Традиционално пливање по крст на Затворениот градски базен

Традиционално пливање по крст на Затворениот градски базен

По повод големиот христијански празник Богојавление –Водици, на ден 19.01.2018 година (петок) со почеток во 11:45 часот, се организира пливање по крст  на Затворениот градски базен. Манифестацијата е во организација на пливачките клубови “Аква“, “Немо“, “Делфин“ и “Тумба“, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и кумановско-осоговската епархија.  Сите заинтересирани граѓани можaт да се пријават најдоцна до 18.01.2018 година  на пријавницата на градскиот базен.

 

74 години од битката во Пелинце

74 години од битката во Пелинце

Денеска со пригодна програма беа одбележани 74 години од битката во Пелинце. Цвеќе на споменикот на паднатите борци положија Секретарот на Општина Куманово и претставници на општинската администрација.

Акција за засадување на садници низ градот

Општина Куманово во соработка со ЈП „Чистота и Зеленило„ денеска спроведе акција за засадување на садници низ градот. Оваа е една од мерките, кои општината ги превзема против загадување на воздухот. Со акцијата  засадени се  нови садници во центарот на градот, на булевар „Октомвриска револуција„, локалитет Водовод и улица „Б.Б.Гуцман„. Градоначалникот Максим Димитриевски апелира до сите граѓани да ги сочуваат овие зелени површини за поубаво и почисто Куманово.

Продолжуваат средбите на Градоначалникот со граѓаните

Продолжуваат средбите на Градоначалникот со граѓаните

Утре, 04.01.2018 (четврток), Градоначалникот Максим Диммитриевски ќе остварува средби со граѓани, во периодот од 10 – 14 часот во просториите на Општина Куманово (главна зграда).