Денеска во посета на општина Куманово беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Заедно со градоначалникот Максим Димитриевски го посетија новиот објект за целодневен престој на децата со попреченост на ООУ “Браќа Миладиновци”, прв од овој вид во регионот. Потоа во кабинетот на градоначалникот разговараа за соработката помеѓу двете институции и започнување на нови проекти. Во агендата беше и средбата со стечајните работници од градот.