Градоначалникот и министерот Сугаревски доделија решенија за легализација

Градоначалникот и министерот Сугаревски доделија решенија за легализација

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски во просториите на Оптина Куманово ги поделија решенијата за легализација на триесетина граѓани од општината.

 

Меморандум за соработка

Меморандум за соработка

Денеска Општина Куманово потпиша меморандум за  соработка со здружение за доброволна волонтерска работа ,,Кумановски Акцијаши”. Со меморандумот двете страни се обврзаа да ги остварат своите определби од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина  на територија на Општина Куманово.

Средба на Градоначалникот Димитриевски со учесници во проектот ЕРАЗМУС +

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со претставници од осум држави кои учествуваат во проектот ЕРАЗМУС +. Оваа година ООУ „Толи Зордумис„ е домаќин на средба од проектот Our Story – True Story од програмата Еразмус + КА 219 размена на добра пракса подржана од европската комисија и македонската национална агенција. Проектот е во времетраење од три години и го реализираат девет институции од земји учеснички во проектот и тоа: Македонија,Полска,Португалија,Чешка,Турција,Италија,Латвија,Романија и Германија.

Аеросолна метода за намалување на загаденост на воздухот во градот

Аеросолна метода за намалување на загаденост на воздухот во градот

Од утре 06.02.2018 до 16.02.2018 година  во период од 20:00 часот до 01:00 часот (во зависност од времеснките услови), Општина Куманово во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна и Факултет за информатички и комуникациски технологии, ќе спроведе мерка за намалување на загаденост на воздух на територија на општината  со примена за аеросолна метода. Мерката е дел од акцискиот план за намалување на загаденост на воздухот на Општина Куманово.

Атонизер со кои ќе се спроведува методата ќе се наоѓа на тракторска приколка влечена од трактор кои ќе биде придружувано од возило од мвр, при прскањето на улиците. Со оваа метода ќе се врши зафаќање на ПМ10 честички кои ќе се таложат на улиците. Паралелно од стручните лица ќе се врши мерење на концентрација на ПМ10 честички пред и по прскањето. Преку споредбена анализа ќе се дојде до резултати кои ќе бидат презентирани пред пошироката јавност. Доколу се дојде до позитивни резултати од оваа метода,истата ќе биде примененувана во иднина.

Делегација од Општина Куманово положи цвеќе на бистата на Гоце Делчев

Делегација од Општина Куманово положи цвеќе на бистата на Гоце Делчев

Општинска делегација предводена од Градоначалникот Максим Димитриевски денеска положи свежо цвеќе на бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев, по повод 146 години од неговото раѓање.

Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на Нови Сад

По повод 270 години од ослободување на Градот Нови Сад (Србија), делегација од општина Куманово, составена од Градоначалникот Максим Димитриевски, Претседателот на Совет на Општина Куманово, Атина Мургашанска  и раководителот на Сектор за Евроинтеграции во општина Куманово Горан Митевски, присуствуваа на свечениот прием кај Градоначалникот на Нови Сад – Милош Вучевиќ.

Градоначалникот Максим Димитриевски изрази благодарност за поканата и пријатниот пречек,  а во име на граѓаните на Куманово им го честита празникот на жителите на Нови Сад.

Во рамките на посетата беше организирана и средба помеѓу Градоначалникот на Марибор Др.Андреј Фиштравец, Градоналникот Димитриевски и Градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ. На средбата се разговарало за реализација на идни заеднички проекти.

Димитриевски: Кумановчани нема да плаќаат поскапа вода

Димитриевски: Кумановчани нема да плаќаат поскапа вода

По одлуката на Регулаторната комисија  да се зголеми цената на суровата вода за четири денари по кубик, градоначалникот Максим Димитриевски изјави :

„Кумановчани нема да плаќаат поскапа вода, цените на рекулаторната комисија се нереални,неиздржани и несоодветни.
Водостопанство ни должи премногу, време е да ни го врати нашетo”.

Со новите цени граѓаните би требало да плаќаат по 47,35 денари за кубик вода за домаќинствата, односно 55,54 денари за претпријатијата.

Исто така и од Јавното претпријатие „Водовод“ се незадоволно од ваквата одлука и најавуваат тужба пред Уставниот суд против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

 

Делегација од Советот на Општина Куманово на свечена академија во Врање

Делегација од Советот на Општина Куманово на свечена академија во Врање

По повод  Ден на град на општина Врање(Србија) и 140 години од ослободување од Турското ропство, претставници од Советот на Општина Куманово, присуствуваа на свечена академија која беше организирана по тој повод.