ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан деветти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 24.03.2020 година (вторник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
-Бараме од Комисијата за заразни болести при Министерството за
здравство да изврши тестирање на сите здравствени работници и сите
вработени во СВР и ТППЕ Куманово и да продолжи со континуирано
тестирање на граѓаните на територијата на Општина Куманово;
-Бараме од Влада на Република Северна Македонија да донесе итна
Одлука Куманово да се стави во целосен карантин;
-Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе
Одлука за дислокација на осумдесет и еден бегалец од ПТЦ Табановце, кои
повеќе од дваесет дена се наоѓаат во кампот
-Се задолжува ЈП Чистота и зеленило Куманово да продолжи со
континуирана дезинфекција на станбени објекти за колективно домување и на
јавно-прометни површини
-Апелираме до граѓаните да го почитуваат полицискиот час и
препораките од Владата на Република Северна Македонија , да го намалат
своето излегување и напуштањето на домовите да го сведат на минимум.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан осми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 23.03.2020 година (понеделник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
-Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе препорака
(Одлука) за воведување карантин на територијата на Општина Куманово, со
поставување на контролни пунктови од страна на МВР на секој влез и излез
во градот, на кои воедно ќе се врши контрола и соодветна дезинфекција на
сите возила и патници, кои влегуваат во Куманово;
-Бараме од Владата на Република Северна Македонија да обезбеди поголем
број на тестови од вирусот COVID 19 и да отвори повеќе пунктови за
тестирање на лица;
-Зголемување на полициски час во времетраење од 18.00 до 06.00 часот;
-Се задолжува ЈП Чистота и зеленило Куманово да изврши дезинфекција во
сите влезови на станбени згради и ходници;
-Се задолжува ЈП Чистота и зеленило Куманово и се препорачува да бидат
затворени капелите во наредниот период, а погребување да се врши на
самото гробно место;
-Се бара од Општина Куманово да даде на користење четири возила на СВР
Куманово за нивни потреби, по претходно доставено барање од нивна страна.

 

Градоначалникот Димитриевски одржа прес конференција

Денеска Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски одржа прес конференција, на која информираше за  новонастанатата ситуација во нашиот град со нови случаи на заболени од овој вирус, како и превземање понатамошни активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Испрати апел до сите граѓани да се придржуваат до мерките и препораките.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан седми состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Се задолжува ЈП ,,Пазаришта,, Куманово да го затвори второто и третото ниво на градскиот пазар каде што се продаваат непрехрамбени производи и сите слободни човечки ресурси да се стават на располагање на ЈП ,,Чистота и зеленило,, за вршење на дополнителни работни задачи во функција на дезинфекција на јавно прометни површини и простории во градот.
  • Се задолжува ЈП ,,Куманово паркинг,, да престане со наплата на услугата  за паркирање во прва и втора зона на сите паркинг места со кои стопанисува и слободните човечки капацитети да ги стави на располагање на ЈП ,,Чистота и зеленило,, во функција на дезинфекција на јавно прометни површини.
  • Се задолжува ЈП ,,Водовод,, Куманово сите расположиви човечки ресурси кои нема да ја нарушат непреченоста на работата на јавното претпријатие  да се стават во функција на располагање на ЈП ,,Чистота и зеленило,,.
  • Се задолжува ЈП ,,Чистота и зеленило,, да ги дополни и зголеми тимовите кои извршуваат дезинфекција и одржување на јавно прометни површини.
  • Бараме од Владата на Република Северна Македонија да се воведе посебен контролен режим за влез и излез во градот, со контролни пунктови и ставање на градот во кризна состојба како би можело да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и би се спречило несакано ширење на епидемија вон и кон градот. Исто така бараме од Владата да го зголеми траењето на полицискиот час во Општина Куманово и истиот да биде во времетраење од 18.00 до 06. 00 часот.
  • Барам до сите надлежни државни и локални институции кои што учествуваат во работата на Општинскиот штаб за заштита и спасување да доставуваат редовни и навремени информации до штабот за состојбата, опременоста, капацитетот и ресурсите со кои располагаат.
  • Се задолжува Општина Куманово да воведе дежурен телефон 24 часа на кој граѓаните ќе можат да пријават случај на евентуални симптоми кои даваат индиции за постоење на евентуална инфекција на корона вирус и тоа: случај на покачена телесна температура, отежнато дишење, интензивно кашлање и други симптоми објавени во препораките на Министерство за здравство а потоа Општина Куманово ќе координира со здравствените установи.
  • Центарот за јавно здравје – Куманово да доставува редовни информации за состојбата со тестирани лица на COVID 19 од Општина Куманово и извештај на дневна основа на лица кои се ставени во самоизолација.
  • Црвениот крст – Куманово и Општина Куманово понатаму активно да продолжат во асистирање на болни и изнемоштени лица.
  • Сите локални ресурси да бидат ставени на располагање за превенција и спречување на ширење на вирусот.
  • Општина Куманово ќе побара до СВР Куманово да достави листа на лица кои се во домашна изолација, за може да изврши превентивна легална дезинфекција на реоните во градот каде што живеат овие лица.

