Саем за вработување и кариера

Саем за вработување и кариера

Во рамките  на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите”,Општина Куманово во соработка со Хабитат Македонија и Дром, организира Саемот за вработување и кариера.

Во фокус на овој Саем ќе биде:

  • развиениот модел за стручно усовршување во градежниот сектор;
  • националните политики кои се имплементираат за вклучување на невработените лица на пазарот на трудот во Куманово.

 

Саемот за вработување и кариера ќе биде организиран во два дела, за време на првиот дел ќе се организира панел дискусија со претставници од Агенцијата за вработување, Ромскиот информативен центар и Општината Куманово додека вториот дел ќе биде интерактивен со преставување на локални фирми и компании и катче за кариерен развој за сите заинтересирани посетители.

Саемот за вработување и кариера ќе овозможи отворена дебата преку која различните чинители кои имаат влијание во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво да ги потенцираат пречките и можностите за вклучување на пазарот на трудот на невработените лица. Дополнително, ќе им се овозможи на приватните фирми да дојдат во контакт со кандидати обучени за профили од нивен интерес, а кандидатите да се престават пред локалните работодавачи.

Саемот ќе се одржи на 13.12.2017 година (среда)  од 12:00 до 14:30 часот во во Центар за Културата „Трајко Прокопиев“, во Куманово.

Фирмите кои се заинтересирани да бидат дел од овој саем, своето учество треба да го пријавата на  на e-mail: info@kumanovo.gov.mk , најдоцна до 10.12.2017 година.

 

Како дел од овој Саем ќе им биде обезбеден посебен простор (штанд) каде ќе може да се претстават пред посетителите.

Фирмите кои ќе учествуваат  ќе имаат директен контакт со кандидати обучени за профили од соодветен интерес од Куманово и околината, промоција, видливост и маркетинг и можност  да се вмрежат и поврзат со локални јавни институции и приватни компании.

 

 

 

 

 

Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово

Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово

Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Куманово за 2017 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 10/17) Општина Kуманово објавува:

 

КОНКУРС

ЗА ИЗБОР НА СУВЕНИР НА ОПШТИНА КУМАНОВО

За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.

Kритериумите за учество се следни:

 

  1. Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово;
  2. Сувенирот мора да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот;
  3. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот. За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други.
  4. Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот и техничките услови за изработка треба да бидат текстуално образложени
  5. Краен рок за доставување на трудовите е 22 Декември (петок) 2017 до 15:00h;
  6. Наградата за “Сувенир на oпштина Куманово” е една и изнесува 30.000,00 денари без ДДВ;
  7. Добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово;
  8. Изработениот сувенир заедно со текстуално образложение на идејната концепција и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари без ДДВ, треба да се достави во затворен плик (кутија) на адреса: Општина Куманово, 11 Октомври бб, со назнака “Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово” со назнака во горниот лев агол- “НЕ ОТВАРАЈ”. Во посебен плик приложен со трудот со назнака “АВТОР”, се доставува пријава со податоците за авторот. Пријавата треба да ги содржи следните елементи: податоци за авторот-име и презиме и адреса, телефон, е-маил и потпис со кој потврдува дека трудот е негово авторско дело;
  9. За избор на “Сувенир на општина Куманово”, општина Куманово формираше Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 30 дена од завршувањето на постапката.
  10. Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи од конкурсот, односно се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат предмет на разгледување.
  11. Комисијата го задржува правото да не ја додели наградата на ниту еден труд, доколку заклучи дека трудовите не ги задоволуваат критериумите.
  12. Доколку на конкурсот не се пријави ниту еден кандидат, конкурсот се смета за поништен и постапката за избор на сувенир на општина Куманово ќе се повтори.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон 031-414-375 (лок. 119 или лок.120) , секој работен ден од 08:00 –  16:00 часот или во просториите на Општина Куманово на ул. Братство и Единство бр.20 (зграда на поранешен Козјак) прв кат, канцеларија 9 и 10 (Одделение за стратешко планирање и ЛЕР) .

 

Општина Куманово

Комисија за избор на сувенир на општина Куманово

Одржана работилница за развивање на локални акциски планови

Во организација на невладината Сирма и Македонско женско лоби, денеска се одржа работилница за развивање на локални акциски планови кои ги донесува Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Куманово.

Градоначалникот Димитриевски ги посети фирмите за зимско одржување на градот

Денеска Градоначалникот со претставници од локалната самоуправа ги посети фирмите задолжени за зимско одржување на градот. При посетата беше констатирано дека во двете фирми се направени последните подготовки за успешно справување со зимските временски услови. Набавени се потребните колични на сол и ризла, а подготвена е и соодветната механизација.

Официјалниот web-сајт на Општината ќе биде достапен за лицата со попреченост

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива„, Куманово, денеска организира јавна дебата со цел поттикнување на конкретни промени за подобрување на состојбата за пристапност до јавни информации за лица со попреченост.Свое обраќање на дебатата имаше Градоначалникот Максим Димитриевски, кои изрази поддршака на ваквиот проект. Исто така беа презентирани и наодите од истражувањето за пристапност на постоечките веб-страници на општините во северо-источен регион, како и  препораките за нивно подобрување за да бидат достапни за ovie лица.

На дебата учествуваа претставници од општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, јавните институции и установи од општините, граѓански организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост, како и лица со различни видови на попреченост. Дебата е дел од активностите во рамките на проектот „Достапни јавни информации за лица со попреченост„ финансиран од Европската Унија.

Доделен телевизор за учениците од ООУ “Христијан Карпош“

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска, на учениците од ООУ “Христијан Карпош“ во населбата Иго Тричковиќ им ја донираше наградата – телевизор од фирмата “Елколект„. Наградата за која не се пријави добитникот од наградната игра “Да рециклираме и да се наградуваме“, од страна на организаторот беше отстапена на институцијата, каде што целна група се децата.