Здружението на граѓани “Стартерпроект” во соработка со Општина Куманово и фондација за Култура и спорт, во престрет на 2019 година кога се одбележуваат 500 години од постоење на Куманово, направи видео запис со најмалите од градинката „Ангел Шајче„
Веб страната на Општина Куманово со висок процент на достапност за лица со попреченост
На вчерашната реализирана тркалезната маса на тема: ,,Пристап до јавни информации за лицата со попреченост во општините во источен регион на Република Македонија’’ организирана од страна на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА и општина Штип, Општина Куманово заедно со општина Крива Паланка беше посочена како позитивен пример во регионот по достапност на веб страната за лица со пречки. Општина Куманово има 87% достапен сајт за лица со попреченост и активно работи на зголемување на овој процент.
На настанот беа презентирани наодите од Извештајот за пристапност на лица со попреченост на интернет страни на општините во Источниот регион на Македонија. Препораките во извештајот се насочени кон веб пристапноста и се однесуваат на начини на отстранување на бариери кои ја спречуваат интеракцијата со или пристапот до веб-страниците од страна на лицата со попреченост.
Прес конференција на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија
Куманово дел од ,,Градови на мир” во Волгоград
Во Волгоград се одржа 29 то Генрло собрание на градовите носители на порака на мирот, членовите на 11члениот извршен одбор на асоцијацијата на покана на претседателот на Волгоградската Дума г-дин Косолапов Андреј Владимирович зедоа учество на меѓународната конференција Дијалог на Волга каде што се говореше на тема мир и партнерски односи на градовите носители на пораката на мирот, вмрежување и збратимување на градовите ширум светот со цел за взаемна меѓународна соработка на поле на културата, спортот, економијата и др. Во рамки на посетата градоначалникот Димитриевски со останатите делегации се поклонија на вечниот огин на споменикот на загинатите војници и цивили во Стаљинградската битка од втората светска војна. Следното триесето собрание на асоцијацијата ќе се одржи во 2019та година во Сараево БиХ
JАВЕН ПОВИК за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општина Куманово
Главната цел на проектот ReLOaD, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), е јакнење на партиципативната демократија и процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а преку оспособување на граѓанските организации активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Проектот ReLOaD работи со пет партнерски општини: Куманово, Ресен, Гостивар, Кавадарци и Струмица, на усвојување на транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, со кој ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.
Општина Куманово објави јавен повик во рамките на ReLOaD проектот за предлог проекти од граѓанските организации. Повикот беше објавен на 24ти октомври 2018 и ќе трае до 5ти Декември 2018, при што евалуацијата на пристигнатите предлог проекти е планирана да се одржи после 10ти декември 2018 година. Евалуацијата се очекува да трае не повеќе од 2-3 дена и ќе зависи од бројот на добиени предлог проекти.
За да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог проектите од граѓанските организации за доделување на грант во рамките на ReLOaD проектот, општина Куманово во соработка со УНДП објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проектите поднесени од граѓанските организации во рамките јавниот повик кој е објавен во општина Куманово.
Претставникот на граѓанските организации во Комисијата за евалуација ќе ги има следниве должности и обврски:
- ќе биде набљудувач во Комисијата за евалуација без право на глас;
- ќе потпише изјава за доверливост и непристрасност и нема да споделува никакви информации околу процесот на евалуација;
- ќе биде присутен за целото времетраење на евалуацијата од почеток до крај;
- во случај на неможност да присуствува, на местото на претставникот на граѓанските организации ќе дојде заменик, при што заменикот ќе ја преземе улогата на набљудувач – претставник на граѓанските организации;
- ќе го потпише извештајот на Комисијата за евалуација, кој ќе ги резимира наодите од евалуацијата на предлог проектите.
