Локалниот економско-социјален совет и Градоначалникот Максим
Димитриевски денеска одржаа работна средба со претставници од
стопанството во Куманово. На средбата присуствуваа претставници
на бизнис секторот од градот, двата синдикати (Сојуз на синдикати на
РСМ и Конфедерација на слободни синдикати на РСМ) и од
Агенцијата за вработување. На средбата се дискутираше за
состојбата, во која се наоѓаат бизнис компаниите во овој период, како
и за активности и мерки што се предвидуваат во периодот што
следува. Градоначалникот упати благодарност до сите компании, кои
преку своите донации, допринесоа за полесно справување на
општината со корона вирусот.
ЈАВЕН ПОВИК за прибирање понуди за склучување нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка преку инсталирање ПОС терминал во Општина Куманово
ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање понуди за склучување нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка преку инсталирање ПОС терминал во Општина Куманово
Со цел подобрување на услугите кон граѓаните, Општина Куманово има потреба од инсталирање на безжични ПОС терминали со кои ќе се овозможи наплата на административна такса во нејзините простории.
Општина Куманово, со адреса на ул. „11-ти Октомври“ бб, телефон за контакт 031/475-800, електронска адреса javni-nabavki@kumanovo.gov.mk, има потреба од набавка на ПОС терминал за потребите на Општина Куманово за таа цела ги поканува сите заинтересирани деловни банки да поднесат понуда во согласност со правилата и барања од Јавникот повик кој е објавен во прилог заедно со Образецот за поднеусвање на понуда.
Условите и потребната документација се наведени во Јавниот повик во (word) документ.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за најдоцна до 14.05.2020 во 12:00 часот (по локално време) преку писарница на Општина Куманово.
- ЈАВЕН ПОВИК за прибирање понуди за склучување нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка преку инсталирање ПОС терминалво Општина Куманово (Превземете тука)
- МОДЕЛ НА ДОГОВОР Нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка преку инсталирање ПОС терминал во Општина Куманово (Превземете тука)
Однапред благодариме на соработката,
Со почит,
Општина Куманово
Започна постапката за адаптација на кров и столарија во ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“
Општина Куманово распиша тендерската постапка за адаптација на кров и столарија во ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово.
На следниот ЛИНК можете да го најдете огласот за јавна набавка.
ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и први состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 04.05.2020 година (понеделник)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
ОШЗС Куманово врз основа на Решение за безбедносни мерки во однос на
болеста предизвикана од вирусот COVID -19 кај луѓето, донесено врз основа
на член 20 став 1 алинеја 5 од Законот за безбедност на храната („Сл. Весник
на РМ“ Бр.157/10,
53/11,1/12,164/13,187/13,43/14,72/15,84/15,129/15,231/15,39/16,64/180) мерките
на Владата на РСМ и препопраките на МЗ, и диреткорот на Агенција за храна
и ветеринарство, препорачува на ЈП „Пазаришта“ – Куманово, да го прилагоди
работењето на добиточниот пазар согласно мерките на Владата на РСМ и МЗ.
ОШЗС Куманово врз основа на барање на ЈП „Пазаришта“ –Куманово,
препорачува на Општина Куманово да започне со работа реонскиот и Зелен
пазар како за продажба на храна, земјоделски производи така и за продажба
на цвеќе и останати производи на второ и трето ниво од понеделник до петок
од 08:00-16:00 часот. При што задолжително да се применуваат веќе
утврдените мерки за заштита од вирусот.
ОШЗС Куманово препорачува на Општина Кумановода го стави во функција
зонско паркирање организирано од страна на ЈП „Куманово паркинг“ –
Куманово со цел да се уреди паркирањето и намали сообраќајниот метеж во
градот.
Одбележани 117 години од смртта на Гоце Делчев и 40 години од смртта на Јосип Броз Тито
СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово денеска одбележа 117 години
од смртта на македонскиот визионер, организатор и предводник на
македонското национално ослободително движење, Гоце Делчев.
Делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот
Димитриевски, Советот на општината, Здруженија на граѓани,
политички партии, положија свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев.
Градоначалникот со делегацијата и членови на Здружението на
армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и
други здруженија и граѓани, положија свежо цвеќе пред спомен
плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, во
знак на почит и одбележување на 40 години од неговата смрт.’
ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан четириесети состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 01.05.2020 година (петок)
Денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- Информација до граѓаните на Општина Куманово дека ОШЗС Куманово продолжува со својата работа, со цел справување со COVID 19.
- ОШЗС Куманово ги известува граѓаните дека дезинфекција на стамбените објекти ќе продолжи во понеделник .
– Останатите активности на силите за делување на штабот и останатите институции продолжуваат со штабските редовни активности согласно зададената динамика.
ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и деветти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 28.04.2020 година (вторник)
Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- ОШЗС Куманово бара од Владата на РСМ да ја разгледа и измени Уредбата за носење на заштитна опрема со која е предвидена казна во висина од 20 евра на физичките лица за неносење на заштитна маска на отворено и истата да ја замени со опомена и содветна казна со општествено корисна работа.
- ОШЗС Куманово донесе одлука да се дозволи организирање и одржување на музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК “Трајко Прокопиев“ за време на траење на полицискиот час, за кои заинтересираните културни институции, здруженија и групи ќе доставуваат предходно барање до ОШЗС и ќе ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШСЗ Куманово.
– Останатите активности на силите за делување на штабот и останатите институции продолжуваат со штабските редовни активности согласно зададената динамика.
ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и осми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 27.04.2020 година (понеделник)
По пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на ден 27.04.2020 година (понеделник),во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- Штабот е загрижен поради новонастанатата состојба со вонредниот инспекциски надзор на ДЗСИ во однос на командантот и придружениот член на штабот за наводно прекршување на процедури и бара записникот и извештајот од постапка да му биде доставен на увид.
Ваквата констатација фрла сомнеж врз сето она што до сега е преземено и сработено од страна на ОШЗС во борбата со епидемијата од Covid-19 во Куманово. Бараме од надлежните државни органи во најкус можен рок да го расчистат случајот. ОШЗС во континуитет од самиот почеток на епидемијата укажува на голем број на недостатоци на акти и дефинирани процедури кои треба да ги донесе владата, министерството за здравство и комисијата за заразни болести со кои прецизно се регулираат процедурите во услови на епидемија како и заклучоци со кои се укажува за фактичката состојба и реалните потреби во здравствените организации во Општина Куманово.
- Општинскиот штаб, силно ја поддржува работата и ангажманот на здравствените работници (лекари и медицински персонал во Општа болница, Здравствениот дом, матични лекари, ЦЈЗ, епидемиолозите и др.) во Куманово и ја истакнуваме досегашната соработка како и нашата голема благодарност за сето тоа. Цениме дека тоа се луѓето на првата линија на фронтот, против вирусот Covid -19, како и нивната 24-часовна посветеност, ризикувајќи ги своите животи во интерес и спас на животите на своите сограѓани. Од тие причини упатуваме јасна порака до Министерството за здравство во наредниот период, целосно да се посвети на подобрување на сите слабости во поставениот систем, кој очигледно не функционира беспрекорно.
ОШЗС ќе продолжи со сите средства и целата логистика заеднички да ја продолжи битката, со злото кое го зафати светот, нашата држава и нашиот град. За нас, наш врвен приоритет, отсекогаш беше и остана спасување на човечки животи и грижа за граѓаните
на Општина Куманово за нивно сеопшто добро.
- Се бара од ЈП „Водовод“ секојдневно да дава информација за превземените активности на водоводна и канализициона мрежа и истите да ги објсвува и на веб сајтот на Општина Куманово.
- Се препорачува на Општина Куманово на сите јавни претпријатија да додели одредени количини на заштитни маски.
- ОШЗС Куманово целосно се оградува од сите политички, правни и физички лица кои самостојно без запознавање и одобрение на ОШЗС делат пакети и друга помош и бара од нив да ги почитуваат одлуките на штабот и тоа да го организираат во координација со ОШЗС.
- Апел до граѓаните на Општина Куманово да ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШЗС Куманово.
Општина Куманово
Градоначалник,
____________________
Максим Димитриевски
ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан триесет и седми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 24.04.2020 година (петок)
Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- ОШЗС ќе го зголеми бројот на придружните членови на штабот со претставници од Советот на Општина Куманово во координација со Претседателот на Советот и координаторите на советничките групи за подобро координирање на активностите, редовно следење на состојбите и активностите во врска со епидемијата во Куманово.
- ОШЗС уште еднаш укажува на невладините организации, здруженија и политички субјекти и поединци да се почитуваат препораките и одлуките на ОШЗС, во однос на делење на хуманитарна помош, тоа исклучиво да биде во соработка со ОШЗС, за да се избегне непотребно групирање на граѓани, неконтролирано делење и евентуални прекршувања на препораките и мерките на Владата.
- Барање до Општина Куманово за изготвување на информативен материјал во вид на флаери, плакати и билборди, за следење и почитување на мерките за заштита од вирусот COVID-19, и нивна достава до граѓаните, за нивна подобра едукација во справување и заштита од ширење на корона вирусот (COVID-19).
Општина Куманово
Градоначалник,
Максим Димитриевски
ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан триесет и шести состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 22.04.2020 година (среда)
Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- ОШЗС по добивање на Известувањето за спроведување на дијагностичко тестирање за КОВИД – 19 согласно АЛГОРИТМОТ за тестирање упатува барање до Комисијата за заразни болести за преиспитување на исправноста на одлуката за воспоставување на ваков алгоритам. Бараме истиот да претрпи измени, затоа што стриктното почитување на вака поставениот алгоритам претставува длабока ирестриктивна форма на тестирање со што со ваков мал број на тестирања може да се добие несоодветна епидемиолошка проценка на состојбата а со тоа и немање никаква можност за евентуално тестирање на асимптоматски случаи кои може да бидат извор на ширење на заразата .
- Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење.
- Се задолжуваат институциите на локално ниво да ги стават на располагање своите возила за потребите на ОШЗС Куманово, а се препорачува на институциите на централно ниво доколку имаат возила кои не им се неопходни во работењето, да ги отстапат на ОШЗС Куманово.
- Општина Куманово набави дополнителна количина на заштитни маски кои од утре ќе се делат бесплатно на граѓаните од страна на редарските тимови на штабот.
- Граѓаните за социјални пакети можат да се информираат на телефонските броеви: 075323569, 075207126 и 077719494 како и на телефонскиот број на ОШЗС Куманово 078365061.
- Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен и во затворен простор.
- Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за задолжително држење на физичка и социјална дистанца во меѓусебна комуникација и контакти.
- Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за излегување и движењена само еден член од семејствотово делот на набавка на прехрамбени и други производи, лекарства и потреби во делот на регулирање на севкупните дневни и периодични потреби на семејството.
Општина Куманово
Градоначалник,
____________________
Максим Димитриевски