Училишен прибор за деца од социаjлно загрозени семејства

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска,по повод почетокот на учебната година подели пакети со училишен прибор на деца од три социјално загрозени семејста од општина Куманово.

 

Прв училишен ден

По повод почетокот на новата учебната година Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше на прием на првачињата во ООУ „Крсте Мисирков„ и ООУ „Бајрам Шабани„. Градоначалникот им посака среќен почеток и успех во учењето, а на родителите им посака да бидат позитивен пример за нивните деца. Оваа година во прво одделение тргнаа 1160 првачиња, а во прва година средно образование вкупно 1270 ученика.

 

ООУ ,,Христијан Карпош”- Куманово ги претстави проектите од програмата ЕРАЗМУС +

Денеска во просториите на Општина Куманово претставници од ООУ ,,Христијан Карпош” ги претставија проектите од програмата ЕРАЗМУС+.

ООУ „Христијан Карпош“ е едно од рангираните училишта со одобрени грантови за 3 Еразмус + проекти, „Integrating STEM with CLIL” , „European Information Network: Active Learning Effective Teaching at School” и „Give 5: A Healthy Living Toolbox – the whole school program”. Целта на проектите е да се создадат нови, подобрени методи за зголемување на мотивацијата кај учениците , како и зголемување на нивниот интерес за активно учество во самиот воспитно образовен процес.

Работен состанок на Градоначалникот Максим Димитриевски со стејчајните работници

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со стечајните работници од нашиот град. Разговараа за актуелните измени на Законот за материјално обезбедување на оваа категорија на граѓани, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Компјутерска и електронска опрема за ,,Порака Наша”

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски во својот кабинет оствари средба со претставници на OSCE. Заедно го посетија центарот за лица со интелектуална попреченост ,,Порака Наша” каде донираа компјутерска и електронска опрема.  

Одбележани 74 години од формирањето на Третата македонска ударна бригада

Денеска во с. Жегљане се одбележа 74 годишнината од формирањето на Третата македонска ударна бригада. Од местото каде што беше формирана бригадата се обрати Радован Илиќ од Сојузот на борци и   Зора Јовановска.  На настанот присуствуваа и положија свежо цвеќе делегации на Сојузот на борци, Градоначалникот Максим Димитриевски и претставници на Советот на Општина Куманово, претставници на АРМ, учесници во НОБ и граѓани.

Засадени нови садници на Спомен Костурница

Во рамки на проектот „Зелено Куманово“ се одржа акција за чистење и засадување на нови садници на Спомен Костурница. Во акцијата учество зедоа ЈП „Чистота и зеленило“, Градоначалникот Максим Димитриевски, Здруженијата „Кумановски акцијаши“ и „Скаут“. Проектот „Зелено Куманово“ се спроведува во соработка на локалната самоуправа со здружението „Кумановски акцијаши“. На оваа територија предвидено е во иднина да бидат засадени нови 3000 садници од страна на ЈП „Чистота и зеленило“.

Јавна дебата за регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан

Денеска се одржа јавна дебата за Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), на која учествуваа претставници од Општина Куманово, УНДП, невладините организации и граѓани. Програмата е финансирана од Европската унија, а се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со институциите одговорни за развој на граѓанското општество во замјите од Западен Балкан.

Програмата има за цел јакнење на партиципативните демократии и процеси за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската унија преку јакнење на граѓанското општество за негово акивно учество во процесот на донесување одлуки. Со транспарентното финансирање на проектите на граѓанските организации ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.

Потпишан меморандум за соработка

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска потпиша меморандум за соработка со Сојуз – Национален Совет за родова рамноправност и организацијата за „Отворена врата„ од Косово. Со оваа Општина Куманово дава поддршка за имплементација на проектот „Вмрежување за успех„. Целтта на проектот е потикнување на родова рамнотежа и ниво на младинско општество преку вклучување на жените и младите во претставување на култните, традиционалните и национални вредности на Косово и Македонија. Истиот е финансиран од ЕУ во рамките на ИПА  компонентата II „Прекугранична програма за соработка„за Македонија и Косово.