Општина Куманово

                   Градоначалник,

Максим Димитриевски

 

                                                           

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан шестти состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

-и предлага на Владата на Република Северна Македонија да се воведе полициски час (20.00-05.00 часот) на територија на Општина Куманово, со посебни исклучоци за лица, кои имаат потреба од делување, потврдено со соодветно овластување од надлежни органи.

-Се бара од Владата на Република Северна Македонија 100 монтажни кревети и оградни паравани за преградување на простор, кои ќе се користат за карантински сместувања по потреба.

-ЈП Водовод-Куманово да воведе дополнително обезбедување на фабриката за производство на вода- филтер станица, а СВР Куманово да обезбеди 24-часовно присуство на полициски службеник во самиот објект.

-Се препорачува Општина Куманово согласно Одлука на Советот на општината да обезбеди финансиски средства за набавка на:

  • специјално возило за одржување на јавно-прометни површини и дезинфекција, во вредност од 1.200.000 денари
  • 60 (шеесет) механички пумпи, во вредност од 100.000 денари
  • 30 (триесет) моторни пумпи, во вредност од 300.000 денари
  • 200 (двесте) литри моторно масло за двотактни мотори, во вредност од 100.000 денари
  • средства за дезинфекција (хиперхлорид), во вредност од 300.000 денари
  • средства за дезинфекција на раце, обувки и облека, во вредност од 200.000 денари
  • заштитни маски, во вредност од 300.000 денари
  • заштитни ракавици, во вредност од 300.000 денари
  • опрема и потрошен материјал за дезинфекција и самоизолација и услуги (резервни средства), во вредност од 1.200.000 денари.

-Се задолжува општинската инспекција , ЈП Чистота и зеленило и Секторот за комунални работи да ги обележат сите јавни спортски и детски игралишта и да истите се затворат за употреба до следна Одлука на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување.

-Се бара од граѓаните да ги дислоцираат непрописно паркираните возила на улиците и тротоарите за да може непречено да се врши дезинфекција, во случај на настаната штета на истите, таа ќе биде на терет на сопствениците на возилата.

-Се бара од Главниот штаб на ЦУК и Владата на Република Северна Македонија  да ја зголемат контролата на лицата бегалци на територијата на Општина Куманово и да се контролира  бројот на бегалци, кои се наоѓаат на Табановце, да се води сметка за 72-часовен престој во кампот за бегалци во с.Табановце, за да не се загрози безбедноста на месното население.

-Се бара од СВР Куманово да постапува по одлуките на Владата на Република Северна Македонија за детектирање на сите граѓани, кои се собираат во групи на плоштади, улици, паркови, викендици и други јавни места, со цел да се намали ризикот по однос на ширење на епидемијата.

-Општината да продолжи со дистрибуција на еднократна  помош во храна и средства за хигиена за загрозените семејства заедно со Црвен крст Куманово (100 пакети со Црвен крст и 100 пакети од Општина Куманово).

 

 

Известување од одржан петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 20.03.2020 год.

Денеска се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во
потесен состав, во врска со превземање на активности за превенција од ширење
на болеста COVID-19 (корона вирус). Во согласност на препораките од Влада на
Република Северна Македонија и Министерство за здравство, на состанокот беа
донесени следните препораки и заклучоци:
– Се порепорачува на вршителите на јавен градски превоз да ги редуцираат
своите возни линии, на начин на кој ќе може непречено да функционираат и
да ги извршуваат своите работни обврски во сменско работење, сите
корисници на јавниот градски превоз;
– Се препорачува на сите вршители на јавниот превоз на територија на
Општина Куманово, вклучувајќи ги и такси превозниците, при вршење на
својата дејност да носат заштитна опрема;
– Повторен апел до граѓаните да не се собираат во група од пет лица пред
маркети, на бензински станици, пред продавници за производство на храна
и сл. на цела територија на Општина Куманово и да ги почитуваат
препораките од Влада на Република Северна Македонија и Министерство
за здравство;
– Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од
Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и Влада на
Република Северна Македонија, а повеќе информации во врска со вирусот
можат да се најдат на линкот на официјалната веб страница на
Министерство за здравство на Република Северна Македонија:
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ .
Општинскиот штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и
навремено ќе реагира.

