Во рамки на програмата за прослава на денот на градот “11 Ноември“, се одржа ликовна изложба “Карпино“ 2017. На изложбата беа претставени над триесет дела на учесниците од ликовната колонија “Карпино“. На свеченото отворање на изложбата се обрати Градоначалникот Максим Димитриевски.
Одбележан јубилејот 110 години Градска музика
Градската музика “Илинден“ прослави 110 години постоење. По тој повод во Занаетчиски Дом – Куманово, се одржа Свечена академија со богата културно – уметничка програма.
Пред присутните се обрати Градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на друштвото, Ѓорѓи Спасовски.
Здружението за грижи и воспитување на децата ја посети Општина Куманово
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска имаше средба со Здружението за грижи и воспитување на децата. Здружението на новоизбраниот градоначалник ги претстави своите досегашни достигнувања и ги презентираше своите идни планови и очекувања на поле на развој и унапредување на досегашната соработка со општината. Присутни беа и учениците од ОУ „Толи Зордумис“ од с. Режановце и ОУ „Битолски конгрес“ од с. Лопате – учесници и добитници на награди на ликовната колонија „Филигран“ и „Тијара“ кои оваа пригода ја искористија за да ги подарат своите победнички дела на Градоначалникот Димитриевски.
Богата програма за ден на градот
Јапонската амбасадорка во посета на Општина Куманово
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со амбасадорот на Јапонија во Р.М. – Кеико Ханеда. При посетата на Општина Куманово, амбасадорката Ханеда искажа благодарност за поддршката и соработката што ја има со општината, а Градоначалникот ја истакна важноста на плодната соработка, донираните средства и проектите кои се остварени во соработка со Јапонската Амбасада.
Во заедничка посета на ООУ “Вук Краџиќ“, Градоначалникот Димитриевски и амбасадорката Ханеда извршија свечено примопредавање на училиштето, кое доби нови прозорци, врати и кров по завршување на проектот за реконструкција.
Асфалтирање на улици околу стара црква
Францускиот амбасадор Тимоние во посета на Општина Куманово
Градоначалникот Максим Димитиевски денеска беше домаќин на средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. На средбата се разговараше за повеќе аспекти од долгогодишната соработка, за инфраструктурата, развојот како и досегашните и идните проекти со кои ќе се продолжи традицијата на добрите меѓусебни односи.
Подоцна, Градоначалникот и амбасадорот заедно ја посетија гимназијата “Гоце Делчев“ , чии ученици се дел од проектот за соработка меќу училишта од Куманово и Франција.
Отпочнување со реконструкција на улица ,,Тоде Мендол”
Асфалтирана улица ,,100” населба Карпош
Отстранети тезгите на дивите препродавачи
Комуналната инспекција од Општина Куманово, во соработка со МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска на Зелен Пазар, пазарот кај Бул. Октомвриска Револуција и во населбата Гоце Делчев спроведе акција за отстранување на тезгите на дивите препродавачи од јавните површини.
Акцијата ќе продожи и во наредните денови.