна единица, директорите на јавните претпријатија,пртставник од центар за јавно здравје претставници на невладиниот сектор и еколошки здруженија. Се разговараше за моменталната состојба на загаденоста на воздухот, мерките кои досега ги има превземено општина Куманово, а се разви и дебата за предлози и мерки кои би треба да се превземат на подолг рок. Вонредни мерки кои се превземаат од страна на општината се : воведување на двосменска работа на инспекциските служби во Општина Куманово,субвенционирање на нови приклучоци за гасификација,аеросолизација,зачестено машинско миење и чистење на улици и тротоари,Зголемен инспекциски надзор на А и Б-ИСКЗ инсталации и градилишта, зголемени инспекциски контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла,рационално загревање на институции во надлежност на локалната самоуправа,трибини, едукативни спотови и дополнителна настава за екологија во предучилишно и училишно образование.

 

Патронен празник на СОУ „Перо Наков„

По повод патрониот празник на СОУ „ Перо Наков„ во дворот на училиштето цвеќе положија делегација од Општина Куманово и Советот на општината. Потоа се одржа свечено одбележување на празникот, а во среда по повод празникот професорите и учениците организираа  изложба и модна ревија во Занатски дом.

Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово за 2019

Врз основа на Програмата за локален економски развој на Општина Куманово за 2018 година, бр.09-1365/9 од 27.02.2018 година, службен гласник на Општина Куманово бр. 5/18,Општина Куманово објавува:

                   КОНКУРС

                 ЗА ИЗБОР НА СУВЕНИР НА ОПШТИНА КУМАНОВО

За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.

Kритериумите за учество се следни:

  1. Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово;
  2. Сувенирот мора да биде прилагоден за изработка во поголеми количини и наменет за туристичка промоција на градот;
  3. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот. За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други;
  4. Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот, техничките услови за изработка и материјалот од кој е изработен треба да бидат текстуално образложени;
  5. Краен рок за доставување на трудовите е 10 Декември (петок) 2018 до 15:00 часот;
  6. Наградата за “Сувенир на Општина Куманово” е една и изнесува 30.000,00 денари без ДДВ;
  7. Добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на Општина Куманово;
  8. Изработениот сувенир заедно со текстуално образложение на идејната концепција, опис на материјалот од кој е изработен сувенирот и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари без ДДВ, треба да се достави во затворен плик (кутија) на адреса: Општина Куманово, 11 Октомври бб, со назнака “Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово” и со назнака во горниот лев агол- “НЕ ОТВАРАЈ”. Во посебен плик приложен со трудот со назнака “АВТОР”, се доставува пријава со податоците за авторот. Пријавата треба да содржи: податоци за авторот-име и презиме и адреса, телефон, е-маил и потпис со кој потврдува дека трудот е негово авторско дело;
  9. За избор на “Сувенир на Општина Куманово”, од страна на градоначалникот на Општина Куманово е формирана Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 30 дена од завршувањето на постапката.
  10. Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи од конкурсот, односно се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат предмет на разгледување.
  11. Комисијата го задржува правото да не ја додели наградата на ниту еден труд, доколку заклучи дека трудовите не ги задоволуваат критериумите.
  12. Доколку на конкурсот не се пријави ниту еден кандидат, конкурсот се смета за поништен и постапката за избор на сувенир на општина Куманово ќе се повтори.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон 070/613-000 или 070/541-535 , секој работен ден од 08:00 –  16:00 часот или во просториите на Општина Куманово на ул. „Братство и Единство„ бр.20 (зграда на поранешен Козјак) прв кат, канцеларија бр. 10 (Одделение за стратешко планирање и локален економски развој) .

 

                                                                      Општина Куманово

                                        Комисија за избор на сувенир на Општина Куманово

 

Општина Куманово доставува решенија за присилна наплата за данок на имот на правни лица

Секторот за даноци и такси од Општина Куманово врши достава  на Решенија  присилна  наплата за данок на имот на правни лица и Решенија за присилна наплата на фирмарина т.е комунална такса за деловна просторија за даночните обврзници кои не си ги подмириле своите обврски за 2017 година. Им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата потребно е неодложно да ги подмират своите обврски.Сите даночни обврзници имаа пристап до својата финансиска картичка на веб страната на Општина Куманово, а ако имаат платен, но нерегистриран долг даночните обврзници да се јават лично во просториите на Општина Куманово во Сектор за днаоци и такси (спроти Градскиот стадион) секој ден од 08:00 до 16:00 часот. Исто така вршиме достава на опомени за не платен данок на имот на физички лица.

 

70 години постоење на ООУ „Крсте Мисирков“

По повод јубилејот – 70 години постоење на ООУ „Крсте Мисирков“, денеска пред бистата на Крсте Мисирков свежо цвеќе положи Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и претставници на општинската администрација.