Спроведување на мерки за спречување на корона вирусот

Денеска на неколку локации во градот, по втор пат беа поставени средства за дезинфекција на рацете. Досега извршена е дезинфекција и на двата плоштади,Занаетчиски дом, на улици низ градот,во училишта, урбана опрема, автобуски постројки, детски катчиња, тениски игралишта, катна гаража и други јавни површини, како заштитна мерка против состојбата со корона вирусот во Куманово. Почитувани сограѓани, ДА ОСТАНЕМЕ ДОМА да ги почитуваме препораките на Владата на Република Северна Македонија и на општина Куманово. Нашата дисциплина и разумност се најбитни во овие моменти, ДА ОСТАНЕМЕ ДОМА бидејќи од тоа зависи нашето здравје и здравјето на заедницата.

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четврти состанок на Општински штаб за заштита и спасување

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од одржан четврт состанок на Општински штаб за заштита и спасување\

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
– Во насока на превземање на активности за превенција и спречување
од ширење на корона вирус, Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе
побара од Ј.П”Пазаришта” да се скрати работното време за 2 часа.
– Во насока на превземање на активности за превенција и спречување
од ширење на корона вирус се препорачува на Општина Куманово да работи
со скратено работно време за 2 часа, до 14 часот. А по 14:00 часот
вработените да бидат достапни на своите службени телефони.
– Препорака до верските заедници во градот да се врши задолжителна
дезинфекција на сите верски објекти. Исто така се препорачува верските заедници
во градот да ги почитуваат одлуките и препораките на Владата на Република
Северна Македонија, особено да се редуцира постапката за погребални
церемонии на половина час со определена дистанца меѓу луѓето. По секој обред
капелата да се дезинфицира од страна на ЈП “Чистота и зеленило”.

Известување од одржан трет состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Известување

Од одржан трет состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот присуствуваа претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување, претставници од институции, организации и јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

Општина Куманово преку Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ќе изврши субвенционирање на социјално загрозени семејства на територија на Општина Куманово, (пакети со прехранбени производи, основни средства за лична хигиена…)

Општина Куманово ќе побара од Владата на Република Северна Македонија две возила, кои ќе се користат за дезинфекција и перење на улици, а доколку не бидат обезбедени, оваа набавка ќе ја спроведе Општина Куманово.

Општина Куманово ќе побара од ЈП ,,Пазаришта,, Куманово затворање на пазар за стари работи, а исто така ги информираме граѓаните дека сточниот пазар е веќе затворен.  

Општина Куманово ќе постави средства за дезинфекција на јавно прометни места во градот (двата плоштади, кеј, базен, Соколана, верски објекти и на други јавно прометни места во градот). Јавните претпријатија ќе бидат задолжени оваа мерка сами да ја спроведат, односно да постават средства за дезинфекција на влезовите на претпријатијата.

Тимовите кои вршат асистенција на болни и изнемоштени лица ќе бидат достапни во период од 08.00 до 14.00 часот.

– Се задолжуваат јавните претпријатија да обезбедат набавка на технички инструменти- безконтактни топломери и секојдневна контрола на вработените при отпочнување на работните задачи, како и на странките.  При извршена контрола доколку се утврди дека некој од вработените или странка има покачена температура, да се испрати кај матичен лекар за превземање на понатамошни дејствија.

Потребно е да се направи дезинфекција на општинските згради.

– Јавното претпријатие ,,Чистота и Зеленило,, и ТППЕ Куманово да продолжат со дезинфекција на јавни површини.

Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово да продолжи со постапката за информирање на управителите на станбените објекти за дезинфекција на влезовите, заедничките простории, лифтовите на сите станбени згради.

-Според преставникот на Центар за јавно здравје постапката за дезинфекција на објектите на основните и средните училишта е завршена.

 

 

Општина Куманово

Градоначалник,

—————————–

Максим Димитриевски

Одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Известување

од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 11.03.2020 год.

Поради новонастанатата ситуација и појава на случаи на корона вирус во Република Северна Македонија, а во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), на состанокот на општинскиот штаб за заштита и спасување, кој се одржа денеска во просториите на Општина Куманово и на кој присуствуваа претставниците на општинскиот штаб за заштита и спасување, претставници од институции и јавни претпријатија, беа донесени следните препораки и закучоци:

  • Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Седницата на Влада на Република Северна Македонија, одржана на 10 март 2020 година, како и сите понатамошни донесени препораки.
  • Се дава препорака јавниот градски превоз да се редуцира и да биде идентичен со возниот ред, кој важи за време на зимскиот односно летниот распуст.
  • Во наредниот период за време на отсуство на децата од училиштата и градинките ќе се направат напори да биде извршена дезинфекција на просториите во основни и средни училишта, како и градинките.
  • Да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болеси при МЗ и Влада на Република Северна Македонија, а доколку се појават симптоми телефон за контакт е ЦЈЗ Куманово 070215851, како и на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија: http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.