Утре, (15.02.2018) четврок, Градоначалникот Максим Диммитриевски ќе остварува средби со граѓани, во периодот од 10 – 14 часот во просториите на Општина Куманово (главна зграда).

Утре, (15.02.2018) четврок, Градоначалникот Максим Диммитриевски ќе остварува средби со граѓани, во периодот од 10 – 14 часот во просториите на Општина Куманово (главна зграда).
Градоначалникот Максим Димитриевски имаше свое обраќање на манифестацијата организирана по повод Кинеска Нова Година. На прославата присуствуваше и Кинискиот амбасадор, претставници на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка (ДМКПС) и голем број на граѓани.
Денеска по повод завршување на проектот за реконструкција и проширување на канализациона мрежа во Куманово се одржа видео презентација за изведената работа. На завршниот настан свое обраќање имаше Градоначалникот Максим Димитриевски, Амбасадорот на Европска Унија во Р.Македонија, Самуел Жбогар и Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.
Вчера во просториите на Општина Куманово се одржа конститутивна седница на Меѓуопштискиот одбор за урпавување со отпад на Североисточниот плански регион. Одборот го сочинуваат градоначалниците на шестте општини од овој регионот. На седницата, Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски беше избран за претседавач за следните две години.
Во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП Луиза Винтон и претставникот на Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини. Програмата, финансирана од Европската унија и кофинансирана од УНДП и од општините, овозможува поддршка на проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на живот за жителите во општините. Посебно внимание ќе се посвети на проекти за општествена вклученост, родова еднаквост,ранливи групи, човекови права и заштита на животната средина. Вкупниот износ кој е обезбеден за програмата за пет општини (Куманово, Гостивар, Ресен,Кавадарци и Струмица) е 845.000 евра или по 120.000 евра за секоја општина.
Според меморандумот секоја од општините треба да се залага за транспрентно доделување средства на организациите на граѓанското општество и да воспостави ситем на јавни повици, каде јасно ќе бидат дефинирани критериумите врз кои ќе се избираат граѓанските организации.
Продолжуваат активностите за проширување на мрежата на атмосферска канализација на Ул.4ти Јули, како и на фекална канализација во Долно Којнаре.
Денеска беше одбележана 74 годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош. По тој повод, пред бистата во неговата Спомен куќа, свежо цвеќе положија Здружението на борците од НОБ, Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, претставници на советот, АРМ, Музеј – Куманово, здруженија и граѓани.
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска во својот кабинет оставри средба со новиот амбасадор на Република Чешка во Република Македонија, господинот Мирослав Томан. На средбата разговараа за заедничките проекти како и за продлабочубвање на понатамошната соработка помеѓу двете страни.По средбата заедно го посетија спортскиот комплекс „Сокалана„