Потпишан договор за соработка помеѓу Општина Гњилане и Општина Куманово

Денеска во Општина Куманово беше потпишан договор за соработка преку проектот: Оддржлив пазар на свежи земјоделси производи во прекуграничниот регион во општините Гњилане и Куманово. Целта на проектот е максимизирање на продажбата и профитот за локалните свежи земјоделски производи во општините Гњилане и Куманово преку осовременување на зелените пазари по пат на остварување на специфични цели. Конкретно во Општина Куманово предвидено е реконструкција на кровната конструкција на зелениот пазар со еколошки и енергетски ефикасно решение и реконструкција на тоалетите. Во рамки на проектот предвидени се активности од типот на организирање на обуки за земјоделците за подобар пласман и зголемена продажба,организиање на мобилни пазари за продажба на свежи земјоделски производи како и организирање на прекугранични недели за заеднички настап на пазарите на земјоделците од двете општини.

 

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=Jo__Inl4sOo&feature=youtu.be&wh]

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=hx08goMfSrc&feature=youtu.be&wh]

 

Поделени новогодишни пакетчиња на детското одделение во кумановската болница

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски, заедно со Дедо Мраз ги посети дечињата сместени на детското одделение во Општа Болница Куманово. На околу четириесетина деца им беа подарени новогодишни пакетчиња.

Пожарникарите во 2018 година со нова униформа

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски најави нова основна опрема за вработените во територијалната противпожарна единица Куманово.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=gENQmWsm5nI&feature=youtu.be.com&wh]

Прогласени Најдобар полицаец и Најдобар пожарникар за 2017 година

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска ги врачи наградите за најдобар полицаец и најдобар пожарникар за 2017 година. Најдобар полицаец годинава е Звонко Деспотовски, а за најдобар пожарникар прогласен е Стефан Крстевски.

 

 

 

 

 

Одбележување на Св.Спиридон во Занатски Дом

Општина Куманово и Здружението на чевлари од Куманово организираа манифестација во Занатски Дом, за прослава на Св.Спиридон – заштитникот на чевларите. Градоначалникот Максим Димитриевски ги поздрави присутните и во своето обраќање ја истакна важноста на чевларската индустрија за Куманово.