ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА НАЦИОНАЛНО КОФИНАНСИРАЊЕ

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски со министерот за локална самоуправа г-дин Сухел Фазлиу потпиша договорот за кофинансирање на прекограничниот проект на Општина Куманово и Гњилане за одржливи пазари и доградба и јакнење на нивните капацитети. На настанот присуствуваа сите грантисти од програмата, претставници од институции, здружениија на граѓани како , г – дин Freek Janmaat – Претставник на ДЕУ –Скопје. Пред присутните се презентираа проектите за кои е аплицирано.

Есен во Куманово

Здружението на граѓани “Стартер проект” во соработка со Општина Куманово и фондација за Култура и спорт, во престрет на 2019 година кога се одбележуваат 500 години од постоење на Куманово, организира културно – уметничка програма која ќе ги слави четирите годишни времиња – Есен,Зима,Пролет и Лето во Куманово. Идеата е преку разни настани од забавен и едукативен карактер да му подариме внимание и љубов на нашиот град и да им одадеме почит на генерациите Кумановчани кои допринесоа Куманово да биде онаа што е денес.

Есен во Куманово

На 29-ти август пограмата ја отворија групите ЕоS и Warden Clyffe со настап под покрoвителство на Н.У. Центар за култура “Трајко Прокопиев” од Куманово.

Потоа на 9 септември здружението на граѓани “Стартер проект” во соработка со Фондацијата за култура и спорт “Куманово” и здружението на граѓани “Youthquake” ја започнa иницијативата за млади наречена “Креативен појадок”. Во рамките на овој проект ќе се работи со средношколци матуранти, припадници на сите етнички заедници од нашата општина. Идејата на ваквите креативни утра е да се создаде можност да бидат сослушани нивните видувања на општеството во кое живееме и можност тоа да го канализираат преку разговор и креативно изразување со тим на стручни лица од областа на театарската уметност, психолгија, историја на уметност, социологија и социјална работа. Темите кои ќе бидат третирани на овие дружења ќе резултираат со перформанс/претстава која ќе има премиера во јуни 2019.

Преку соработка со  регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша” од Куманово интегрален дел од групата ќе бидат и нивните штитеници.

На 15-ти септември во 11:00 часот Детската ликовна колонија при Фондацијата за култура и спорт ” Куманово” и здружението на граѓани “Стартер проект” ве покануваат на спортскиот аеродромот Аџитепе во Куманово. Младите уметници ги трансформираат своите дела во летечки змееви и ве покануваат да ја одврзете својата имагинација и со другарчињата и најблиските да создадете змеј како што некогаш го правеле тоа вашите родители. Настанот е најава за наредната детската ликовна колонија која ќе се случи во јуни 2019. Тогаш ќе бидат поканети детските ликовни колонии од цела Македонија.

На 21-ви септември во 21:00 часот под покровителство на Центарот за култура, групата “Кhara” ќе го промовира својот нов албум “Heaven can’t wait” .

На 22-ри септември,кога и официјално започнува  есента, на иницијатива на  стручниот тим на  градинката “Ангел Шајче” и здружението на граѓани “Стартер проект” ќе се организира настан во Пелинце  каде што низ игра најмалите ќе го поминат првиот ден од есента во природата славејќи го Дрвото на животот – корењата како претците, стеблото како општеството во кое живееме, гранките – нашите најблиски и ливчињата како новите генерации.

На 27-ри септември во 20:00 часот на програмата ја имаме најновата претстава на театарот од Куманово “Физика на тагата” според роман на Георги Господинов, а во режија на Милош Андоновски.

На 29-ти септември ќе се одржат три настани за младите. Во 11:00 часот во организација на Н.У. Центарот за култура од Куманово ќе се одржи детска работилница “Рециклирај, пресоздади”. Низ креативна игра ученици од одделенска настава ќе бараат начин од  материјалот за рециклирање  да создадат нов  предмет. Паралелно на оваа програма, во 12:30 во театарот  ќе се одигра детската претстава “Јованче и Марика” во режија на Бојана Краљевска. Во 19:00  во фоајето на Центарот за Култура е перформансот на денс тимот “Fusion” од Куманово.

Донација од Чешка Амбасада за ООУ „Вера Которка„ село Клечовце

Денеска Амбасадорот на Република Чешка, Господинот Мирослав Томан, заедно со Градоначалникот Максим  Димитриевски го посетија училиштето „Вера Которка„ во село Клечовце. Целтта на посетата е донацијата на амбасадата  за нова фасада на училишната згрда, за поставување на  петнаесет нови прозорци и изградба на четири тоалети за училиштето.

 

Одбележан празникот Осми Септември

Денеска на споменикот Жена Борец на градскиот плоштад со свечена програма беше одбележан  празникот 8-ми Септември-Ден на независност на Република Македонија.Делегации од борци,претставници од  општината, Советот,АРМ, МВР, институции, училишта, невладини организации и политички партии положија цвеќе пред споменикот.Пред присутните се обрати Претседателот на Совет на општина Куманово Атина Мургашанска.

 

 

Одржана показна вежба на градскиот плоштад

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово,   денеска на градскиот плоштад се одржа показна вежба која имаше за цел да ја претстави заедничката улогата на институциите во општествениот систем. СВР Куманово, ТППЕ Пожарна, екипи од Општа болница и претставници на Црвен Крст, пред граѓаните ја претставија опремата и проектите преку кои се обезбедува помош, заштита и поквалитетни услуги за граѓаните. Пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска.

Реконструкција на градскиот плоштад

Се реконструира  градскиот плоштад. Интензивно се работи на менување на  оштетените плочи, се заменуваат  ступчињата  и се врши реконструкција на скалите. Паралелно, по потреба ќе се реконструираат двата плоштада , како и фонтаните во градот. Во истата  тендерска постапка  е опфатено и замена на урбана опрема и санација на постоечки сливни решетки.