Кандидатот за набљудувач во Комисијата за евалуација мора да биде член и/или постојано вработено лице во граѓанска организација што е законски основана согласно со Законот за асоцијации и фондации. Пожелно е кандидатот да има:
- претходно искуство и вештини за спроведување на евалуација на предлог проекти од граѓански организации. Искуство со грантови доделени од ЕУ ќе се смета за предност;
- искуство во подготвување и/или имплементација на проекти финансирани од јавни средства;
Кандидатите мора да ги достават следниве документи по електронски пат на coki.ristovski@kumanovo.gov.mk:
- писмо за искажување интерес со куса биографија – со кое ќе се искаже интерес за учество во Комисијата за евалуација како набљудувач (писмото не треба да е подолго од една страница)
- Изјава на овластеното лице на граѓанската организација, со која се овластува кандидатот да ја претставува таа граѓанска организација во Комисијата за евалуација.
Претставникот на граѓанските организации ќе работи на доброволна основа / без финансиски надомест. Проектот ќе ги надомести основните трошоци, како што се патните трошоци и лесен оброк.
Граѓанската организација во која избраниот кандидат е член и/или постојано вработен НЕ МОЖЕ да аплицира (ниту како носител ниту како партнер на носителот) на јавниот повик за поднесување на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општинa Куманово.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 20 ноември 2018 до 17:00 часот.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме обратете се кај Цоки Ристовски (coki.ristovski@kumanovo.gov.mk).
Прес конференција по повод Ден на Град Куманово
,,Еј,ене ја онаа”
Денес во НУЦК „Трајко Прокопиев“ се одигра претставата “Еј ене ја онаа” за подигнување на свеста кај младите и намалување на дискриминацијата. Во претставата настапуваа ученици од средните училишта во Куманово, а истата беше организирана од страна на Општинскиот центар за социјани услуги – Општина Куманово, со поддршка од Регионалниот проект за социјални права на ранливи групи (СоРи) имплементиран од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), а во соработка со Канцеларијата на заменик-Народен Правобранител на Република Македонија-Куманово
Претстава за подигнување на свеста кај младите во изведба на ученици од Куманово
На 31 октомври, среда, со почеток во 13:00 часот, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе биде изведена претстава за подигнување на свеста кај младите и намалување на дискриминацијата – „Еј, еве ја онаа“. Во претставата настапуваат ученици од средните училишта во Куманово, а текстот и режијата се на Кети Дончевска Илиќ.
Активноста е организирана од страна на Општинскиот центар за социјани услуги – Општина Куманово, со поддршка од Регионалниот проект за социјални права на ранливи групи (СоРи) имплементиран од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), а во соработка со Канцеларијата на заменик-Народен Правобранител на Република Македонија-Куманово.
Влезот за претставата е бесплатен.
Поткозјачки литературни средби
Во петок во Занатски дом во Куманово се одржаа поткозјачките литературни средби. По две децение, под покровителство на Општина Куманово, а во организација на Јустиција и Центар за културолошки студии, се обнови оваа манифестацијата. Во минатото на овие литературни средби учествувале поети од балканот и Европа. Со оваа манифетсација започнуваат активностите за одбележување на 11 Ноември-Ослободувањето на Куманово, а чест да ја отвори имаше Претседателот на Совет Атина Мургашанска. Пред многубројната публика се претставија реномирани поетски и книжевни имиња од Макеоднија.
Проект: „Различноста е во мода-промоција на мултикултурализмот на локално ниво„
Денеска во Скопје се одржа конференција за промоција на целите, резултатите и активностите на проектот „Различноста е во мода – промоција на мултикултурализамот на локално ниво„. Свое обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски, Алберт Муслиу- Прв извршен Директор на АДИ , Александар Кирацовски, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Фрејк Јанмат, Советник , Раководител на Сектор за економски прашања, прекугранична соработка, при делегација на ЕУ во Скопје и други градоначалници. Општина Куманово е една од деветте општини која учествува во овој проект кој е насиочен кон унапредување на меѓуетничките односи и мулти културната демократија. Главни проектни резултати се проценка на сосотојба со интеграција на етничките заедници и меѓуетнички односи на локлано ниво, подготовка и усвоени стратегии за мултикултурен дијалог и рамка за мултикултурно планирање и спроведени локални акции за јакнење на меѓукултурното разбирање.